Кон содржината
СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: ЦЕЛОСНО НОВ CITROËN C3 AIRCROSS
СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: Целосно нов Citroën C3 AIRCROSS

     Сосема нов модел во сегментот на компактните SUV: овој стилски, паметен, функционален и достапен предлог кој ќе им се допадне на семејствата и на сите со активен животен стил.

 

     C3 Aircross е комплетно одново обмислен: нова техничка платформа, робустен и наметлив SUV стил, а како плус и новиот стилски јазик на Citroën.

 

  • Подобрен комфор во внатрешноста: потпирање Citroën Advanced Comfort, архитектура C-Zen Lounge со Head-Up дисплеј кој вклучува најнова генерација системи за информации, забава и поврзување, плус сè друго што очекувате од оваа категорија.
  • Подолга каросерија: со 4,39 m, нуди и комфор при возењето и великодушно пропорционален простор за патници. C3 Aircross веќе е репер за просторот во вториот ред во верзијата со 5 седишта, а сега ќе нуди и до 7 седишта – прв пат во овој сегмент!
  • Возило кое одговара на секоја потреба: целосно новиот C3 Aircross за прв пат ќе нуди практична хибрид 136, заедно со виртуозна целосно електрична верзија (кај верзиите со 5 седишта), а ќе биде достапна и бензинска верзија.
  • Целосно новиот C3 Aircross ќе биде достапен во Франција, а понатаму постепено ќе се отвора можноста за нарачка на различни европски пазари.

 

 

 

Poissy, 19 јуни 2024 година – Со радикална промена во начинот на кој се приближува кон пазарот на компактните SUV, Citroën комплетно одново го обмисли C3 Aircross. Во европската варијанта, овој сосема нов модел ја дели платформата Smart Car со новиот C3, што му овозможува да се позиционира по многу привлечна цена; други заеднички карактеристики го вклучуваат новиот идентитет на марката и истиот формален јазик, и одвнатре и однадвор. Вистинскиот SUV, нуди заштита, робустност, едноставен пристап и чувство на сигурност, а притоа има наметлив, мускулест и модерен стил. Стасот и димензиите на целосно новиот C3 Aircross се променија заедно со неговото ново позиционирање. Со должина од 4,39 метри, верзијата со 5 седишта нуди најдобар внатрешен простор во својот сегмент во вториот ред. Покрај него, Citroën нуди и сосема нова верзија со 7 седишта, за прв во сегментот: дизајниран со истите пропорции, нуди ненадминлива флексибилност при користење, а притоа останува компактен и маневрен.

Просторен и добро опремен, целосно новиот C3 Aircross нуди едноставно и комфорно секојдневно возење, како во град така и на пат. Citroën е секогаш внимателен во однос на очекувањата на клиентите во однос на комфорот, просторноста и практичноста. Така, целосно новиот C3 Aircross се одликува со концептот C-Zen-Lounge® со Head-Up Display и волан со намалена големина, како и нови седишта Citroën Advanced Comfort®, кои се редизајнирани за оптимална поддршка. Комфорот при возењето е подобрен благодарение на усвојувањето на потпирањето Citroën Advanced Comfort® со двојни прогресивни хидраулични перничиња - за првпат се очекуваат кај сите верзии. А за поголема смиреност, C3 Aircross ги нуди сите технологии за помош при возењето што би ги очекувале во овој сегмент, заедно со најновата генерација на системот за информации и забава кој вклучува 10,25” екран на допир.

 

Заедно со бензински мотор, целосно новиот C3 Aircross ќе се електрифицира на два начина: хибриден мотор со 136 КС 48V и целосно електрична верзија. Со опсег за возење повеќе од 300 km (сертификацијата е во тек), електричната верзија го поедноставува секојдневниот живот: може да се наполни од 20% до 80% за само 26 минути и ја користи апликацијата ë-ROUTES – планер на патувања што се прилагодува на промени на патот во реално време. Верзијата со опсег за возење над 400 километри ќе биде достапна во 2025 година.

По обновувањето на C3, Citroën со Светска премиера на целосно новиот C3 Aircross: семеен SUV концепт кој е совршен за активни луѓе кои бараат модуларност и робустност. Ќе се произведува во Европа во фабриката Трнава. Целосно новиот C3 Aircross ќе биде достапен во Франција, а понатаму постепено ќе се отвора можноста за нарчка на различни европски пазари.