March 11, 2016

Нов DS 3 и Ирис Апфел , стилот, како насока

Нов DS 3, ИРИС АПФЕЛ , стилот како насока,

Пирамида во Лувр е штанд на кој ИРИС АПФЕЛ , големата дама на 94 години, светската модна икона, како амбасадор ќе го открие, новиот DS 3 кој ја воспостави својата позиција на шик париски градски автомобил во тренд.Кампања на шаренило која го истакнува новиот DS 3 со неговите милиони персонализации и ИРИС АПФЕЛ , со нејзините XXL очила за сонце и накит во преден план. Истата филозофија ја направи оваа средба истовремено и неверојатна и очигледна: "Стилот како насока".

Од лансирањето на DS 3 во 2010 година, 390.000 клиенти подлегнаа на шармот на овој шик и тренди париски автомобил. Од Париз до Токио, од Лондон до Буенос Аирес …. DS 3 стана бестселер, благодарение на неговата силна личност, уникатен стил, задоволство при возењето и на неговата современа опременост. Во кабриолет верзија или како хечбек импресионира со својот широк спектар на персонализации и нуди, според клиентите, најдобра комбинација на удобност и динамика.
Марката DS работи на продолжување на оваа успешна приказна и на 19 јануари го претстави новиот DS 3 во Париз под пирамида во Лувр. Место полно со историја и современост, полно со елеганција и иновации. Повеќе од симбол, тоа е душата на луксузот на француски начин кој зрачи низ целиот свет. Немаше подобро место за да се открие овој автомобил со неповторлив стил. Стил кој се одликува со неговата двобојна каросерија и линија со дизајн на перка на ајкула, вистински потпис на персоналноста на DS 3.
За да го прослават нејзиното лансирање, марката DS во соработка со Публицис, реализира рекламна кампања за ‘стилот’ (првата причина за купување на премиум градскиот автомобил) и се повика на екстравагантната модна икона: Ирис Апфел.
ИРИС АПФЕЛ позната по својот стил е една од највлијателните жени во светот на модата. Таа го помина својот живот изненадувајќи со нејзината смелост и креативност. Доказ за вонвременоста на нејзината визија, Американката ја надгледуваше од 1950 до 1992 декорацијата на Белата куќа за дури девет претседатели на Соединетите Американски Држави. Таа исто така беше уредник во Women’s Wear Daily. Не е невообичаено да се најде во медиумите или да се види на изложба посветена само на нејзиниот стил на облекување во 2015 година на МОМА во Њујорк.
Денес таа е амбасадор на Новиот DS 3 и е во срцето на меѓународната рекламна кампања, која започнува на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Другите европски земји ќе следат.
“Стилот како насока ” е пораката на оваа шаренолика кампања што ја отсликува приказната на отсонуван состанок помеѓу двајцата протагонисти и споделување на иста визија.
Филмот на кампањата е во режија на Жереми Розан во продукција на Стандард. Музиката “Чудна ноќ” е компонирана од DVNO кој ексклузивно се појавува во спотот ” Стилот како насока” (официјален датум на издавање на iTunes во наредните недели). DVNO, исто така познат како Мехди Пенсон, е француски музичар, мулти-инструменталист, пејач, композитор, продуцент, домаќин и DJ. Тој е најпознат кај фановите на Ед Банжер по неговото појавување во спотот за песната “DVNO” групата Жустис.