CITROËN FLEXCARE ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА
Продолжено спокојство
Дали ви е важно да го возите вашиот Citroën безбедно и спокојно, дури и по истекот на фабричката гаранција од производителот и да ја одржите неговата вредност за понатамошна препродажба?
За комплетна смиреност и сигурност во секојдневието продолжете ја гаранцијата за вашиот автомобил. Одлучете се за договор за продолжена гаранција Flexcare за да го одржите вашето возило функционално и безбедно. Услугата Citroën Assistance е вклучена во договорот.
ИЗБОР НА НАЈДОБРИОТ ПАКЕТ ЗА ВАС
Со договор за продолжена гаранција, можете да користите услуги за помош на пат и влечење возило во повеќе од 40 земји во светот. Договорот за продолжена гаранција Flexcare, исто така, вклучува поправка на механички, електрични или електронски дефекти по истекот на фабричката гаранција. Изберете договор за продолжена гаранција што најмногу одговара според начинот на употреба на вашиот автомобилот.
Гаранцијата Citroën Flexcare важи и за возила со мотор со внатрешно согорување и за 100% електрични и хибридни возила.
Понудата важи за сите возила продадни од 01.01.2026 година како и за возила со сѐ уште важечка фабричка гаранција од две години.
Возилата кои веќе имаат купено договор за продолжена гаранција, пред 01.01.2026 година, можат да докупат/допродолжат гаранција до максимум 5 год.
За подетални информации слободно контактирајте го вашиот продавач.
ПРИЛАГОДЕТЕ ГО ВАШИОТ ДОГОВОР ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА
Со договорот за продолжена гаранција Citroën FlexCare, имате можност да ја прилагодите гаранцијата за вашиот Citroën според вашите потреби и желби. Пред да истече фабричката гаранција или пред истекот на вашиот тековен договор за гаранција, склучете договор за продолжена гаранција Citroën FlexCare со широк спектар на флексибилни понуди:
Нови опции за временските интервали за продолжување на гаранцијата со склучување договор за продолжена гаранција Citroën FLEXCARE, до максумум 96 месеци (8 години) /од 40.000 km до максимум 200.000 km)
Продолжување на фабричката гаранција е возможно во текот на 22 месеци од датумот на продажба, најкасно до 1 месец пред истек на гаранцијата.
Новата понуда важи за сите возила кои се во гарантен рок и кои досега немаат купено договор за продолжена гаранција.
ЕДНОСТАВНО СКЛУЧУВАЊЕ
Склучувањето на договор за услуги никогаш не било толку едноставно:
• можете да го случите веднаш штом ќе го нарачате вашето возило,
• во рок од 22 месеци од датумот на испорака на возилото, за продолжување на гаранцијата
ЧПП за договори за услуги и продолжена гаранција
Сѐ уште немам склучено договор за продолжена гаранција. Што е потребно?
Што се случува доколку го надминам бројот на изминати km или времетраењето за кои сум се преплатил?
Вашиот договор за продолжена гаранција завршува штом ќе се достигне еден од условите во претплатата – времетраење или километража.
Сепак, можно е да се продолжи времетраењето и/или километражата пред истекот на договорот.
А доколку моето возило е украдено или во незгода е тотално оштетено?
Во овој случај, вашиот договор ќе заврши на датумот на кражба или незгода која го направила вашиот автомобил трајно неупотреблив.
Во ваков случај имате право на поврат на уплатениот износ за договорот, пропорционално со датата на кражба или незгода.