June 30, 2016

CITROËN C3 : НОВАТА ОФАНЗИВА НА CITROËN

CITROËN C3 : НОВАТА ОФАНЗИВА НА CITROËN

Денес Citroën го открива новиот Citroën C3 и на тој начин го обновува својот производ кој претставува best-seller со над 3,5 милиони продадени примероци од 2002 година. Со обоен карактер, новиот C3 ги поместува сите закони на пазарот донесувајќи свежина и оптимизам. Се истакнува со својата оригинална архитектура и графички елементи кои се спој на енергичност и чувство на доверба. Зајакнат авантуристички стил со богат капацитет за персонализација.

Во внатрешноста, новиот C3 е дизајниран за бескомпромисен комфор за секое патување да биде посебен момент на уживање. Располага со интернет технологии од најнова генерација, меѓу кои се истакнува светската премиера на ConnectedCAM Citroën™, HD камера за споделување на слики и видеа.

Претставувањето на новиот C3 воведува свежина во автомобилскиот свет. Мултифункционална лимузина надвор од сите стереотипи се афирмира како возило « punchy » 1 (енергично) и обоено, со карактер кој ве привлекува и воодушевува.

« Citroën ги поседува сите маркери, Новиот C3 е фантастичен адут за да даде нова двигателна сила на марката. Главен предизвик за нашиот best-seller кој претставува едно од пет продадени возила на Citroën во Европа. Изразен карактер и комфор умешно ги воодушевува своите нови клиенти, кој со својот модерен дизајн ја подмладува и марката. » Линда Џексон – CITROËN Brand CEO

Новиот Citroën C3 се вбројува во главните вредности на марката Citroën :

« OPTIMISTIC » со својот енергичен дизајн. Уште на прв поглед, со својата оригинална архитектура новиот C3 веднаш се препознава и истакнува. Капакот на моторот напред е високо поставен и е харизматичен, а широките заоблени крила над тркалата оставаат впечаток на моќност и енергичност. Мазните површини, дизајнираниот потпис и боите го прават ова возило да биде тренди и во духот со времето. Однадвор, новиот C3 може да се одбере во две бои со избор од 3 бои на покривот, кои продолжуваат на рамките на магленките, школките на ретровизорите на фиксниот прозорец назад и на Airbump ® . За ентериерот, на располагање се 4 можности за персонализација на амбиентот, за секој да може да си одбере ентериер според сопственото расположение. Перцепцијата за просторност се акцентира со изработката на седиштата и хоризонталниот и прочистен дизајн на командната табла.

« HUMAN » за уживањето кое е загарантирано. Со програмата Citroën Advanced Comfort ® , које е применета при дизајниорањето на новиот C3, Citroën ги обновува законите за комфор и им дава модерен дух. Уште при самото влегување во автомобилот, се чувствува реална перцепција за уживање и удобност благодарение на седиштата кои визуелено и физички се удобни, како и на панорамското ветробранско стакло кое го потопува внатрешниот простор во светлина. Сензационална целина од бои и материјали, инспирирана од светот на мебелот и патувањето, за да се почувствувате во C3 « како дома». Новиот C3 им гарантира на своите патници ефект на заштитна капсула од надворешниот свет и од патот . Примената ја поедноставува си групирање на функционалностите на таблетото на допир од 7’’ како и пристап и стартување на возилото на принципот hands-free. Со пет врати, новиот C3 е практичен и компактен со должина од 3,99m.

« SMART » со современи технологии. Светски ексклузивитет, Citroën нуди ConnectedCAM Citroën™. HD камера, поврзана и интегрирана за сликање и видео снимање и нивно споделување на социјалните мрежи или сочувување за себеси. Новиот C3 нуди и целосна опрема за олеснување на животот на возачот: навигација во 3D со гласовно препознавање, камера за движење наназад, Предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија, и надгледување на мртвиот агол. Ефикасноста на новиот C3 се пронаоѓа и во гамата на ефикасни мотори : бензин PureTech, Diesel BlueHDi, и автоматски менувач со најмодерна технологија EAT6.

« Оригинална градба, персонализација и поврзаност со светот, новиот C3 доведува свежина, енергичност и модерен изглед. Инкарнација на главниот напаѓачки производ на Citroën на пазарот» Гзавиер PEUGEOT – CITROËN Brand Product Director

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :

Должина : 3,99 m
Ширина : 1,75 m
Висина : 1,47 m
Меѓуоскино растојание : 2,54 m
Зафатнина на багажен простор : 300 L