Кон содржината
CITROËN ГО ПРЕТСТАВУВА ЦЕЛОСНО НОВИОТ Ë-C3
CITROËN ГО ПРЕТСТАВУВА ЦЕЛОСНО НОВИОТ Ë-C3, ПРВИОТ ЕВРОПСКИ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ПО ДОСТАПНА ЦЕНА

·       НАЈКОМФОРЕН ВО КЛАСАТА: целосно новиот ë-C3 за првпат нуди спрега на прославеното потпирање Citroën Advanced Comfort® со седишта Citroën Advanced Comfort® во нов стил. Целосно електричниот ë-C3 оди уште понатаму без бучава и без вибрации за возење без стрес.

·       ЕДНОСТАВНО ЕЛЕКТРИЧНО СЕКОЈДНЕВИЕ благодарение на батериски пакет од 44kWh што обезбедува и до 320km WLTP опсег на возење, како и 100kW DC брзо полнење од 20 до 80 проценти од капацитетот за само 26 минути.

·       КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕН, целосно новиот Citroën ë-C3 изненадува и одушевува со сеопфатно портфолио опрема, паметни решенија, вклучувајќи го комплетно новиот C-ZEN LOUNGE, иновативен пристап кој одново ја открива контролната табла.

·       ВРЕДНОСТ ЗА ПАРИТЕ: Citroën агресивно ја зајакнува својата мисија - целосно електричната мобилност да биде достапна за сите: со 320km опсег на возење, ë-C3 ќе се нуди на многу западноевропски пазари по цена веќе од 23.300 €. Citroën за 2025 година, ветува дури и подостапен ë-C3 со опсег на возење до 200km со цена веќе од 19.990 €.

·       Уште од почетокот дизајниран околу глобалната BEV Citroën платформа Smart Car, ë-C3 дебитира со нов дизајнерски јазик и потпис на марката Citroën.

Poissy, 17 октомври, 2023 година - Citroën го предизвикува правилникот за возила од Б-сегментот кои се дизајнирани и произведени во Европа, со претставуавњето на карактерната четврта генерација C3. Целосно електричниот ë-C3 испорачува најдобар комфор во класата, едноставно електрично искуство, исклучително ниво на опрема и неверојатна вредност за парите, а притоа се произведува во Европа.

Целосно електричниот ë-C3 гордо ја предводи линијата на четвртата генерација од најпопуларниот автомобил од Citroën, продаден во повеќе од 5.6 милиони примероци од пртеставувањето на првата генерација во 2002 година. C3 е најпопуларниот модел на марката и претставува 29 насто од европскиот обем на продажба на Citroën. Во 2022 година, C3 освои 11 насто од вкупниот пазар на европскиот Б-сегмент.

Од особена важност е што целосно новиот ë-C3 означува ново поглавие за Citroën. Популарната и смела марка одново се открива за да може агресивно да одговори на предизвиците – целосно електричната мобилност да биде достапна за сите со првиот целосно електричен автомобил од Б-сегментот, дизајниран и произведен за клиенти кои ги чекаат бенефитите од мобилноста со нула-емисија по фер и достапна цена.

Извршниот директор на Citroën Thierry Koskas објаснува: „Нудењето достапни возила  отсекогаш претставувало битен дел од гените на Citroën. Но очекувањата на клиентите за возила во Б-сегментот  се променети осетно со зголемувањето на популарноста на SUV и зголемувањето на желбата да се вози на електрична енергија, низ и околу нашите градови, а тоа стана и поголем предизвик за европскиот автомобилски пазар да одговори на овие очекувања. Уникатно, Citroën се осмелува да го направи токму тоа со целосно новиот, комплетно електричен ë-C3, за европските купувачи: свеж, остар и комфорен автомобил со 5 врати кој е комплетно опремен, специфично дизајниран и направен во Европа, како и екстремно достапен со крајна цена од  23.300 .

 

1 – НАЈКОМФОРЕН ВО КЛАСАТА

·       Citroën ë-C3 овозможува чуство на „лебдење на летечки килим“ благодарение на премиерното здружување на прослеавеното потпирање Citroën Advanced Comfort® со нови седишта Citroën Advanced Comfort®

·       Повисок и поквадратен, но во рамки на сличен отпечаток: целосно новиот ë-C3 нуди бескомпромисен комфор, повисока положба на возење (+100 mm во споредба со сегментот B-hatch) за поедноставно влегување и излегување, поголемо растојание од подлогата, плус надворешни заштитни елементи за одраз на вкусот на купувачите.

