Кон содржината
СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА СОСЕМА НОВИОТ C5 AIRCROSS
СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА СОСЕМА НОВИОТ C5 AIRCROSS 

Новиот C5 Aircross нуди смиреност со повеќе простор, комфор, технологија, а ќе биде достапен и во електрична верзија

 

·         Citroën ја претстави втората генерација C5 Aircross, која користи нова платформа Stellantis STLA Medium за да понуди повеќе слобода и спокојство.

·         Новиот C5 Aircross се истакнува со моќен и асертивен дизајн, обмислен за да понуди цврст, високопозициониран став на патот, аеродинамика што промовира ефикасност и внатрешен простор што поттикнува благосостојба.

·         Познат по својата благосостојба во кабината, го засилува чувството на патување во SUV од комфор клас, со рекордна просторност на задните седишта, дарежлива зафатнина на багажникот кој е идентичен без разлика на моторот, како и кабина „C-Zen Lounge“ дизајнирана како чаура каде технологијата е во центарот на вниманието, со спектакуларниот, ергономски екран на допир Waterfall и проширен Head-Up дисплеј.

·         Популарниот нов C5 Aircross се прилагодува на потребите на клиентите нудејќи им слобода да избираат од низа електрифицирани мотори: хибриден, plug-in хибриден или електричен. Новиот C5 Aircross нуди продолжено спокојство со исклучителен електричен опсег и кај plug-in хибридната верзија (над 100 km во град) и кај електричната верзија (до 680 km во комбиниран циклус WLTP), како и системи за помош при возењето кои го поедноставуваат секојдневието и го прават животот побезбеден.

·         Новиот C5 Aircross ќе се продава на главните европски пазари во втората половина на 2025 година. На нашиот пазар се очекува идната година.

 

Poissy, 29 април 2025 - Со претставувањето на новиот C5 Aircross, Citroën го заврши целосното обновување на својата гама за помалку од две години. Како нов водечки модел на марката, тој ја претставува најдобрата експертиза во гамата составена од модели кои изразуваат еднакви вредности во сопствените карактеристични територии - достапни, разновидни производи кои нудат ерегетски избор, прикажувајќи силен идентитет, препознатлив комфор и нагласена едноставност при користење.

 

Со новиот C5 Aircross, Citroën добива нова димензија на пазарот на C-SUV, клучен сегмент во Европа. Овој спектакуларен нов модел ги исполнува сите ветувања на концептот C5 Aircross претставен есента во 2024 година на Саемот за автомобили во Париз. Ова втора генерација C5 Aircross е чекор понапред во секој поглед, обезбедувајќи интелигентен и сеопфатен одговор на очекувањата на клиентите во овој сегмент.

 

Неговиот дизајн е моќен и мускулест, но сепак вит и полн со аеродинамични трикови. Неговиот комфор поставува нов стандард меѓу C-SUV возилата, со чувство на комфор класа во кабината која нуди огромен простор во вториот ред и дарежлив багажен простор кој останува идентичен без оглед на изборот на енергија. Патничката кабина испорачува впечаток како да патувате во врвно-технолошка чаура, со потпирање со прогресивни хидраулични перничиња, иновативни седишта Advanced Comfort, дизајн на инструмент таблата со голем, едноставен за користење екран на допир Waterfall и друго.

 

Новиот C5 Aircross нуди повеќе смиреност со вклучување на системи за помош при возењето кои го поедноставуваат животот - како што се Citroën Matrix LED или Pack drive Assist 2.0 - и со понуден избор од неколку електрифицирани мотори за да одговари на различните потреби, поставувајќи нови стандарди во однос на слободата на движење: повеќе од 100 km во електричен режим во plug-in хибридната верзија за секојдневни патувања во градот, до 680 km (комбиниран циклус WLTP*) во електричната верзија и повеќе од 950 км во хибридната верзија (комбиниран циклус WLTP*).

 

Поголемиот дел од придобивките што ги постигна новиот C5 Aircross се базираат на платформата Stellantis STLA-Medium, која ја воведува во Citroën. Оваа платформа нуди голема флексибилност и во однос на димензиите - во случајov со подолго меѓуоскино растојание за подобрување на просторот за патници - и на погонските единици, што го прави идеален и за хибридни и за целосно електрични возила. Неговиот интелигентен дизајн значи дека може да смести низа батерии без да изгуби простор во патничкиот дел, заедно со големи тркала со дијаметар од 740 mm и до 20”. Дополнително платформата STLA-Medium им нуди на клиентите мноштво системи за помош при возењето, како и интерфејси за поврзување, информирање и забава од најнова генерација, правејќи го возењето уште позабавно и без стрес.

 

Развиен во Франција и составен во фабриката на Citroën во Рен, новиот C5 Aircross ќе се продава на главните европски пазари во втората половина на 2025 година. На нашиот пазар се очекува идната година.