Кон содржината
Citroën Oli [all-ë]
CITROËN OLI [ALL-Ë]: РАДИКАЛНИОТ, ОДГОВОРЕН И ОПТИМИСТИЧКИ ПРИСТАП ИНИЦИРА ИДНИ 
СМЕЛИ НАМЕРИ ЗА МАРКАТА
05/05/2021

ПОТТИК

·         Citroën Oli [all-ë] е впечатлив концептуален манифест на интелигентни идеи кои ја предизвикуваат состојбата статус кво; одредиште за сестрана и пријатна целосно електрична мобилност за подобрување на животите и стилот на живот на сите луѓе.

·         Citroën Oli се осмелува да каже „доволно е“ спротивставувајќи се на индустриските трендови, за потешки, посложени и поскапи семејни автомобили со нула емисија на гасови, за да одговори на социјалните и мобилни предизвици на иднината.

·         Се надоврзува на иновативниот Ami со привлечни начини да ја направи мобилноста радосна, достапна, одговорна и повеќекратно корисна.

АМБИЦИЈА

·         Цели да биде најдобар во класата за проценка на животниот циклус преку намалена тежина и сложеност, рециклирани материјали и материјали кои може да се рециклираат, достапност, издржливост и долготрајност.

·         Оптимистичката „лабораторија на тркала“ е повеќекратен манифест на интелигентни идеи за иднината.

·         Целта на Citroën Oli е да се постигне најдобра контрола на животниот циклус преку намалување на тежината и комплексноста, со користење на рециклирани и рециклирачки материјали, за подобра долговечност, сигурност и достапност.

·         Целната тежина од 1.000 кг испорачува автономија од 400 km; максимална брзина од 110 km/h за максимална ефикасност и потрошувачка од 10 kWh на 100 km; 20 до 80% полнење за околу 23 минути.

·         Поттикнува нов пристап кон услугите за клиентите сопственици на Citroën и партнерските искуства.

ГЕНИЈАЛНОСТ

·         Не е автомобил, туку повеќенаменски секојдневен придружник на вашиот живот, што е исто толку корисен кога не го возите, како и кога го возите.

·         Овозможува животен стил: електричен уред со паметни V2G и V2L способност и моќ за пријатно возење и живеење.

·         Херој со неконвенционална силуета, искрена естетика придвижена од функционалност, ефикасност и издржливост.

·         Силната личност го олицетворува пристапот на паметниот индустриски дизајн и ја нагласува повеќенаменската сестраност.

·         Ефикасен, со идентични предни врати, браници и заштитни елементи, рамни панели и стакло, материјали со мала тежина.

·         Цврстиот рамен капак на моторот, покривот и панелот за седење со можност за собирање, на кои може да стоите, се изработени од рециклиран картон во форма на саќе.

·         Уникатни челично/алуминиумски хибридни тркала обложени со одржливи и интелигентни концептуални пневматици Goodyear Eagle GO.

·         Просторна, иновативна внатрешност со светлосни зраци од „Smartband“ HMI проектор, како и информации и забава „какви ќе си донесете“.

·         Комфорни седишта со мрежест наслон за грбот, под што може да се мие и лесни рециклирани материјали.

·         Животен век: може да се обнови, надогради и поправи со рециклирани делови и препродаде за повеќе сопственици.

МИСИЈА

·         Ја демонстрира мисијата на Citroën да испорача едноставна целосно електрична мобилност за сите, за да се подобри секојдневието на луѓето со најниско можно влијание врз животната средина.

·         Се очекува да се видат идеи инспирирани од Oli, дизајнерски детали и предности во внатрешноста претставени во идни производни модели.

·         Симболично го претставува новото толкување на логото со двојни шеврони на Citroën, прифаќањето кај сите нови производи и новиот корпоративен идентитет.

 

 

1.       ПОТТИК

За Citroën, предвидувањето на иднината за достапна лична мобилност е опсесија, а успехот на Ami обезбеди поттик „неконвенционалното“ да се однесе на друго ниво со концептуалниот Oli [all-ë].