ЦЕЛОСНО НОВИОТ Ë-C3 ДОДАВА ПРОГРЕСИВНИ ХИДРАУЛИЧНИ ПЕРНИЧИЊА

 

За прв пат во историјата на моделот C3, Citroën го вградува иновативното и ексклузивно потпирање Citroën Advanced Comfort® како стандардна опрема за сите верзии на целосно новиот, целосно електричен ë-C3.

Невидливи за возачот и патниците, Прогресивните хидраулични перничиња® обезбедуваат патниците во возилото да уживаат во уникатно чувство на комфор по патот како „лебдење на летечки килим“, благодарение на употребата на прогресивни хидраулични граничници, овозможувајќи им на инженерите поголема слобода да го нагодат потпирањето кај целосно новиот ë-C3 за да се добие впечаток дека автомобилот лебди кога се вози по нерамна површина. На секој агол од возилото се користат по два граничници во спрега со амортизер и пружина наместо механички граничници - едниот за компресија, а другиот за декомпресија.

Познатиот систем работи во две фази. За полесна компресија и декомпресија, пружината и амортизерот заедно ги контролираат вертикалните движења, без да се бара помош од хидрауличните граничници. При големи удари, пружината и амортизерот работат заедно со хидрауличните граничници, за постепено да го забават движењето и да ги испеглаат потресите на крајот од распонот. За разлика од механичкиот граничник кој ја апсорбира енергијата и потоа враќа дел од неа како удар, хидрауличниот граничник оваа енергија ја апсорбира и ја дисперзира.

„Комфорот е клучен дел од гените на Citroën. Тоа е многу важно за нас бидејќи им е многу важно на нашите клиенти. Тоа е причината поради која вложивме извонредни напори за да го направиме целосно новиот ë-C3 најкомфорниот автомобил во сегментот B-hatch со иновации од Citroën, како што се нови верзии од нашите седишта Citroën Advanced Comfort® и – за првпат кај C3 нашето потпирање Citroën Advanced Comfort®“, рече Laurence Hansen, директор за производ и стратегија во Citroën.

 

ВНАТРЕШНОСТ КАКО ДОМА ЗА ВРВЕН КОМФОР ВО КЛАСАТА

Просторната внатрешност е развиена околу едноставни, но префинети површини за да им обезбеди на патниците амбиент сличен на оној во дневната соба од нивниот дом или салон. Целосно новиот модел на седишта Citroën Advanced Comfort ® кај ë-C3 се изработени по мерка на автомобилот и користат дополнителен сунѓер за да обезбедат добредојде и меко чувство од првиот контакт, како и потпорно возење без оглед на растојанието.

2 – ЕДНОСТАВНО ЕЛЕКТРИЧНО СЕКОЈДНЕВИЕ

 

·       Електричниот мотор 83kW/113КС испорачува моќ и вртежен момент за дневни рути и долги патувања,  додека 44kWh батериски пакет обезбедува и до 320km WLTP опсег на возење. 

·       100kW DC брзо полнење од 20 до 80 проценти од капацитетот за само 26 минути. Едноставен пристап до повеќе од 540,000 станици за полнење низ Европа.

·       Поврзаната навигација со новата апликација ë-ROUTES гарантира дека времето на патување ќе се намали, а посигурна мрежа за полнење „во живо“ е секогаш достапна.

3 – КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕН

 

·       Целосно новиот, целосно електричен Citroën ë-C3 изненадува и воодушевува со сеопфатното портфолио опрема и паметните решенија кои го надополнуваат безкомпромисниот фокус на комфорот.

·       C-Zen Lounge, со Citroën Head-Up дисплеј и компактен управувач, паметен пристап за повторно откривање на контролната табла и замена на традиционалната инструмент табла, обезбедувајќи едноставен пристап до сите клучни информации без да се тргне погледот на возачот од патот.

·       Вграден држач за паметни телефони што им овозможува на возачите автоматски да стартуваат наменска нова апликација користејќи безжична технологија NFC (Комуникација на близок терен) за информации и забава.

