April 2, 2014

ЗА ВЕЛИГДЕН, ФИЛИП КОНТИСИНИ СОЗДАДЕ ОРИГИНАЛНИ ПЕЧИВА ЗА DS WORLD PARIS

ЗА ВЕЛИГДЕН, ФИЛИП КОНТИСИНИ СОЗДАДЕ ОРИГИНАЛНИ ПЕЧИВА ЗА DS WORLD PARIS

За Велигден, Филип Контисини, познатиот шеф- мастор за печива ќе создаде две оригинални креации за посетителите на DS WORLD PARIS : « chou DS » ( крцкаво празно печиво полнето со крем) и « chou-colat croustillant »( полнето со чоколадо). За да ги пробате, треба да се упатите кон адресата -Франсоа 1, бр 33, Париз 8 на следните три датуми : саботите на 5-ти, 12-ти и 19-ти април. Бар со овие крцкави печива ќе биде поставен во продажниот салон на DS WORLD PARIS, целосно посветен на моделите DS, и ќе биде единствено место каде ќе може да се вкусат и купат овие ексклузивни благи печива.

По повод празникот Велигден, Филип Контисини ја изработи специјалната смеса за печивото за да да понуди оригинални сензации, за големи гурмани. « Сакам да ја оживеам традицијата, да го истражувам нејзиниот потенцијал останувајќи во нејзните рамки. Рамнотежата помеѓу традицијата и модерното време, ја пронаоѓам во DS WORLD PARIS : DS отсекогаш претставува симбол на авангардноста и умешноста и знењето на француски начин», објасни Филип Контисини. Францускиот мајстор за печива, со светско реноме, се инспирира од амбиентот на DS WORLD PARIS за да им понуди на посетителите невообичаено гурманско место. Помеѓу вкусот на традиционалното чоколадо, деликатес пар екселанс, пикантниот џумбир и благата ванила, зачудувачка и невообичаена деликатна креација !

 

Во трите попладниња во април (саботите 5, 12 и 19), барот со благи крцкави печива на посетителите во салонот DS WORLD PARIS ќе им открие две креации, неочекувани, оригинални и целосно надополнувачки:

–          Крцкавото печиво со чоколадо« chou-colat croustillant » за DS. Филип Контисини креираше спој  на бисквит и крцкава смеса. Крцкавото печиво е наполнето со  какао streusel и специјални кристали од сол. Во нежното тесто на печивото, вкусниот streusel од чоколадо и долж вкусот на кристалите од сол, оваа креација е спој на традиција со авангардноста, двете водечки вредности на DS.

–         Печивото « chou DS » е составено од крем од ориз со млеко од ванила и џумбир, парфимиран шмек инспириран од мирисниот свет на DS WORLD PARIS. Ова колаче DS ќе биде приготвувано пред очите на посетителите во DS WORLD PARIS.

Со овие две колачиња, Филип Контисини  креираше контраст на вкусови и бои за да созададе две печива кои се јадат на еден залак преполни нежност и хармонија.

ds-kolacinja2

« Да се покани светски признат и познат кулинарски мајстор во DS WORLD PARIS е вистинско задоволство и гордост. Неговата умешност и неговата креативност се одраз на светот и на моделите на DS кои се наменети за купувачи кои се во потрага по стил, сензации и елеганција. Пресреќен сумшто нашата соработка по повод празникот Велигден, затоа што ќе им понудуме на нашите посетители сетилно искуство и вистинско уживање за очите, ушите и за допирот. До денес сè е договорено и подготвено ! », додаде Јулиен Фо, директор на DS WORLD PARIS.