Иновативниот Ami покажа како Citroën се осмелува да ги изведе работите поинаку за да ја исполни својата обврска да ги прави работите на поинаков начин за да излезе во пресрет на создавањето едноставен, комплетно електричен превоз достапен за сите. Исто така обезбеди поттик за Oli, впечатлива и иновативна « лабораторија на тркала », дизајнирана за да ја придвижи иглата за семејна мобилност спротивставувајќи се на индустриските трендови за потешки, посложени и поскапи електрични возила.

« Овој проект го нарековме « Oli » [“all-ë”]  како поздрав на Ami и затоа што го сумира сето она што треба да претставува возило – понатамошен доказ дека само Citroën може да понуди ЦЕЛОСНО електрична мобилност на СИТЕ луѓе на непредвидливи, одговорни и надградувачки начини », изјави Vincent Cobée, Извршен директор на Citroën.

Oli е водечката светлина на Citroën: авантуристички, повеќенаменски манифест на паметни и остварливи идеи фокусирани на намалување на тежината и комплексноста за да се максимирање на ефикасност, разновидност и достапност. Oli е одредиште, во кое трендот за „повеќе“ е заменет со конструктивното:

Значајно, клиентите може да очекуваат да видат многу концепти и иновации прикажани кај Oli да се пронајдат кај идните електрични семејни возила на Citroën.

Додека Ami беше буквално мал чекор за „загревање“, Oli сигнализира возбудлив скок напред. Наместо « палата на тркала », со тежина од 2500 kg, полна со екрани и додатоци, Oli докажува дека со доволно од работите што на клиентите им требаат и што ги сакаат, подржано со иновативна употреба на соодветни материјали и одржлив производствен процес, може да се одговори на општествената потреба за мобилност со посакуваната нула емисија на гасови, која нема висока цена, а ќе овозможи повеќе стилови на живот.

Vincent Cobée објаснува зошто е вистинско време за Oli: « Симултано се случуваат три општествени конфликти : првиот е вредноста и зависноста од мобилноста, вториот е поврзан со економските ограничувања и неизвесноста на ресурсите, а третиот со нашата растечка желба за одговорна и оптимистична иднина. Потрошувачите може да почуствуваат дека ерата на изобилие е можеби завршена и дека засилените регулативи и зголемените трошоци може да ја ограничат нашата можност за слободно движење. Истовремено, растечката свест за потребата од забрзување на промените за спречување на глобалното затоплување нè прави посвесни и поснаодливи кога станува збор за животната средина.»

Во средината на 70-тите години, типичен семеен автомобил тежел околу 800 килограми, бил долг 3,7 m и широк 1,6 m. Денес, овие возила тежат повеќе од 1.200 kg, па дури и 2.500 kg, долги се најмалку 4,3 m и широки 1,8 m. Правните и безбедносни барања делумно придонесоа за овој раст, но ако овој тренд продолжи и ние продолжиме да ги паркираме овие возила 95% од времето, а 80% од патувањата се реализираат со еден патник, конфликтот помеѓу потребата за заштита на нашата планета и идното ветување за одржлива, електрифицирана мобилност нема да биде лесен за решавање.

« Citroën верува дека електрификацијата не треба да значи изнудување, a да бидеме еколошки одговорни не треба да биде казниво со ограничување на нашата мобилност или да ги направиме нашите возила помалку едноставни за користење. Потребно е да ги измениме трендовите правејќи ги возилата полесни и со пониска цена, како и да најдеме иновативни начини за максимирање на употребата и обновата за следните сопственици. Во спротивно, семејствата повеќе нема да можат да си приуштат слобода за мобилност кога целосно електричните возила ќе станат единствената достапна опција. Oli е силен приказ како Citroën се справува со овие конфликти веродостојно и со оптимизам.»

 

 

2.                   АМБИЦИЈА

За Laurence Hansen, одговорна за развој на производи во Citroën и Laurent Barria, одговорен за маркетинг и комуникација во Citroën, Oli [all-ë] ја отелотворува мисијата на Citroën, да ја демократизира електричната мобилност на пригоден начин.

