June 11, 2014

MA QING HUA ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ НА FIA СО CITROËN !

MA QING HUA ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ НА FIA СО CITROËN !

- Автор на извонредна трка во Москва, Ma Qing Hua влегува во историјата како прв Кинез кој победил на една трка на.
– José-María López се прослави со победа во првата трка, откако се постави во пол позиција.
- Sébastien Loeb и Yvan Muller исто така ја вкусија радоста да се качат на подиумот на руските патеки. На генералниот пласман, е statu quo со López на чело пред Muller и Loeb.

Стартот за првата трка беше најавен на околу попладне под едно прекрасно сонце. Поставен на пол позиција, José-María López успешно го смири налетот на Gabriele Tarquini и Tiago Monteiro пред првото сопирање. Двајцата се допреа и аргентинецот ја завзеде лидерската позиција пред Tarquini и Loeb. Петти, Yvan Muller веднаш ја искористи приликата да го оддели од себе Tiago Monteiro. Двајцата водеа жестока битка од која профитираше Tom Chilton.

На чело, José-María López си ги штедеше силите со неколку должини предност за да ја добие својата четврта победа оваа сезона. Искористувајќи ја секоја можност, Sébastien Loeb се задоволи со третото место зад Tarquini. Yvan Muller ја задржа четвртата позиција со претекнување на Chilton во првиот круг. Во ритамот меѓу најдобрите на неговото прво појавување на FIA WTCC, Ma Qing Hua заврши шестопласиран откако го претекна Norbert Michelisz а потоа и Tiago Monteiro.

Отакако беше направен подиумот, механичарите ги подготвуваа возилата за втората трка, која набргу стартуваше. На почетокот, José-María López остана неподвижен на решетката, поради проблем со рачката на менувачот. И покрај неговата позиција во првата линија, Ma Qing Hua заврши на третата позиција зад Valente и Michelisz. Креатор на одличен залет, Yvan Muller се постави на чело откако беше поттурнат од еден друг конкурент. Четирикратниот светски шампион за заврши првата трка деветорангиран веднаш зад Sébastien Loeb.

Набрзо започна уште една битка помеѓу Michelisz и Ma. И двајцата постојано беа  залепени врата до врата, кратко пред возачот на Citroën дефинитивно да направи предност кон средината на трката! Тогаш Valente одслужуваше казна за направен ‘drive through’ бидејќи неговите тркала не беа монтирани на време на решетката.

Трката беше анимирана од другите учесници со одлично зацврстување на позицијата на Yvan Muller. Возачот на C-Elysée WTCC n°1 Ma Qing Hua беше вториот ред. Кинезот одлично ја контролираше ситуацијата во стилот на ‘искусен војник’ и ја премина целната линија како победник!

Откако се ослободи од Gianni Morbidelli, Sébastien Loeb исто така си обезбеди место во екипата за лов. Му го украде петтото место на Michelisz во последната кривина.

 

ПЛАСМАН

ТРКА 1
1. José-María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Gabriele Tarquini (Honda Civic WTCC)
3. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
5. Tom Chilton (Chevrolet RML Cruze TC1)
6. Ma Qing Hua (Citroën C-Elysée WTCC)
7. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
8. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
9. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
10. Rob Huff (Lada Granta 1.6T)
FL: José-María López – 1:40.148

ТРКА 2
1. Ma Qing Hua (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Mehdi Bennani (Honda Civic WTCC)
4. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
5. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Tom Chilton (Chevrolet RML Cruze TC1)
7. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
8. Gianni Morbidelli (Chevrolet RML Cruze TC1)
9. Hugo Valente (Chevrolet RML Cruze TC1)
10. René Munnich (Chevrolet RML Cruze TC1)
FL: Hugo Valente – 1:40.742

DRIVERS WORLD CHAMPIONSHIP
1. José-María López 209 pts
2. Yvan Muller 168 pts
3. Sébastien Loeb 161 pts
4. Tiago Monteiro 105 pts
5. Gabriele Tarquini 96 pts
12. Ma Qing Hua 33 pts

MANUFACTURERS WORLD CHAMPIONSHIP
1. Citroën Total 502 pts
2. Honda 333 pts
3. Lada 165 pts