April 22, 2015

МАРКАТА НА DS НА 16-ИОТ САЕМ ВО ШАНГАЈ

МАРКАТА НА DS НА 16-ИОТ САЕМ ВО ШАНГАЈ

Меѓународниот саем во Шангај ги отвори своите врати за посетители на 21 април. Новата автомобилска премиум марка DS црпи инспирација од најдоброто од францускиот луксуз и ја вбројува Кина како најважна стратегија во светскиот развој. Три производи се комерцијализирани за само 12 месеци и се отворени 82 продажни салони. Новиот DS 5 истовремено е лансиран во Кина и во Европа ! И како доказ на својата амбиција: специјална серија на Новиот DS 5 со назив: DS 5 Golden Mat.

Глобална марка

Кина останува приоритет на марката DS. Доказ за тоа е и нејзиниот штанд на саемот каде премиерно го прикажува своето ново лого ‘DS Automobiles’, и својот потпис ‘Spirit of avant-garde’ како и својот најнов модел: Новиот DS 5.

« Да се лансира новиот DS 5 истовремено во Европа и во Кина е навистина важен чекор во имплементирање на нашата стратегија на глобализација и концепција на производи. Нашата цел е да поседуваме гама од 6 светски автомобили!  » се довери Ив Бонефон, генералниот директор на марката DS.

Премиум марка  

На штанд од 986 m2, во премиум халата 7.1,  се изложени десеттина модели на DS меѓу кои и новиот DS 5. Од DS 23, симбол на наследството на марката, до show-car DS 5 MoonDust, преку DS 5 LS, SUV DS 6, како и неизбежниот DS 5 Golden Mat, посетителот влегува во светот на екслузивноста, посветеноста на деталите, дизајнот и технологијата.

DS ВО КИНА :

3 модели лансирани за една година (DS 5, DS 5 LS, DS 6)

Фабрика во Шензен

82 DS Stores во 60 градови

26 000 фактурирани возила во 2014 каде Кина претставува 22 % од светските продажби на марката