·       Широкиот опсег на функции за помош на возачот од Citroën што сега се вградени во сите верзии, нуди комфор, безбедност и поддршка.

Обезбедувањето водечки комфор во класата и спокојна средина за сите во кабината се јасни приоритети за дизајнерските и инженерските тимови на целосно електричниот ë-C3. Сепак, ова е само почеток на приказната, бидејќи подеднакво важно беше на овој B- hatchback дизајниран и произведен во Европа да му се даде, изненадувачки сеопфатна низа опрема и паметни решенија за да одговорат на сите потреби на клиентите.

 

C-ZEN LOUNGE

 

Поставувањето нови стандарди за внатрешен дизајн беше врвна цел. Целосно новиот ë-C3 располага со C-Zen lounge, иновативна, просторна и добро опремена внатрешност, која – како што може да се очекува од Citroën – повторно ја пронаоѓа традиционалната контролна табла и обезбедува исклучително високи нивоа на комфор.

Многу сме горди на просторната внатрешност, особено на нашиот нов третман на маската со паралелна споредба помеѓу почистиот, технички горен дел и потоплиот долен дел со дизајн во „стил на софа“. Во овој сегмент е ретко горниот дел од маската да има такво чувство на ненатрупаност на левата и десната страна,, а тоа го постигнавме со воведувањето на нашиот нов C-Zen Lounge со Citroën Head-Up Display. Лебдењето на централниот екран за информации и забава или станицата за паметни телефони во центарот, исто така значеше дека не моравме да ги интегрираме на гломазен или груб начин“, рече Boris Reinmöller Менаџер за проектен дизајн.

 

БЕСПРЕКОРНО ПОВРЗУВАЊЕ

И покрај тоа што е релативно компактен автомобил, целосно електричниот ë-C3 придава огромно значење на избороот за поврзување за информации и забава, каде сè е фокусирано на едноставност при користење од страна на патниците и брз пристап до паметните, корисни функции што на клиентите им се потребни за да патуваат едноставно и беспрекорно.

Инстинктивните контроли на управувачот плус копчето „Дома“ кај сите верзии, за возачот обезбедува искуство без стрес зад воланот. Достапни се три нивоа на систем за информации и забава:

Ø  MY CITROËN PLAY СО СТАНИЦА ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН

Ø  MY CITROËN PLAY PLUS СО 10’’ ЕКРАН НА ДОПИР

Ø  MY CITROËN DRIVE СО 10’’ ЕКРАН НА ДОПИР

 

ФУНКЦИИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ ЗА ГРИЖА 

Целосно новата сеопфатна колекција на најнови технологии за помош на возачот од Citroën кај новиот ë-C3 е дизајнирана да се грижи за умот и телото на секој патник, пред сè на возачот, и вклучува:

Ø  Активна безбедносна сопирачка

Ø  Активен систем за предупредување за напуштање на лентата

Ø  Предупредување за внимание на возачот & Предупредување за пауза за кафе

Ø  Препознавање на знаци за ограничување брзина & Темпомат со ограничувач на брзина

Ø  Електрична сопирачка за паркирање (EPB) & Помош при стартување нанагорнина     

Ø  Интелигентни предни светла

Ø  Задни сензори за паркирање & Задна камера.

4 – НАЈДОБРА ВРЕДНОСТ ЗА ПАРИТЕ

 

·       ë-C3 со опсег на возење 320km ќе се нуди по фер цена на многу западноевропски пазари, веќе од 23.300 €, како што Citroën агресивно ја засилува својата мисија да ја направи целосно елетричната мобилност достапна за сите.

·       За потрошувачите, едноставноста за избор е обезбедена со рационализирана линија на две добро опремени верзии You и Max.

·       Citroën ë-C3 со опсег на возење 200 km ќе пристигне во 2025 година со цена веќе од 19.990 €.

НОВА ПЛАТФОРМА ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЕФИКАСНОСТ НА ТРОШОЦИТЕ

За прв пат во Европа, Citroën го дизајнираше целосно новиот Citroën ë-C3 околу платформа која од почеток е наменета да смести целосно електричен погон. Во основа на автомобилот е верзија на високо флексибилната глобална платформа „Smart Car“ од Stellantis, а тоа му овозможи на Citroën да го направи целосно новиот ë-C3 достапен за клиентите по цени кои започнуваат од 23.300 .