Citroën смета дека е вистинското време да се каже « доволно е » на трендот за претераност и трошење, а наместо тоа да се фокусира на создавање чисти, искрени возила кои се полесни, помалку сложени и навистина достапни, како и иновативни и весели.

Необичен и едноставен, Ami веќе направи голем чекор во оваа насока. Додека електрифицираните и целосно електричните модели како ë-C4 и новиот ë-C4-X, како и лесните комерцијални возила како ë-Berlingo и ë-SpaceTourer, веќе овозможуваат пристап до предностите на електрифицираното возење со комфор, персолазиација и вредност за клиентите какви се очекува од Citroën.

Со Oli, Citroën храбро покажува како ќе ја зголеми улогата за идните семејна мобилност преиспитувајќи го секој детаљ, со цел да се намалат ресурсите и материјалите  Oli со смелост открива како има намера да ги исполни предизвиците на со цел да направи пријатни возила што се поедноставни за употреба, разбирање и се подостапни, со соодветна автономија и зголемена сестраност.

« Oli е работна платформа за истражување генијални идеи што се реалистични за производство во иднина»., вели Laurence Hansen. « Можеби нема да дојдат сите во исто време, ниту во физилка форма Овие идеи можеби не доаѓаат сите во исто време, не во физичка  форма како што гледате овде, но високото ниво на иновативност кое се прикажува ги инспирира идните возила Citroën. »

 

ЦЕЛ: НАЈДОБРА ПРОЦЕНКА НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

Паметно замисленото концептиално возило Oli е семејно возило за повеќе активности во чие срце е одржливоста и експлицитно покажува како може да се постигна „најдобра во класата“ проценка на животниот циклус (LCA) од концептот со оптимална употреба на лесни и рециклирани материјали, до одржливи производствени процеси, како и од издржливост за продолжен „животен век“ до одговорно рециклирање по завршување на користењето.

« Целта ни беше да користиме само количина на материјали кои навистина  се неопходни. Затоа се обидовме да ги ставиме вистинските ресурси каде што треба да бидат и да го ограничиме влијанието на нивното користење. », изјави Laurence Hansen.

Кога бројот на делови и компоненти е интелигентно намален, се употребуваат најлесните и најодговорните материјали и комплексноста е минимизирана, додека се зголемува разновидноста и функционалноста, добиениот резултат е многу поефикасен, многу достапен и помалку комплициран додека во исто ввреме неочекувано генијален во дизајнот и корисноста.

Осмислените детали се насекаде. На пример, седиштата се многу едноставно конструирани и користат 80% помалку делови отколку традиционалните седишта. Направени се од рециклирани материјали, а паметниот мрежест дизајн на овозможува поголем проток на природна светлина во возилото. Тие, исто така, можат лесно да се надоградат или персонализираат за да одговорат на барањата на секој сопственик. Добитна комбинација во секоја смисла на зборот: намалената тежина на возилото, постигната е одговорност и одржливост, а подобрената атмосфера во кабината позитивно влијае на удобноста на патниците.

«На крајот, тоа е повеќе избор на начин на живот отколку избор на возило. Можете да изберете да платите за најсовремени карактеристики и вештачка интелигенција кои ги користите само 2% од времето додека возите, или можете да се запрашате кое е најодговорното решение и кои се вашите реални потреби» вели Laurence Hansen. « Oli е начин да се каже доволно е! Сакам нешто иновативно, но едноставно, достапно, одговорно и трајно.” Oli е сето ова е и исто така и огромна доза задоволство во вашиот живот!»

 

ПОЛЕСНО, ПОДАЛЕКУ, ПОДОЛГО

Citroën Oli покажува дека со спротивставување на непријателите на досегот и ефикасноста на возилата со електричната батерија, електричните автомобили може да одат подалеку, да траат подолго, да бидат посестрани и трошоците за користење да бидат помали.

