Кон содржината
Првите фотографии од целосно новиот C3 Aircross
Првите фотографии од целосно новиот C3 Aircross

18 април 2024

Citroën влегува на B-SUV пазарот со цврстиот, стилски и сестран, целосно новиот C3 Aircross

 

Модерен и кохерентен дизајн. Целосно новиот C3 Aircross ги вклучува елементите на новиот стилски јазик на Citroën, од кои концептот Oli беше манифест, а C3 првата реализација. Така дизајнот го интегрира новиот потпис за идентитетот на марката и наметливиот формален јазик. Високо вертикалниот преден дел гордо го прикажува новото лого на Citroën и го прифаќа карактеристичниот светлосен потпис преку 3 осветлени сегменти. Многу модерен, неговиот стил исто така го истакнува квалитетот и вниманието на деталите со вметнување на модел со шеврони на одредени елементи. Покрај овие графички елементи, Citroën си поигрува со перцепцијата на силуетата и персонализација со скршнување од вертикалното читање на моделот преку понудата на двобоен покрив и оживувуње на C3 Aircross со прецизни акценти боја, детали во боја присутни на ниво на браникот и аголниот панел, кои клиентите може да ги менуваат како што сакаат.

 

SUV кој го зајакнува својот карактер. Целосно новиот C3 Aircross проаѓа низ радикална промена во ставот, преминувајќи од модел кој нагласува заобленост и љубезност кон модел кој, без да биде агресивен, зрачи со поаголен, помускулест и понаметлив стил. Моќен и укажувајќи на робустност, C3 Aircross ја прифаќа својата SUV типологија со висок и хоризонтален капак на моторот, проширени крила, цврсти арки благодарение на заштитата која ги крунисува големи тркала со дијаметар од 690 mm. Секоја стилска линија додава тензија и енергија на моделот кој сега зрачи со голема самодоверба. Силуетата е многу урамнотежена и изразува цврстина.

 

Компактен SUV кој нуди и до 7 седишта. Целосно новиот C3 Aircross ја менува димензијата за да достигне должина 4,39 m, обезбедувајќи поголем простор во внатрешноста. Урамнотежените пропорции на силуетата навестува многу долго меѓуоскино растојание, најголемо во категоријата. Ова овозможува повеќе простор за нозете за патниците одзади. Друг елемент овозможен од големината на C3 Aircross и откриен преку стилот: дизајнот на аголниот панел обезбедува динамичен и вертикален заден дел, осигурувајќи добро сместување за патниците во третиот ред. Ова е голема иновација во сегментот, понуда на можност за удобно сместување до 7 патници во кабината со две седишта што се преклопуваат во багажникот. C3 Aircross е полн со трикови за поедноставување на семејниот живот нудејќи голема флексибилност при користење. Сепак, C3 Aircross останува многу компактен за лесно маневрирање и паркирање без стрес. Рационален, сестран и смирувачки, C3 Aircross е SUV со кој е лесно да се живее.

 

Достапна мулти-енергетска понуда. Овој нов B SUV ја дели платформата Smart Car со C3, претставен од Citroën и дизајниран уште од почетокот за оптимално да се приспособи на електричната понуда. Така, C3 Aircross е совршен во согласност со предизвиците на енергетската транзиција, нудејќи за прв пат покрај традиционалната понуда на мотори со внатрешно согорување и хибридна опција која го поедноставува пристапот до електрификација, чија разновидност е совршено прилагодена за овој тип силуета. И да одиме и подалеку, ќе биде достапен и целосно електричен погон со прифатлива цена произведен во Европа.

 

Смирено искуство во патничката кабина. SUV- силуетата на C3 Aircross ветува зголемено растојание од подлогата, поголема сигурност при возење, олеснување на пристапот во кабината и фаворизирање на висока позиција при возење, овозможувајќи подобра видливост. Овие елементи придонесуваат за чувство на благосостојба во кабината, уште еден потпис на C3 Aircross. Како и C3, новиот C3 Aircross ќе го истакне комфорот и ќе ја има сета опрема и технологии што ги очекуваат клиентите на овој пазар.

 

Повеќе информации за целосно новиот C3 Aircross ќе бидат споделени кон лансирањето пред летото 2024 година.