February 16, 2015

1955–2015 : DS ГО ПРОСЛАВУВА СВОЈОТ 60-ТИ РОДЕНДЕН ВО РЕТРОМОБИЛ

Во 2015,годината на лансирањето на марката, DS ќе биде присутна на 40то издание на Ретромобил во Париз (Франција) за да прослави 60 години DS од 1955. Од 4 до 8 февруари 2015, вљубениците во автомобили ќе можат да се запознаат со скапоцениот автомобил DS, кој ќе биде изложен во Паркот на изложбите во Версај, и да се впише во историјата на овој легендарен автомобил. Организирана во соработка со Amicales CITROËN* и клубовите на DS и SM**, на оваа изложба ќе се претстават пет престижни модели како и најновите креации на марката, DS 3 CABRIO во верзија Ultra Prestige.

Благодарение на колекционерите кои овозможија претставување на пет исклучителни модели, широката јавност ќе се запознае со огромното наследство на марката DS која им нуди на клиентите возила кои во себе ги соединуваат дизајнот и технологијата, комфорот и уживањето во возењето. Модните икони кои се очекуваат на пистата се:

  • DS 19 од 1959, во оригинална конфигурација. Сиво-розова комбинација со покрив во боја на модар патлиџан а ентериер во сина кралска боја. Прилагоден за пазарот во Германија, овој автомобил се истакнува со присуството на термометар за вода во моторот или пак радио со FM/LW. Тристепениот мотор со четиристепен менувач напред со хидраулична команда;
  • DS 21 Cabriolet од 1968, со хидрауличен менувач. Неговиот престиж е претставен со седишта во црвена кожа која е е во контраст со белата Караре на каросеријата и црниот капак на моторот;
  • DS 20 Pallas од 1973, луксузен и елегантен модел со ентериер во боја на кожа табак а каросерија во боја на беж Толонет, со дополнително затемнети стакла и подвижен покрив. Опремен е со четиристепен хидрауличен менувач и мотор со работна зафатнина од 1985 cm3 ;
  • SM во верзија Coupé од 1971 кој припаѓал на кралот од Мароко, Хасан Во песок-метализирана боја, со специјални регистарски таблички, ентериер во природна кожа, клима уред, радио hi-fi Continental Edison специјален за овој модел,  дополнително затемнети стакла и магленки. Неговиот мотор е V6 Maserati ;
  • SM во верзија Coupé од 1972 со само еден сопственик. Каросерија во кафена Scarabée нијанса а ентериер во црвена кожа. Хидраулично потпирање со корекција, својствен само за еден DS надополнет со иновативен асистиран управувач (DIRAVI) за дополнително уживање во возењето.

И најпосле, DS 3 CABRIO ULTRA PRESTIGE ќе биде изложен рамо до рамо до овие легендарни автомобили. Ги поседува гените на DS и авангардноста и модернизмот на SM.