« Тоа е магичен круг: за да се испорача поголем досег при елетригно возење, потребно е поголема батерија. Додавањето нова технологија бара повеќе енергија, што исто така значи поголема батерија. Сето ова додава тежина, комплексност и трошоци, а колку повеќе тежи возилото, толку се намалува неговата ефикасност’ додава Laurence Hansen. « Oli покажува што може да се случи кога заземаме комплетно различен пристап. »    

Иако изгледа наметливо, Oli не е ниту тежок, ниту обемен: неговата целна тежина од околу 1.000 кг го прави многу полесен од повеќето компактни SUV возила.

Според тоа, неговиот целосно електричен погонски склоп има потреба само од 40 kWh батерија за достигнување на целна автономија до 400 km. Со ограничување на максималната брзина до 110 km/h за да се максимира ефикасноста, одлична потрошувачка од 10 kWh/100 km е реална и за полнењето од 20% до 80% потребно е само 23 минути.

 

ТРАЈНО ПАРТНЕРСТВО

Citroën Oli е дизајниран за максимирање  на долговечноста и издржливоста, така што, како дом, може да има повеќе сопственици и да го продолжи својот активен животен циклус. Во комбинација со неговата амбициозна цел за добивање на најдобра анализа на животниот циклус, намерата е и да се олесни поправката, обновата, надградбата и пресонализацијата за да може лесно да се предаде « како нов» на неколку последователни сопственици, или да се задржи во рамките на истото семејство за да уживаат и помладите генерации.

Покрај тоа, Oli го поттикна Citroën повторно да ја процени секоја услуга и искуство кои ги овозможува на сопствениците на електрични возила за време на партнерството со марката, особено во насока на растечките трошоци и предизвиците за мобилноста.

« Разбираме колку тешките, предимензионирани возила може да бидат повеќе на терет отколку уживање од економски и еколошки аспект, а знаеме и дека потрошувачите се сè поосетливи на загадувањето и сообраќајниот метеж и дека тежнеат да бидат одговорни во нивниот избор на трговски марки » ,објаснува Laurent Barria. «Затоа, во Citroën, покрај фокусирањето на производството на безбедни возила, насочени сме кон создавање на долгорочни  партнерства со нашите клиенти преку иновативни услуги и искуства дизајнирани да им овозможат животен стил во кој сакаат да уживаат. »

Клучот е да се прошири благосостојбата која клиентите на Citroën веќе ја добиваат од својот Citroën и да се вклучи сè за подршка на возилото и нивното севкупно сопственичко искуство. Затоа Citroën ја претставува новата сеопфатната програма за сенаменски услуги и искуства «Citroën Citizen Services®» инспирирана од Oli. Намерата е да се зајакне чувството на „зен“ во кое ќе уживаат сопствениците на електрични возила Citroën кога тие ќе ги усвојат тие возила во своите животи и во семејството.

 

3.                   ГЕНИЈАЛНОСТ

За развојот на Citroën и дизајнерските тимови, генијалноста беше клучен збор во обезбедувањето Citroën Oli [all-ë] да биде многу повеќе од „автомобил”.

КОРИСЕН ЖИВОТЕН ПАРТНЕР

Citroën Oli всушност претставува животен партнер – корисна секојдневна единица која им помага на луѓето да го живеат животот во целост, дури и кога не се во движење. Претставува засолниште ослободено од нападот на новата технологија, член на семејството во кој може да уживате и уред за видливо повторно поврзување со природата и екологијата.

« Наместо куќа во која живеат или возилото кое го возат, луѓето својот еколошки отпечаток сé повеќе го гледаат како автентичен и позитивен израз за она што  се и начинот на кој живеат», изјавува Anne Laliron, одговорна за напредни производи и решенија за мобилност во Citroën. «Веруваме дека Oli вистински ќе ги инспирира со своите генијални и живи начини на правењето на нештата поразлично за да го поедностават и уживаат во животот, намалувајќи го влијанието  врз ресурсите на планетата.»

Citroën ужива во наследството за иновирање на потрошувачки животни стилови кои ги следеа неговите возила, а бидејќи новата генерација потрошувачи е дури и покреативна во живеењето со невообичаениот Ami, оптимистичниот дух на Oli потенцијално може да го направи истото.

