February 21, 2017

CITROËN SPACETOURER 4X4 Ë CONCEPT :ДОЖИВЕЈТЕ ЈА АВАНТУРАТА СО СТИЛ

CITROËN SPACETOURER 4X4 Ë CONCEPT :ДОЖИВЕЈТЕ ЈА АВАНТУРАТА СО СТИЛ

Citroën на Саемот во Женева 2017 ќе го претстави својот оригинален concept car : SpaceTourer 4X4 Ë Concept, автомобил кој е дел од колекцијата производи Lifestyle наречена « Ë ». Уникатното лого на колекцијата производи « Ë » се состои од модерни и високо технолошки производи, премиерно претставени на Саемот во Париз.Овој концепт го реафирмира оригиналниот дух на марката и го себе ги сублимира сите предности и позитивни адути на сериската верзија. Компактната верзија XS, на SpaceTourer 4X4 Ë Concept се истакнува со трансформација 4X4, заштитна опрема како и графички елементи однадвор и специјално уредување на ентериерот што во целина сочинуваат убаво дизајниран автомобил, практичен и современ, целосно посветен на уживањето и на авантурите.

Citroën SpaceTourerе модерен ван, бескомпромисен спој на дизајн, мултифункционалност и комфор. На само неколку денови од почетокот на Саемот во Женева, Citroën ја продолжува својата SUV офанзива со претставување на SpaceTourer 4X4 Ë Concept. Оригинална интерпретација на SpaceTourerод колекцијата производи под логото « Ë » премиерно претставен на Штандот на Citroën рамки на Саемот на автомобили во Париз.

 

01 –ДИЗАЈН СО АВТЕНТИЧНА ДИНАМИЧНА ГРАФИКА

ИзвонредниотCitroën SpaceTourer 4X4 Ë Concept се истакнува со својата игра на бои и материјали како однатре така и однадвор со што доаѓа до израз неговата динамична графика.

Спој на Ван и SUV,овој концепт може да има и погон на сите четири тркала SpaceTourer 4X4 Ë Concept, специјални носачи на кров од сјајен алуминиум, дополнителна заштита на крилата напред и назад. Логото « 4X4 » е поставено на страничните ретровизори и на задната врата а на неговите пневматиците се поставени ланци за снег.

Овој силен и издржлив ван го има во три верзии XS, M и XL за да ги задоволи потребите на бројните семејства и на професионалците. Компактната верзија XS на SpaceTourer 4X4 Ë Concept се карактеризира со должина од само  4,60m и ограничена висина од 1,90m. Дури и повисоката верзија 4X4 by Dangelостанува во границите на висина од 2 метри со што има пристап до подземните паркинзи.

CL 17.017.002

 

02 –ПОКАНА ЗА АВАНТУРА

Дизајниран за авантура без граници со мотор diesel BlueHDi 150 S&S и мануелен шестостепен менувач, Citroën SpaceTourer 4X4 Ë Concept нуди моторен погон на сите четири тркала и комфор во возењето на највисоко ниво.

Идеален за големо семејство или бројно друштво на пријатели Citroën SpaceTourer 4X4 Ë Concept нуди висока поставеност на возачкото седиште и оптимален комфор во патничкиот простор. Подвижно задно стакло и две лизгачки врати кои се отвораат автоматски без употреба на рацете се дел од ексклузивитетите на Citroën SpaceTourer 4X4 Ë Concept.

03 –КОМФОР И МОДЕРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Дизајниран според програмата на Citroën Advanced Comfort® во себе вградува бројна технолошка и стилистичка опрема во служба на примена и сигурност.

Citroën SpaceTourer 4X4 Ë Concept располага со телепатски уреди од најнова генерација од примерот на:

– поврзана навигација во 3D,  CITROËN Connect Nav: со гласовно препознавање или на екран на допир од 7’,
– Mirror Screen: за користење на апликациите од вашиот смартфон на таблетот на допир од 7’’,
приказ на информации на проѕирен дисплеј во висина на поглед на возач,
Top Rear Vision :камера поставена назад која испраќа слика на екранот на допир,
– Систем за контрола на мртвиот агол : кој го информира возачот за присуство на возило во мртвиот агол.

Препознавање на  сообраќајните знаци за ограничување на брзина:

– Автоматска промена на светлата за пат: во зависност од густината сообраќајот и дневната светлина,
– Предупредување за ненамерно преминување на коловозна линија, доколку не е вклучен трепкачот.
– Active Safety Brake: уред кој помага за намалување на повредите на патниците при нагло сопирање,
– Предупредување при опасност од удар,
– Регулатор на брзина: во однос на возилото кое се наоѓа пред него.