Кон содржината
CITROËN ELO КОНЦЕПТЕН АВТОМОБИЛ: МАЛОТО Е НОВОТО ГОЛЕМО
CITROËN ELO КОНЦЕПТЕН АВТОМОБИЛ: МАЛОТО Е НОВОТО ГОЛЕМО

·         Citroën го претставува концепт автомобилот ELO, лабораторија на идеи која ги отелотворува вредностите на марката за иновации и креативност и ги соединува идеите за иднината.
 

·         Одговорен, достапен, просторен и функционален, ELO истражува нов пат кој оптимистички и генијално одговара на современите предизвици.
 

·         ELO е мал, но размислува на големо! Мал по димензии, изненадува со просторната внатрешност и модуларност благодарение на оптималната употреба на 100% електрична архитектура. Со компактна должина од 4,10 метри, нуди внатрешност дизајнирана како вистински модуларен простор за живеење, способен да смести и до шест лица.
 

·         Целосно во чекор со времето, ELO е повеќе од само средство за транспорт, тој е дизајниран да го поедностави животот во движење во сите негови аспекти: патување, но и релаксација, слободно време и работа. Оттука и името ELO: REST, PLAY, WORK (ОДМОР, ИГРА , РАБОТА). 

·         Citroën се потпре на експертизата на своите партнери, Goodyear и Decathlon, за да развие практични, технички и отпорни материјали.
 

·         Вистински меур од свежина и енергија, ELO ќе го има своето светско деби на Саемот за автомобили во Брисел на 9 јануари.

 

Poissy, 9 декември 2025 година – Citroën го претставува ELO, концепт автомобил кој отвора ново поглавје за марката. Следејќи го OLI, претставен во 2022 година, ELO е лабораторија од идеи која истражува области кои го инспирираат размислувањето на Citroën за утрешнината. Смел, паметен, креативен и фокусиран на благосостојба, совршено ги отелотворува вредностите на Citroën. Верен на повеќе од еден век иновации во служба на слободата на движење и поедноставен живот, Citroën ја потврдува пионерската улога во ерата на брзо менување на животните стилови. ELO ја отелотворува оваа желба да ги предвиди потребите на светот во движење: тоа е забавно, паметно, достапно, просторно и одговорно превозно средство, кое исто така нуди поширока и редизајнирана визија за мобилност, дизајнирано да им врати корисно време и да ги придружува своите корисници низ различните фази од нивниот живот.

 

Со својата смелост и експертиза, Citroën сега истражува револуционерни решенија за да го редефинира живеењето и да го реинтерпретира духот на моноволуменските возила и возилата за слободни активности кои ја обликувале неговата историја. Со фокусирање на архитектури дизајнирани од самиот почеток за електрични возила, марката ослободува нов простор и ја премислува внатрешноста како вистински простор за живеење кој е практичен, функционален и достапен. Оваа амбиција е илустрирана во ELO, „малото што размислува на големо“, вистинска „малечка куќа“ на тркала полна со паметни карактеристики, чија компактна надворешност е во контраст со изненадувачки дарежлива и ултра-модуларна внатрешност, редефинирајќи го корисното и комфорот во кабината.

Вистински животен простор, ELO е дизајниран да биде секојдневен придружник: место за одмор, игра или работа - ОДМОР , ИГРА , РАБОТА ( REST, PLAY, WORK) - благодарение на комплетната и интуитивна модуларност. Целосно ги искористува предностите на 100% електричната архитектура нудејќи компактна големина што крие исклучителен внатрешен простор. Со компактниот дизајн на миниван (4,10 m), во урбаните средини е како дома, како негова основа, но исто така ве кани да излезете и уживате во малку простор за дишење. Со ултра-просторната и модуларна внатрешност во која може да сместат и до шест лица, ги исполнува барањата на брзиот живот помеѓу секојдневното патување, слободното време, семејните активности, работата од далечина и импровизираните бегства. Со модерниот, колоритен и весел дизајн, како и сите карактеристики што ги нуди, тој е меур од енергија во служба на активниот животен стил.

 

Со ELO, клиентот не се прилагодува на автомобилот, туку автомобилот се прилагодува на потребите на клиентот. Стандардниот модел има четири седишта со централно позиционирано седиште за возачот, кое нуди ново чувство на видливост со 180° ветробранско стакло и модерен, генијален интерфејс, додека патниците назад уживаат во огромен простор. Седиштето за возачот може да се сврти за разговор или работа со наменска потпора. И доколку е потребно, може да се распоредат две дополнителни седишта за да се превезат шест лица. Исто така, може да се трансформира во простор за спиење за две лица, соба за домашно кино, напојување и многу други намени. ELO го револуционизира светот на мобилноста и станува катализатор за споделени моменти со вашиот партнер, семејство и пријатели.

 

Дизајнерите го обмислија секој детаљ од овој концепт и имаа задоволство да ја споделат својата експертиза пронаоѓајќи два партнери кои го делат нивниот копнеж потикнувајќи ги луѓето да се придвижат и развивајќи технички, одржливи и одговорни материјали. Decathlon, чиј дизајнерски тим придонесе со својата експертиза за спорт и активности на отворено, овозможувајќи му на тимот да замисли нови карактеристики и да се осмели да користи иновативни материјали; и Goodyear, кој разви нови паметни пмевматици дизајнирани за употреба на отворено.

 

„ELO е нов чекор во еден исклучителен период за Citroën, обележан со целосно обновување на гамата за две години и доаѓањето во Светското првенство ABB FIA Formula E. ELO е лабораторија на идеи што совршено ги отелотворува вредностите на Citroën и отвора перспективи за она што го поттикнува нашето размислување денес. Ги исполнува сите критериуми за сето она што повеќе од 100 години ги означува гените  на марката и она што сакам да го негувам во наредните години: креативност, смелост, достапност, одговорност, генијалност и посветеност на благосостојба. Целосно е во склад со времето и нуди конкретни, иновативни решенија за промовирање на слободата на движење и подобар живот. Неговиот стил изразува љубезност и joie de vivre (радост на живеењето), а неговата ултра-модуларна внатрешност е дизајнирана како самостоен животен простор. Полн е со паметни карактеристики и едноставни технологии за да го поедностават секојдневието. ELO испраќа силна порака што ја пренесува нашата визија за тоа каков треба да биде Citroën.“ Xavier Chardon

 

„Многу сме горди на ELO бидејќи е совршен израз за тоа каков треба да биде дизајнот: комбинација од стил и функција. ELO е меур од енергија, како во смисла на колоритниот, привлечен карактер и  модерност, така и во смисла на сите можности што ги нуди за уживање интензивен и богат живот. Тимовите на Citroën Design многу се  забавуваа замислувајќи модел дизајниран до најмалите детали за да биде практичен, забавен и паметен. Споделувањето експертиза со дизајнерите во Goodyear и Decathlon беше исто така многу стимулативен дел од развојот на овој концепт, благодарение на креативноста и техничките решенија што беа во можност да ги донесат.“ Pierre Leclercq, директор за стил во Citroën