September 19, 2017

CITROËN НА САЕМОТ ВО ФРАНКФУРТ 2017: СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ SUV COMPACT C3 AIRCROSS

CITROËN НА САЕМОТ ВО ФРАНКФУРТ 2017: СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ SUV COMPACT C3 AIRCROSS

На Саемот на автомобили во Франкфурт 2017, Citroën ја конкретизира својата
офанзива во SUV сегментот, со премиерно изложување на НОВИОТ SUV COMPACT
C3 AIRCROSS, SUV од новата генерација со афирмиран карактер, кој нуди
просторност зад управувачот и модуларност карактеристичен за моноволумен,
како и комфор и иновативни технологии.

Рамо до рамо со овој модел се изложени и два новитети кои го споделуваат истиот авнатуристички дух и желбата за забава:

– SPACETOURER RIP CURL CONCEPT, оригинален concept car 4X4, со авантуристички и пријателски дух на Rip Curl;

– НОВИОТ E-MEHARI STYLED BY COURRÈGES, лимитирана серија, која ја отсликува креацијата на двете легендарни француски марки и ја претставува премиерно втората генерација на E-MEHARI.

Три нови модели, три нови начини на доживување на автомобилот. Citroën го докажа својот капацитет за модерни одговори на новиот стил на живеење. Филозофска мисла концепирана околу кампањата « Inspired By You » и имплементирана во новите возила според програмата CITROËN ADVANCED COMFORT®. По огромниот комерцијален успех на Новиот C3 досега продаден во повеќе од 170 000 примероци, Citroën непрестано ја развива својата мрежа нови услуги за подвижност за да понуди уникатно автомобилско искуство.

Citroën во Франкфурт се претставува со: НОВИОТ SUV COMPACT C3 AIRCROSS. Овој SUV се наметнува со својата боја и уникатна архитектура.

На штандот е акцентиран неговиот потенцијал за персонализација: бројни комбинации на боја на каросерија и дизајн на ентериерот. Со 12 нови и модерни технологии за помош во возењето и 4 технологии за поврзување со светот претставува вистински репер во својот сегмент. Подеднакво снаодлив и во град и на автопат овој нов SUV се истакнува со системот за Grip Control со Hill Assist Descent.

-SPACETOURER RIP CURL CONCEPT. Citroën и Rip Curl ја продолжуваат својата плодна соработка со претставување на својот нов концепт со можност за трансформација во 4×4 од страна на Automobiles Dangel.

Марката Pössl пак создаде компактен camping-car на истата платформа. SpaceTourer Rip Curl Concept ќе го придружува тимот на Rip Curl за време на Rip Curl Tour by Citroën од октомври 2017 до јануари 2018!

– E-MEHARI STYLED BY COURRÈGES- ексклузивна лимитирана серија потпишана од Courrèges, ја најавува новата генерација на E-MEHARI. Двете ексклузивни марки претставуваат верзија во елегантна црна боја во контраст сентериер во светла бела боја впечатлива за Courrèges.

– C3 & C3 WRC. Новиот Citroën C3, досега продаден во повеќе од 170 000 примероци од неговото комерцијализирање, а пак C3 WRC, е одраз на страста кон автомобилот и спортскиот дух.Услуги во дослух со современото живеење кои го менуваат начинот на подвижност и го поедноставуваат животот на автомобилистите

Станува збор за услуги во служба на клиентите од примерот на Citroën Advisor, он-лајн продажба на производи Citroën, како и новите услуги за подвижност Citroën Rent&Smile за изнајмување на возило Citroën или пак Citroën Earn&Drive каде клиентот може и да заработи со понуда на изнајмување на своето возило.

– Атрактивен штанд кој вистински наликува на простор на домување со употреба на природни материјали. Посетителите ќе можат да се запознаат со новиот концепт на продажните центри на Citroën.

Повелете на штандот на Citroën до 24 -ти септември хала 8, Штанд A26.