· Citroën со гордост објавува дека новиот C5 Aircross е избран за еден од седумте финалисти за наградата „Автомобил на годината“ (COTY) за 2026 година.
· Жирито го препозна различниот карактер на новиот C5 Aircross на пазарот на C-SUV возила. Помодерен, поагресивен и покомфорен, тој е навистина просторно, сестрано прибежиште, со можност за мулти-енергетски избор за да одговори на потребите на семејствата.
Poissy – 31 октомври 2025 година - Citroën со задоволство и гордост објавува дека новиот C5 Aircross е избран како еден од седумте финалисти за наградата Автомобил на годината (COTY) за 2026 година, една од најпрестижните автомобилски награди во Европа, од список со 35 кандидати. Ова признание е доказ за работата на тимовите на Citroën и релевантноста на новата генерација C5 Aircross , која им нуди на семејствата поасертивен и помодерен стил, најсоодветен избор на мотор, повеќе простор во возилото и поголемо спокојство. Тој е веродостоен на ветувањето на марката за комфор и иновација.
Создадена во 1963 година, наградата „Автомобил на годината“ ја организира жири од 59 автомобилски новинари од 23 европски земји. Сите модели, без оглед на големината или гамата, се натпреваруваат во истата категорија. Членовите на жирито го избираат моделот што носи најголема разлика во својата пазарна територија. Секој член на жирито ги оценува конкурентските модели според строги критериуми: иновација, дизајн, комфор, безбедност, перформанси, вредност за парите и придонес кон одржлив развој.
Членовите на жирито беа импресионирани од сериозната еволуција на новиот C5 Aircross , кој се усоврши во секој поглед и доби нова димензија на високо конкурентниот пазар на SUV возила од C-сегментот. Неговиот моќен и мускулест дизајн, останува елегантен и флуиден, а вклучува и мноштво карактеристики за нагласување на аеродинамиката. Веродостоен на филозофијата на Citroën, новиот C5 Aircross нуди конфорно искуство при патување, благодарение на неговиот дарежлив внатрешен простор, огромниот простор во вториот ред седишта и капацитетот на багажникот што останува ист без оглед на типот на моторот. Во возилото, возачот и патниците уживаат во вистинска врвно-технолошка „чаура“, со потпирање со прогресивни хидраулична перничиња, седишта Advanced Comfort и модернизирана контролна табла со голем, интуитивен и ергономски каскаден екран на допир. Дополнително, новиот C5 Aircross нуди подобрено спокојство при возењето благодарение на најновата генерација технологии за помош при возењето, како што се Citroën Matrix LED светла и Drive Assist Pack 2.0.
Дизајниран да одговори на сите потреби, новиот C5 Aircross нуди избор од неколку електрифицирани погонски склопови, поставувајќи нови стандарди во слободата на движење:
• Сестрана хибридна верзија која нуди опсег од над 950 km (WLTP комбиниран циклус),
• Plug-in хибридна верзија што нуди над 100 km електричен опсег за возење во градски услови и комбиниран опсег за возење од речиси 1.100 km.
• Достапна електрична верзија што нуди досег и до 520 km,
• И во наредните недели, 100% електрична верзија со опсег за возење од речиси 680 km.
Развиен во Франција и склопен во фабриката Stellantis во Rennes, новиот C5 Aircross целосно го отелотворува индустриското знаење и експертиза на Citroën.