November 29, 2017

НОВИОТ КОМПАКТЕН SUV CITROËN C3 AIRCROSS ФИНАЛИСТ ВО ИЗБОРОТ ЗА « АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА 2018 »

НОВИОТ КОМПАКТЕН SUV CITROËN C3 AIRCROSS ФИНАЛИСТ ВО ИЗБОРОТ ЗА « АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА 2018 »

Жирито на европскиот трофеј за Автомобил на годината (Car of the Year) се одлучи за 7 модели-финалисти од 37 автомобили кои беа во изборот за оваа престижна награда. Новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross се наоѓа на листата финалисти за оваа престижна награда. Автомобилот на годината 2018 ќе биде прогласен на 5 март наредната година, на Саемот на автомобили во Женева.

Секоја година од 1964, комитетот за организација на “Car of the Year” наградува еден автомобил на годината. Во ова гласање активно учествуваат 60 новинари од 23 европски држави. Возилата-финалисти се оценувани за повеќе критериуми како на пример: сооднос квалитет-цена, дизајн, комфор, сигурност, технологии и перформанси и зачувување на животната околина.

Новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross е еден од 7–те финалисти за наградата Автомобил на годината 2018. Со неговата оригинална градба, модерен и изразен стил, новиот C3 Aircross лансиран во месец октомври, веќе донесе 25 000 нарачки во Европа. Ги воодушевува своите купувачи со својот извонреден патнички простор, својот огромен капацитет на модуларност и светлина во внатрешноста. Оптимално ниво на комфор и сигурност, 12 модерни технолгии за помош во возењето, 4 технологии за поврзаност, а веќе си заработи и 5 ѕвезди на тестовите Euro NCAP.

Со 426 000 регистрирани автомобили во Европа по првата половина од 2017, Citroën запиша рекордна продажба во последните 6 години, односно прогресија во Европа од +5,6% во споредба со истиот период 2016. Една година по новиот C3, best seller од гамата Citroën, со повеќе од 200 000 продажби од лансирањето, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross се приклучува кон програмата за обновување на марката Citroën со цел продолжување на нејзините силни перформанси.

Споредбените тестови помеѓу седумте финалисти ќе се одржат во февруари 2018, а моделот кој ќе добие најмногу гласови ќе ја добие престижната награда  на 5 март 2018, на отворањето на Саемот на автомобили во Женева.