 

ЕЛЕКТРИЧЕН ЖИВОТЕН СТИЛ

Најдобар пример за ова е како Oli може да овозможи електричен животен стил вон неговата способност како форма на мобилност без емисија на издувни гасови.

Како корисен « електричен уред », неприметно природно би се вклопил во електричен еко систем како клучна врска помеѓу куќните соларни плочи (кои можат повремено да произведат вишок енергија што може да се врати во мрежата), потребите на потрошувачите за електрична енергија при движење или дома (на пример при случај на прекин на електричната енергија) и пошироката електрична мрежа.

Подржувајќи паметна способност „Vehicle to Grid“ (V2G), постои потенцијал за возило како што е Oli да направи пари за неговиот сопстевник со складирање на вишокот енергија од соларните панели во домот и продавајќи ја назад кон  снабдувачите на енергија, како и помош при управување со проблемите сссо енергија кога има пик во побарувачката или прекин во мрежата.

Покрај тоа, Citroën Oli покажува како возило може да функционира како дом долеку од домот при летни патувања на плажа или при викенд кампување на ридовите, благодарение на способноста „Vehicle to Load“. Користејќи ја 40 kWh батерија и 3,6 kW електричен приклучок (еквивалент на 230 V 16 A куќен приклучок), Oli теоретски може да напојува 3.000 W електричен уред околу 12 часа.

« Ова е одлично е ако се враќате од пливање или ако сте накиснале од дожд и треба да ја исушите косата », објаснува Anne Laliron. « Има струја за вашиот фен за коса, и можете да уживате во ладен или топол пијалок со вклучување во мини фрижидер или кафе машина. Потоа, навечер, можете да вклучите осветлување и да ја приклучите скарата за вечера, па така Oli е вистински партнер за секојдневниот животен стил. »

Каква и да биде замислата за употреба за Oli при патување или во семејниот дом, тој изобилува со паметни функционалности кои се практични и едноставни за употреба.

 

ЕСТЕТСКИ ДИЗАЈН ВО СЛУЖБА НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА

Впечатлив и јасно давајќи до знаење, неконвенционалниот став и силуета на Oli изобилуваат со карактер, продуктивност  и позитивност со отисок сличен на компактен SUV со 4,20 m должина, 1,65 m висина и 1,90 m ширина.

Му пркоси на традиционалното означување . Oli може да биде што и да треба да биде – семеен автомобил, урбан истражувач, авантуристичко возило или придружник во работата, дури и додаток на семејниот дом благодарение на способноста да ги напојува секојдневните апарати, да помогне во случај на прекин на електричната енергија или да обезбеди платформа за чистење на прозорите.

Pierre Leclerq, одговорен за дизајн во Citroën, верува дека Oli ја прикажува чистината и генијалноста за семејствата кои не се грижат за автомобилскиот статус и стереотипите: « Постои е едноставност која отсекогаш ја имал Citroën што другите марки ја немаат и е многу потешко да се дизајнира предмет, што е едноставен но уникатен отколку да се создаде нешто што е прекомплицирано и уникатно. Помислете на култните возила, како новиот Ami или 2CV: силуети што се инстантно препознатливи како Citroën и кои, поради својот прагматизам, може да живеат подолго. »

Во Oli, естетскиот пристап е намерно преувеличен со цел да се засили функционалноста и сестраноста. И, како Ami, не се плаши да го прикаже својот едноставен и интуитивен пристап, како и да се разликува со разиграна употреба на детали во боја, светли материјали во внатрешноста и живописни шари кои претставуваат можности за персонализација.

