May 12, 2014

WTCC ТРКА ВО СЛОВАЧКА (09-11/05/2014)

WTCC ТРКА ВО СЛОВАЧКА (09-11/05/2014)

SÉBASTIEN LOEB НА ЧЕЛО И ПОКРАЈ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ
- Обилните врнежи од дожд ја попречија седмата и осмата трка на FIA WTCC на патеките во Словачка.
- Првата трка беше прекината пред завршетокот поради лошите услови на пистите. Sébastien Loeb, беше пред José-María López на стартот, и ја однесе својата втора победа во сезоната.
- Врнежите се интензивираа кој крајот на попладнето и втората трка беше откажана.

За разлика од квалификациите кои се одвиваа под прекрасно сонце, трките во Словачка Ринг беа особено влажни. Во утринските часови дождот ја намокри пистата. Механичарите на екипата Citroën Total го прилагодуваа C-Elysée WTCC за првото соочување, кое беше најавено за 13h15.

Пласиран во пол позиција, на José-María López му недостасуваше полет, додека пак Sébastien Loeb беше на чело на групата. López ја сочувуваше втората позиција пред Norbert Michelisz. А Yvan Muller беше четврти.

Благодарение на одличната видливост Sébastien Loeb успеа да направи голема предност пред José-María López. Откако ја отслужи својата казна, Yvan Muller се врати на пистата на 14та позиција. Еден по еден ги надминуваше Borkovic, Bennani, Munnich и Valente.

Ова одлично напредување беше прекинато со појавувањето на возилото за сигуност. Количината на вода на пистите стануваше загрижувачка, и одговорните лица одлучија да ја прекинат трката со црвено знаменце, по девет обиколки од предвидените единаесет. Бидејќи повеќе од 75% од целосното растојание беше поминато, поените беа доделени.

Покрај смирувањето на врнежите, тие се зголемува уште повеќе кон крајот на денот. Предвидена за 17h45, втората трка беше откажана на само неколку минити пред започнувањето.

ПЛАСМАН

ТРКИ 1
1. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
2. José-María López (Citroën C-Elysée WTCC)  +1’’105
3. Nobert Michelisz (Honda Civic WTCC) +2’’435
4. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1) +4’’081
5. Tom Chilton (Chevrolet RML Cruze TC1) +5’’205
6. Gianni Morbidelli (Chevrolet RML Cruze TC1)  +6’’026
7. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC) +6’’960
8. Gabriele Tarquini (Honda Civic WTCC) +7’’410
9. Rob Huff (Lada Granta 1.6T) +8’’359
10. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC) +9’’457
MT : Sébastien Loeb en 2’18’’193

ТРКА 2
Откажана

СВЕТСКИ ШАМПИОН ВОЗАЧИ
1. José-María López 138 поени
2. Sébastien Loeb 113
поени
3. Yvan Muller 109
поени
4. Tiago Monteiro 71 поени
5. Gabriele Tarquini 52 поени

 

СВЕТСКИ ШАМПИОН ПРОИЗВОДИТЕЛИ
1. Citroën Total 323 поени
2. Honda 204 поени
3. Lada 131 поени