Кон содржината
Citroën Berlingo Business
CITROËN BERLINGO BUSINESS
ЗА ДЕЛОВНИ КОРИСНИЦИ СО ПРАВО НА ПОВРАТ НА ДДВ
Откријте го Citroën Berlingo Business. Во секоја смисла практичен и просторен, иако според хомологацијата е комерцијално возило, по изглед и опрема останува многу слично на патнички автомобил. Со преградна мрежа помеѓу патничкиот и товарниот простор. 
ЗА РАБОТА И РЕКРЕАЦИЈА
Специјална карактеристика на Berlingo Business е преградната мрежа помеѓу патничкиот и товарниот простор. Тоа е комерцијално возило и по име и по хомологација. По изглед, сепак, останува повеќе или помалку сличен на патнички автомобил. Главната разлика е што, во случајот со Berlingo Business, постои тврда преграда зад вториот ред на седишта што ги дели патниците од товарниот простор.
ПРЕДНОСТИ
  • Преградна мрежа помеѓу патничкиот и товарниот простор
  • Стилски е идентичен со патничката верзија
  • Наменет и за физички и за правни лица
  • Можност за поврат на ДДВ за правни лица
  • Регистриран за 5 лица
  • Можност за преклопување на седиштата во втор ред
  • Преклопливи седишта за патници
  • Едноставен транспорт на домашни миленици
ДИЗАЈН
Сестран и просторен
Со смел и одлучен карактер, динамично дизајнирана каросерија, елегантни Airbumps® и обоени детали*, Citroën Berlingo Business е ултимативно возило за одмор и работа кога е потребно.
РОБУСТЕН И СПОРТСКИ ИЗГЛЕД

Citroën Berlingo Business има робустна и иновативна морфологија. Модерниот и разигран модел е достапен во должина на стандардната верзија М, со димензија 4,40 m.

 

Верзијата со должина М може да превезува и до 5 лица.

 

Предниот дел на Citroën Berlingo Business се издвојува поради  препознатливите стилски карактеристики: повисок и пократок капак на мотор, преден лик во склад со идентитетот на марката Citroën и светлосен потпис на две нивоа, како и поместено ветробранско стакло нанапред, што нуди повеќе простор и светлина.

 

Обликот на каросеријата е зајакнат со потпорните носачи на багажникот за кров (ниво на опременост Feel Pack*) и дизајнерските елементи Airbump®, кои го нагласуваат неговиот робустен изглед и истовремено ја штитат каросеријата.

CITROËN BERLINGO BUSINESS СПОРЕД ВАШАТА ЗАМИСЛА
6 бои на каросерија

Citroën Berlingo Business нуди широк спектар на бои на каросерија*: песок Sable, сива Artense, сива Platinium, сина Nuit, црна Perla Nera и бела Icy.

 

Citroën Berlingo Business може да се пофали со дизајнерска контролна табла со чисти линии, на кои има многу простори за складирање.

 

Внатрешниот амбиент може да се комбинира со бојата на каросерија, покрај стандардната внатрешност од сива ткаенина Mica, внатрешноста може да се комбинира и со пакетот XTR, кој е достапен во ткаенина Wild Green, со портокалова лента во пределот на наслоните на седиштата.

 

*во зависност од нивото на опрема и верзијата на моделот

 

CITROËN BERLINGO BUSINESS СО ПАКЕТ XTR

Citroën Berlingo Business со можност за персонализација со пакетот XTR, кој се состои од:

 

  • Тапацир изработен од ткаенина Line Green,
  • Контролна табла во темно зелена боја Green со лента од TEP материјал Alba со портокалови рабови
  • Декоративни додатоци на ѕидовите на вратата во зелена боја Green
  • Куќиште на надворешниот ретровизор во црн ONYX
  • Обоен додаток на предните фарови за магла и заштита Airbump® во портокалова боја
  • 17" тркала од лесна легура Pontevedra
ГОСТОПРИМЛИВА ВНАТРЕШНОСТ
Дизајниран за комфор
Citroën Berlingo Business е генијално дизајниран за да понуди целосен комфор во возилото. Внатре, благодарение на меките и топли материјали, нуди чувство на релаксација, како и практичност со својата модуларност и многу обмислени места за складирање.
  • Gris Acier
  • Blanc Banquise
  • Gris Platinum
  • Noir Perla Nera
ПОГЛЕД ОДНАПРЕД
ПОГЛЕД ОДНАЗАД
ГЛОБАЛЕН ПРИСТАП КОН КОМФОРОТ
Advanced comfort за комплетна смиреност
3 ЕДНАКВИ СЕДИШТА ВО ЗАДНИОТ РЕД*

На задниот ред седишта во Citroën Berlingo Business, сите уживаат во истиот комфор, без разлика на кое место се, благодарение на три индивидуални седишта со иста ширина*, од кои секое е опремено со  Isofix систем за прицврстување.

 

Исто така, има доволно простор за колената. Секое индивидуално седиште може да се преклопи до подот. Зад задните седишта има цврст преграден ѕид кој ги дели патниците од товарниот простор.

 

*Трите индивидуални преклопливи седишта во вториот ред се во зависност од нивото на опременост. Проверете го ценовникот за повеќе информации.

ОБМИСЛЕНИ МЕСТА ЗА СКЛАДИРАЊЕ
Практичен внатре и надвор, Citroën Berlingo Business им нуди на патниците пристап од прва класа преку странични лизгачки врати од двете страни. Дарежливиот, висок простор за складирање во централната конзола е надополнет со неколку корисни места за складирање за целото семејство.
СТРАНИЧНА ЛИЗГАЧКА ВРАТА
Практичен одвнатре и однадвор, Citroën Berlingo Business на патниците им нуди пристап од прва класа благодарение на двете странични лизгачки врати. Ширината на вратата е оптимално зголемена, така што вратата е максимално практична.
ПРЕГРАДНА МРЕЖА ЗА ЗАШТИТА НА ТОВАРНИОТ И ПАТНИЧКИОТ ДЕЛ
Citroën Berlingo Business нуди дарежлива просторност и референтна модуларност благодарение на преклопливите седишта, од кои секое е опремено со Isofix систем за прицврстување. Зад задните седишта има цврста преградна мрежа која ги одделува патниците од товарниот простор. Дури и да зборуваме за пократката верзија од 4,4 метри со ознака M, нема да има недостаток на простор, бидејќи багажот може да се натовари до кров, што значи дека багажникот може да собере дури 1.355 литри, а во исто време голта работи високи и до еден метар. Погоден е и за транспорт на домашни миленици.
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
За помош при возење и поврзување
Citroën Berlingo Business комбинира збир на модерни технологии за секојдневна употреба. Ги нуди најдобрите технологии кои обезбедуваат највисоко ниво на безбедност и смиреност.