March 9, 2016

Саем во Женева 2016: освежување и енергија на штандот на CITROËN!

Саем во Женева 2016: освежување и енергија на штандот на CITROËN!

На автомобилскиот саем во Женева, CITROËN ја достигна новата фаза на своето позиционирање, претставувајќи ги новите модели, концепт возилата но и партнерствата со одредени компании со кои имаат заеднички цели. Брендот и понатаму продолжува да развива нови услуги, со цел да го направи животот полесен за своите клиенти. Динамиката, која е во тек, нуди поинакво возачко искуство и се труди да ги наруши утврдените кодови. CITROËN во Женева изложи енергични возила полни со свежина, но и возила кои настанале во соработка со други брендови и кои претставуваат доказ за креативност и храброст на брендот.

Модерен и полн со карактер, CITROËN SpaceTourer со своите три должини и изглед се вклопува на начинот на живеење на денешните семејства но и за потребите на професионалните возачи. Возилото пленува со својата привлечност, удобност, практичност и добар изглед. Со новата платформа, SpaceTourer обезбедува динамични перформанси мала потрошувачка на гориво. Оn–board технологијата овозможува високо ниво на безбедност. Тука е и моделот CITROËN SpaceTourer HYPHEN кој е резултат од соработката со француската поп група “HYPHEN HYPHEN” и претставува возило кое има стил, авантусистички изглед и го зголемува чувството на задоволство и забава.

Новиот CITROËN Мehari многу потсетува на неговиот предходник од 1968 година. Е-Mehari претставува електрично возило со модерен и забавен стил. Заедничкото партнерство со Bolloré Group, CITROËN ја потврдува својата амбиција да донесе на пазарот весели, оптимистички возила кои со својот изглед се разликуваат од останатите. Возило дизајнирано за потрошувачи кои имаат позитивен поглед на животот, Е-Mehari се издвојува како слободен дух во автомобилскот пазар!

CITROËN C4 CACTUS – Урбана икона

CITROËN C4 Cactus ги поставува основите за едно ново возило со уникатен дизајн, претставува комбинација на практичност и убавина. Автомобил кој е наградуван 35 пати, особено со престижната награда «World Car Design of the Year 2015». CITROËN C4 Cactus да ја развива својата гама со две нови понуди кои беа претставени на саемот во Женева.

CITROËN C4 Cactus Rip Curl е нов тип на кросовер кој се стреми да го револуционизира автомобилскиот сектор, C4 Cactus продолжува да се шири во својот сегмент со Светската Премиера на специјалното издание произлезено од соработката помеѓу CITROËN и Rip Curl, светскиот лидер во производство на опрема за сурфање. На овој начин, CITROËN на своите фанови им нуди верзија која во исто време е различна, технолошки напредна со високо ниво на перформанси, создадена за релаксирање, одмор и благосостојба. Зголемената влечна сила на CITROËN C4 Cactus Rip Curl ветува уникатно возачко искуство на возачот и патниците без оглед на сезоната и дестинацијата, и јасно се истакнува од останатите автомобили со својот луксузен и компактен изглед.

Удобна и подобрена гама

Веќе околу 100 години, CITROËN е препознатлив по својата умешност кога е во прашање комфор и удобност. CITROËN поседува одредена вештина во начинот на осмислување на возилата. Се работи за сеопфатен комфор, кој нуди благосостојба на телото и духот, како би се одговорило на новите очекувања и новиот начин да се доживее со автомобилот. Удобноста е присутна во сите нивоа. Можете да ја најдете во дизајнот, во големата кабина, интелигентната организација на просторот, многубројните и големи прегради, удобни седишта со мазен материјал и др.
Гамата на CITROËN е исто така позната и по своите мотори и менувачи од најновата генерација. Со своите дизел BlueHDi и бензински PureTech мотори, CITROËN нуди возила кои се ефикасни во сите сегменти, со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите, и воедно да ја заштитат животната средина. Ефикасните три-цилиндрични бензински мотори PureTech се познати по своите перформанси, ниска емисија на СО2 и мала потрошувачка на гориво, меѓу кои е и три-цилиндричниот турбо мотор избран за најдобар во 2015 година. BlueHDi технологијата се состои од Selective Catalytic Reduction (SCR), кој е вграден во предниот дел на филтерот за честички и овозможува елиминирање до 90% на азотните оксиди (NOx) кои ги произведуваат дизел моторите. Денес овој систем е признат како најефикасен систем за обработка на NOx. CITROËN нуди и нов автоматски менувач со шест брзини (EAT6), кој на возачите им овозможува максимално задоволство при возењето.