Кон содржината
Кампањата за повлекување на воздушни перничиња марка Таката
КАМПАЊА СО ПОВЛЕКУВАЊЕ - ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА МАРКА ТАКАТА
 

ДАЛИ ВАШЕТО ВОЗИЛО Е ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА  ВОЗДУШНИТЕ ПЕРНИЧИЊА МАРКА ТАКАТА?

 

Во тек е сервисна кампања за безбедносно повлекување на воздушните перничиња на марката Таката и се однесува на голем број марки на возила и производители од секаде во светот. Хемикалиите содржани во внатрешноста на воздушните перничиња марка Таката може да се истрошат ( деградираат) со тек на време, особено ако се изложени на жешки и влажни климатски услови. Ваквата истрошеност, во случај на сообраќајна незгода и активирање на воздушното перниче,  може да доведе до распукување на надувувачите ( инфлаторите ) што пак потенцијално може да предизвика сериозни повреди, па дури и смрт во најлош случај.

 

Stellantis ги повлекува засегнатите возила, дел по дел, со цел да се изврши најбрза и најефикасна поправка. Засегнатите модели се следниве:

 

Citroën C3 Phase 2 (од 24.09.2008 до 21.02.2017)

Citroën C4 (од 02.02.2010 до 20.05.2018)

Citroën DS3 (од 05.12.2008 до 30.05.2019)

Citroën DS4 (од 05.05.2010 до 03.02.2017)

Citroën DS5 (од 30.06.2010 до 09.02.2018)

Citroën C Zéro (од 10.2010 до 02.2017) 

 

Со помош на алатката за поверка, која ќе ја најдете подолу, лесно може да дознаете дали вашиот автомобил е дел од оваа кампања. Бројот на шасија на вашиот автомобил ќе го пронајдете на сивата плочка за идентификација или во сообраќајната дозвола. Тоа е алфанумерички број од 17 карактери.

 

 

Имајте предвид дека одредени модели на Citroën C3, Citroën C4, Citroën DS3, Citroën DS4, Citroën DS5 и Citroën C Zéro подлежат на мерката „Забрана за возење“ - „Stop Drive“. Доколку вашето возило е засегнато, ве молиме да не го возите и веднаш да закажете термин за сервис и замена на воздушните перничиња. 

Внесете го бројот на шасија на вашето возило во полето подолу:
Шасијата (сериски број) е наведена и во вашата сообраќајна дозвола. Содржи 17 карактери кои почнуваат со VF7 или VR7.

captcha