Кон содржината

 

Вашата безбедност е врвен приоритет за Citroën

 

 

 

 

 

Вашата безбедност е врвен приоритет за Citroën

Важна информации за безбедносната сервисна кампања за повлекување воздушни перничиња марка Таката

Некои од воздушните перничиња марка Таката вградени во возилата Citroën се повлекуваат и претставуваат сериозен безбедносен ризик. Надувувачите на воздушните перничиња може да се истрошат (деградираат) при изложеност на висока температура и голема влажност, предизвикувајќи експлозија на воздушните перничиња и сериозни повреди или дури и смрт во најлош случај. Возилата со најголем ризик подлежат на мерка за забрана за возење.

 

Проверете го бројот на шасија на вашиот автомобил (VIN број) за да потврдите дали вашиот автомобил е засегнат и дејствувајте брзо за да закажете бесплатна поправка.

 

Ова повлекување е дел од глобалните безбедносни напори за отстранување на неисправните воздушни перничиња марка Таката од патот. Citroën презема проактивни чекори за да ги заштити возачите и патниците со тоа што ќе се осигура дека секој засегнат автомобил ќе ја добие потребната поправка.

 

Доколку вашиот автомобил има воздушно перниче марка Таката кое треба да се повлече, следете ги упатствата за да закажете замена на воздушното перниче. Сите поправки на повлечените воздушни перничиња се бесплатни.

 

Вашата безбедност и спокојство остануваат наши главни приоритети. Решавањето на овој проблем сега помага да се осигура дека вашето возило продолжува да ве штити вас и вашите најблиски секој пат кога возите.

 
 
Опфатени модели

За да обезбедиме најефикасна услуга за сопствениците, ги повлекуваме погодените возила во фази.

 

Возилата што се соочуваат со најголем ризик подлежат на мерка „Забрана за возење“- „Stop Drive“. Доколку го добиете ова предупредување, ПРЕСТАНЕТЕ ДА ВОЗИТЕ додека не закажете БЕСПЛАТНА поправка со замена кај овластен Citroën сервисен центар.

 

Проверете го бројот на шасија (VIN број) на вашиот автомобил за да видите дали е опфатен со кампањата за повлекување воздушни перничиња марка Таката.

 

 


Што треба да направите следно?
Ние сме посветени на вашата безбедност и соработуваме со овластените застапници и сервисни центри за да обезбедиме безбедна, бесплатна поправка што е можно побрзо. Не е важно дали сте го купиле вашиот Citroën автомобил нов или половен, еве ги чекорите што можете да ги преземете:
ЧПП
1. Зошто воздушните перничиња во мојот автомобил се повлекуваат?
Повлечените воздушни перничиња марка Таката со текот на времето можат да се истрошат (деградираат) и да пукнат при сообраќајна незгода, исфрлајќи остри метални делчиња што може да предизвика сериозни повреди, па дури и смрт во најлош случај.
2. Каде меоже да го најдам бројот на шасија од мојот автомобил (VIN број)?
Бројот на шасија на вашиот автомобил (VIN број) можете да го најдете во сообраќајната дозвола, осигурителна полиса или на следниве места на автомобилот: преден дел од блокот на моторот под капакот на мотор; внатрешна табла од страната на возачот на сива плочка; преден дел од рамката (кај постари автомобили); на внатрешниот дел од вратата од страната на возачот (внатре).
3. Што предизвикало проблем?
Хемикалиите содржани во воздушните перничиња марка Таката може да се разградат со текот на времето, особено на топли и влажни временски услови. Ова може да предизвика експлодирање на воздушните перничиња, дури и при мали судири, што доведува до сериозни повреди или дури и смрт.
4. Што е решението за оваа кампања за повлекување?

Сите поправки на повлечениte воздушни перничиња марка Таката се брзи, бесплатни и едноставни.

 

Овластен сервисер ќе го отстрани повлечениот резервоар за воздушно перниче и ќе го замени со нов. Citroën ги покрива трошоците за делови и работна рака кога ова ќе се направи во овластен сервисен центар или преку една од другите услуги за сервисирање што ги нудиме.

5. Што значи ако добијам известување „Забрана за возење“- „Stop Drive“?
Доколку вашето возило е под мерка „Забрана за возење“, веднаш престанете да возите. Вашето возило е изложено на поголем ризик од пукање на воздушното перниче во случај на судир. Ќе ја организираме поправка што е можно побрзо. Во меѓувреме, проверете дали вашето возило е во употреба и дали секој што има пристап до возилото е известен.
6. Кого можам да контактирам ако имам прашања?
Можете да нѐ контактирате на  02 3093-012/071 235 585 (достапни и на Viber и WhatsApp).
7. Дали треба да бидам сопственик на возилото за да го донесам на бесплатна поправка?
Секој може да донесе возило на поправка без прашање. Не е потребен документ за сопственост, доказ за сопственост или документација.

Застапникот може да побара ваши контакт информации за да ве извести за какви било повлекувања што би можеле да бидат издадени за вашето возило во иднина. Не треба да давате информации што не ви е пријатно да ги споделите, но тоа би му овозможило на застапникот да ве информира за да можете да ја одржите безбедноста на вашето возило.

8. Може ли да одам кај локален механичар за да ми го замени воздушното перниче?
Поправката треба да ја извршите кај овластен застапник, за да добиете бесплатни делови и работна сила. Застапникот нуди неколку различни опции за поправка.
9. Може ли да добијам бесплатна поправка дури и ако моето возило повеќе не е под гаранција?
Да, поправките за возушни перничиња марка Таката се бесплатни без оглед на статусот на гаранцијата. Всушност, ова повлекување ги засега претежно постарите модели на Citroën.