Citroën Inspired By You

ФИЛМ КОЈ ГО ОЖИВУВА ПОТПИСОТ НА МАРКАТА

Mehari

Citroën лансира нова кампања на марката со порака “Нашата визија за мобилност произлегува од вашата желба за слобода “. Овој нов интернационален филм го прикажува CITROËN INSPIRED BY YOU, една марка која веќе 100 години се инспирира од животот на луѓето од нивната желба за подвижност и за слобода на сите генерации кои следат. Овој филм ја раскажува приказната за марката Citroën, со потенцирање на неколку легендарни автомобили од нејзиното наследство.

ИНСПИРИРАНИ ОД ВАШАТА ПОТРАГА ЗА СЛОБОДА УШТЕ ОД 1919

Од 2CV до CX, од Traction Avant до Méhari, од  Type H до Visa, од CX до C4 Cactus, преку концептното возило Cxpérience, C3 Aircross или  C4 Cactus, години наназад Citroën ги набљудува луѓето, нивната желба за авантура, мечтаења за авантури, за излети со семејството, или доживувања со пријатели, марката цели да развие автомобили кои ја следат интелигенцијата на нивниот начин на живеење. Новата официјална кампања ја отсликува историјата на марката која започна во 1919: “Нашата визија за мобилност произлегува од вашата желба за слобода”.  Овој авто –стопер наизменично се вози во  секој од овие модели , … и на секој автомобил се менува соодветната епоха.

Autostoppeur2CV_1400X800

2CV И TYPE H : ОД 1948 

2CV
Првото значајно претставување на саемот во Париз во 1948, 2CV е опишан како « Четири тркала под чадор » за « превоз на корпа со јајца низ полето без да скршите ниту едно». TPV « Многу мал автомобил Très Petite Voiture » се појавува како бомба на пазарот. Произведени беа 3 868 634 примероци.
2CV_747X400TYPE H
Type H е легендарно возило кое со својата иновативна концепција 40 години беше присутно на пазарот на комерцијални возила. Во тој период биле произведени вкупно 473 289 примероци.

TypeH_747X400

MEHARI, CX И VISA: ОД 1968 ДО ПОЧЕТОК НА 90-ТЕ ГОДИНИ

MEHARI
Симболичен автомобил познат по својата 100% пластична каросерија без опасност од корозија. Méhari е познат како практичен и економичен кабриолет.

Mehari_747X400CX
Избран за автомобил на годината во 1974, CX претставува автомобил од високата гама на Citroën во 70-те години од 20-иот век. Особено иновативен, предвесник на моделите со команди на воланот. 1 169 695 примероци продадени за 15 години.
CX_747X400VISA
Visa е мал воодушевувачки автомобил. Во периодот од 10 години на својата комерцијализација биле произведени 1 254 390 примероци. Во 1988, GTi верзијата е главен актер на позната реклама за носач на авион Клеменсо.
Visa_747X400

C3 AIRCROSS, C4 CACTUS, CEXPERIENCE: ОД 2016

C3 AIRCROSS
C3 Aircross,C3 Aircross, премиерно претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт 2017, се истакнува во светот на SUV автомобилите со својот дизајн, комфор и модуларност. Поврзан со светот со 12 технологии за помош во возењето, C3 Aircross досега оствари 60 000 продажби.
C3Aircross_747X400C4 CACTUS
Новиот C4 Cactus е ултра удобен автомобил, каде премиерно е претставена најновата технологија на потпирање потпишана Citroën, со хидраулични прогресивни перничиња TM.
C4Cactus_747X400CXPERIENCE
Претставен на Мондијалот во Париз 2016, овој концепт автомобил CXPERIENCE претставува автомобил од високата гама со интерпретација на дизајнот, комфорот и технологиите.
CXperience_747X400

ЛОГОТО НА CITROËN НИЗ ГОДИНИТЕ

Во 1900, André Citroën ја применува лиценцата на механизми со назабени тркала во облик на шеврон симбол кој од 1919 го користи за автомобилско производство.
Од 1921-1936 овалниот облик е заменет со шестоаголен на сина основа со цел да се истакната жолтите шеврони. Од 1936, а потоа се појавува и името Citroën на логото.
Во почетокот на 30-те, се појавува паралелно лого кое претставува лебед кој плови во шевроните на Citroën за да ги симболизира новите флотантни мотори.
Во 1959 жолтите шеврони ја надминуваат белата елепсовидна основа а потоа во 1966,името Citroën е впишано во син квадрат .
Во 1985, во рамки на модернизирање на имиџот на марката, Citroën се одлучи за шеврони во бела боја во црвен квадрат.
Во 2009, Citroën го откри своето ново лого со хромирани и заоблени шеврони во 3D и името на марката во црвено боја под логото. Од 2016, инспирирајќи се од flat design,се појавува новата верзија на лого во 2D .

Logosavecdates_597X500