1 милион произведени C3
CITROËN C3 - 1 МИЛИОН ПРОИЗВЕДЕНИ АВТОМОБИЛИ ОД 3ТА ГЕНЕРАЦИЈА

- 3та генерација на C3 направи целосна пресвртница со производство на еден милион возила од своето лансирање кон крајот на 2016 година.
- Со над 4,5 милион примероци произведени од 2002 година, C3 ја потврди својата моќ на привлечност и статус како најпродавано возило на марката во целиот свет.
- Овој комерцијален успех се илустрира преку присуството на топ три најпродавани модели во сегментот за 2020 година на големите пазари како Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Португалија, Данска , Словачка и Бугарија.
- C3 се издвојува преку својот исклучително модерен дизајн и ненадминливиот комфор во патничката кабина. Овие карактеристики беа засилени во 2020 година со вметнување на седиштата Advanced Comfort и новиот преден карактерен лик, како и зајакнатиот потенцијал за персонализација. Со 97 можни комбинации за персонализација, секој клиент може да си создаде свој C3, уникатен C3 кој не наликува на ниту еден друг од останатите 999.999.
1 МИЛИОН АВТОМОБИЛИ C3: УСПЕХ НА МОДЕЛОТ СО ЗАСИЛЕНИ КВАЛИТЕТИ ВО 2020
3та генерација на Citroën C3 достигна еден милион произведени возила во фабриката во Трнава, Словачка. Лансиран во ноември 2016, C3 даде нов поттик на марката воведувајќи нов стилски идентитет што може да се види на актуелните модели во гамата и потврдувајќи го ветениот комфор што е вистиска одлика на Citroën. Се работи за понуда полна со елементи за персонализација крунисана со успех, бидејќи C3 е рангиран меѓу најдобрите 7 главни актери на својот пазар во Европа за 2020 година. До толку повеќе што, тој се наоѓа меѓу 3те најпродавани модели во својот сегмент за големите пазари како Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Португалија, Данска, Словачка и Бугарија.
Овој комерцијален успех го потврдува неговиот статус како најпродавано возило на марката. Агилно градско возило и симбол за ,,љубов на прв поглед”, 3та генерација на Citroën C3 поседува многу вредности. За да го задржи овој успех и да се продолжи приказната, Citroën го адаптира возилото во 2020 година, преку надополнување со кое го прави да биде различен и привлечен: уникатен идентитет со воведување на нов преден лик и идентитет за марката, повеќе можности за персонализација, обележје комфор и домаќин на модерна опрема што го олеснува животот на дневна основа.
ПОВЕЌЕ БОЈА: 1 МИЛИОН РАЗЛИЧНИ C3 БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Впечатлив на прв поглед, C3 има уникатен став, различен графички потпис и единствена морфологија во многу стереотипниот пазар. Со модерен и заштитнички изглед, C3 се издвојува од останатите возила во својот сегмент, истапувајќи благодарение на потенцијалот за персонализација.
Со своето лансирање во 2016 година, C3 e првиот модел кој на своите клиенти им нуди сеопфатни и доследни можности кога станува збор за персонализација директно во срцето на пазарот. Таа одлика ќе стане показател за позиционирање на Citroën во споредба со останатите во гамата. Во 2020 година, новиот C3 отиде чекор понапред, со надополнување на опциите за клиенти кои се во потрага по возило кое ќе се совпадне со нивните визии, нудејќи 97 можности за персонализација. Персонализацијата му овозможува на секој клиент да го изрази својот карактер и стил со избор на надворешност, започнувајќи од трендовски, па се до дискретен изглед и можност од улта модерни до класични бои со контрастни бои на покрив или вметоци во боја. Секој клиент може да создаде свој уникатен C3 кој не наликува на ниту еден друг автомобил помеѓу 999,999 останати.
Накратко, C3 претставува најперсонализирано возило во својот сегмент благодарение на:
- 7 бои на каросерија: вклучени и 2 целосно нови бои – Црвена Elixir и Сина Spring – дополнување на постоечките (Црна Perla Nera, Сива Steel, Сива Platinum, Песок Soft, Бела Polar).
- 4 пакети на боја: впечатливи вметоци во боја вклучувајќи и кај Airbump® и рамките на светлата за магла во опција, со Anodised Emerald, сега достапни како дополнување на црна, бела и црвена.
- 4 бои на покрив: вклучувајќи ја и модерната Сина Emerald (како дополнување на Бела Opal, Црна Onyx, Црвена Aden). Боите на покривот соодветствуваат со декорацијата на панелите и со стаклото од задната врата.
- 3 кровни декорации: со графички теми (Црвена, Techwood, Emerald) во форма на налепници на кровот и на декорацијата на панелот до стаклото од задната врата.
Привлечната моќ на Citroën C3 се должи и на неговата богата продажна понуда, која симболизира ,,љубов на прв поглед” со нарачките од неговите 1.000.000 клиенти :
- 41% од нарачките се со повисоко ниво на опременост (ниво Shine и Shine Pack)
- 65% од продажбите се со опција во две бои
- 68% од продажбите се со вклучени странични панели Airbump®