Revolte

Légende ci-dessous
Revolte

Дизајн

01_DesignREVOLTE, кралско трансгресивен

Енергични линии, намалени димензии, скулптирани страни… REVOLTE ги прекршува правилата воспоставени за елеганција со претставување на современ изглед, од високата гама. Стилистички пристап кој го оддалечува од актуелните референците на светот на автомобилите.

Повеќе од мало функционално возило, REVOLTE е енергично и нервозно возило : со неговите смалени димензии кои излегуваат од традиоционалните правила за луксуз со интензивна и сјајна виолетова нијанса.

Одлично поставен на четири тркала, REVOLTE одлучно ги надминува сите ограничувања во сообраќајот. Било да станува збор за маркантни премини на тркала, заоблен капак или скулптурни страни, REVOLT ги истакнува контурите на моќна мускулатура.

Целиот модернизам на REVOLTE се изразува со стилистичка провокација од неговиот славен претходник : 2 CV.

Внатрешност

02_IntérieurREVOLTE, крајно луксузна внатрешност

Вратите со спротивно отворање кај REVOLTE го олеснуваат пристапот и ве внесуваат во еден мултиколорен свет. Црна кожа, повеќеслоен велур во длабоко црвена боја, алуминиум се основните компоненти на внатрешноста. Напуштање на класични материјали од примерот на дрво и конвенционални бои: амбиентот на REVOLTE е крајно темпераментен и луксузен.

Внатрешноста на REVOLTE е организирана околу три седишта ( според правилата на lounge). Просотор посветен на патниците е составен од меридијана со современа обработка чии линии се флуидни и ги поврзуваат просторот назад со оној посветен на патниците напред.На тој начин патниците назад можат да ги протегнат нозете за оптимална удобност и поголеми сензации во луксузен амбиент.

Технологија

03_TechnologiesREVOLTE или избор на интелигентна технологија

Пристапот на REVOLTE во светот на иновацијата се позиционира на ниво на смисла за елеганција и рафинираност. Екран осетлив на допир обвиткан во кристален сноп. Вистинско мајсторско дело, кристалите со интензивно црвена боја буквално проектираат во внатрешноста… со рециклирање на внатрешниот воздух.

Елегантна и модерна, клупата назад е доказ за стил затоа што во неа се наоѓаат и електричните акумулатори на REVOLTE. Умешно ја затскриваат оваа опрема, така што ентериерот останува естетски акцентиран.

Капакот на моторот е покриен со фотоволтни келии кои доведуваат енергија кои допринесуваат за дополнителна удобност зад управувачот, за да се штедат електричните батерии при запирање на возилото.

Hybrid

04_HybrideREVOLTE, модерен активист

Современ и софистициран дури и во делот на моторниот погон, REVOLTE поседува модерен погон. Во потрага по она што може да го движи автомобилот “”електричен погон””, REVOLTE се истакнува со својот хибриден погон кој се појавува како ентузијастичка и остварлива етапа.

Ги има на располагање следните карактеристики и елементи:
– традиционален термички мотор со мала зафатнина поврзан со електричен мотор, за да ги придвижуваат тркалата ;
– капацитет да се движи во начин ZEV (Zero Emission Vehicle), односно на електричен погон без емисија ;
– можност за напојување на батериите за напојување на електричниот мотор.