„Нашата глобална платформа за паметни автомобили е исклучително ефикасна и веќе ги користиме нејзините способности надвор од Европа преку нови модели на Citroën специфични за секој регион  на пазари како Индија и Јужна Америка. Тоа беше идеална почетна точка за целосно новата европска линија ë-C3 и иако од самиот почеток беше дизајнирана со целосно електрични способности, доволно е флексибилна да ги смести ICE погонските единици, како и да ги поткрепи поголемите и помалите возила. вклучувајќи и SUV “, изјави Laurence Hansen, Директор за производи и стратегија во Citroën.

 

 

КРАЈНА ЦЕНА И ПОЕДНОСТАВЕН ИЗБОР

Поедноставување на искуството при купување за клиентите беше клучен приоритет. На многу западноевропски пазари, целосно новиот Citroën ë-C3 ќе биде понуден по фер и крајна цена со почетно ниво на опременост „You“ веќе од 23.300 .

Купувањето нов автомобил може да биде предизвик кога станува збор за разбирање на често огромна низа верзии и опции од кои купувачите може да изберат и да платат. Во Citroën, сакаме целиот процес да го направиме поедноставен и пофер за купувачите со пристап на „паметен избор“ на сериските нивоа и опционални пакети како и поголема транспарентност на цените,” рече Nicolas Monnot, Подпретседател за глобални цени & перформанси во Citroën.

Целосно новиот, целосно електричен ë-C3 ќе биде достапен за европските клиенти во рационализирана линија од само две добро опремени верзии – You и Max.

 

ЈАКНЕЊЕ НА МАРКАТА ВО ЕВРОПА

 

Целосно новиот ë-C3 е првиот целосно електричен автомобил во Б-сегментот кој ќе се нуди во регионот од Европски производител на ова ценовно ниво, а кој е дизајниран во Европа – во студиото на Citroën во објектот на Automotive Design Network во Velizy-Villacoublay близу Париз – и ќе се произведува во Европа во фабриката на Stellantis Trnava во Словачка.  Целосно новиот Citroën ë-C3 доаѓа во салоните во втората половина на 2024 година. 

Го предводи семејството на нови модели што ќе играат главна улога во нагласувањето на линијата европски производи од Citroën и вредности на марката, како и понатамошно зајакнување на конкурентната позиција во срцето на пазарот. 

“Нашата мисија е да надградиме присуството на Citroën во Европа со најмалку 5 проценти удел на европскиот пазар, а додавањето на целосно нов и достапен, целосно електричен ë-C3 во нашето портфолио на почетокот на 2024 година се клучните чинители за достигнување на тој план. Целосно новиот ë-C3 исто така, игра главна улога во понатамошното зацврстување на програмата за достапна електрификација на Citroën, надополнувајќи го доаѓањето на нашите нови модели ë-C4 и ë-C4X со продолжен опсег на возење, како и уникатното решение  за мобилност, односно Citroën Ami,” додаде Koskas.

 

 

 

 

5 – СМЕЛ ДИЗАЈН СО НОВ ИДЕНТИТЕТ НА МАРКАТА

·         За првпат кај автомобил од сериско производство, деби на поразличен, нов потпис на марката Citroën, со новото големо овално лого, вклучувајќи и нова интерпретација на „шевроните“ на Citroën

·         Повисок и посмел, Citroën ë-C3 гордо го претставува новиот дизајнерски јазик на Citroën, првично претставен кај концептуалниот автомобил Citroën Oli во 2022 година, каде вертикалноста е во котраст со хоризонталното, технички вајајќи ги површините.

 “Веруваме дека целосно новиот, целосно електричен Citroën ë-C3 ја менува играта во сегментот B-hatchback, бидејќи слушавме кои атрибути кај SUV се најпочитувани од страна на купувачите и најдобрите придобивки од овие особини ги вклучивме во повисок автомобил, со понаменски стил. Иако со сличен отпечаток во смисла на должина и ширина како неговите претходници, го направивме 100mm повисок за поголемо чувство на цврстина и присуство на патот, со дополнителни бонуси за поголемо растојание од подлогата и повисока позиција за седење, за возачот и патниците да се чувствуваат поудобно при возење преку дупки, нерамнини и други пречки на градските улици од денешницата,” рече Pierre Leclercq, Одговорен за дизајн во Citroën.