« Не се плашиме да ви покажеме како е склопено возилото, можете да ги видите рамките, завртките и шарките. Нагласување на едноставноста овозможува да дизајнираме поинаку и е предизвик за сé”, објаснува Pierre Leclercq. « Со Oli, ние презедовме помалку автомобилски ориентиран пристап и токму оваа едноставност и генијалност ќе инспирира елементи од нашиот дизајнерски јазик во годините што доаѓаат. »

Пред да дизајнира возила, Pierre Leclerq студирал индустриски дизајн, што денес го објаснува неговиот правец: « Во индустрискиот дизајн, ве учат: „Не ми кажувајте дека е убаво, мора да биде функционално”, така, кога се впуштивме да го направиме Oli, се погриживме формата да ја следи функцијата, како што би очекувале со сè од апаратите за домаќинство до комерцијалните возила. Начинот на кој се развива надворешноста на возилото е базирано на внатрешната архитектура – многу е важно бидејжи не можете само да направите атрактивен изглед однадвор без да разберете какво искуство сакате да имаат луѓето внатре. »

Тимот го осмислил секој од елементите на Oli врз основа на потребите за повеќекратни функционалности, намалување на тежина и комплексност со употреба на помалку или општи делови, како и одговорна употреба на рециклирани материјали или материјали што се рециклираат, секогаш кога е можно.

Pierre Sabas, одговорен за напредени дизајн и концептуални возила во Citroën, вели: « Поставивме амбициозни цели и тоа стана вежба за „дизајн по процес”, наместо да се замисли облик и да се најде начин да се направи, ние започнавме со посакуваната функциомналност, а потоа поедноставувавме сè и наоѓавме паметни, одговорни материјали како што се стремевме да ги редуцираме тежината и трошоците, а потоа сето тоа од почеток. »

 

СЕНАМЕНСКА ПЛАТФОРМА

Додека капакот од моторот, багажникот и кровот на традиционалниот автомобил се чини дека може да изгледаат како одлични платформи за за средување на дрвјата на пример, во реалноста, тие ретко се доволно силни за да можат да се качуваат на нив. Ова не е случај со Citroën Oli. Покрај тоа што му даваат уникатна силуета, неговиот рамен капак, покрив и дел од багажниот простор се избрани за подобра светлина, голема цврстина и максималната издржливост.

Создадени во соработка со партнерот BASF, тие се направени од рециклиран брановиден картон обликуван како сендвич со структура на саќе меѓу арматурни плочи од фиберглас. Обложени се со полиуретанска смола Elastoflex® прекриена со заштитен слој цврст, текстуриран Elastocoat®, што често се користи за платформите за паркирање или  товарните рампи и обоен со иновативната боја на база на вода BASF R-M Agilis®.

Овие панели се многу крути, лесни и цврсти – што возрасна личност може да застане на нив, а тежината е намалена за 50 проценти во споредба со еквивалентна челична кровна конструкција. Нивната сестраност и издржливост отвораат низа можности за сопствениците да уживаат во работата и рекреацијата.

Како и да се замисли намената на кровот, од користење како скали или платформа за поставување на шатор, корисноста доаѓа без дополнителна тежина или трошок за егзотични материјали. Тешко е да се поверува дека панелите од 6 kg може да ја носат тежината на возрасен, а истовремено да бидат естетски убави за око и долготрајни, но тие се.

Сестраноста за пренос на товар, исто така, не е компромитирана, бидејќи шините од двете страни на кровниот панел овозможуваат прикачување на додатоци, како што се носач за велосипеди или кровна кутија за семеен одмор, додека под капакот на моторот се наоѓаат совршено структуриран простор за складирање, вклучувајќи дел за кабли за полнење, како и лични предмети или комплет за прва помош.

 

ХОРИЗОНТАЛАТА ЈА ПРЕСРЕТНУВА ВЕРТИКАЛАТА

Свесната одлука да се создаат рамни површини заради целните ресурси и материјали овозможи тимот да експериментира со контрастот помеѓу вертикалните и хоризонталните дизајнерски елементи, на пример кај деталите за стаклата и осветлувањето.

« Сите клучни елементи на дизајнот на Oli се совршено хоризонтални или вертикални. Тоа е нешто со што сакавме да експериментираме», открива Pierre Leclercq. « Вообичаениот пристап би вклучил динамични линии, а други  производители не би се осмелиле да го направат она што ние го направивме. Бараме искреност и ефикасност во јазикот на формите. »

Ветробранското стакло е вертикално бидејќи тоа е начинот да се има најкратко растојание помеѓу врвот и дното, па затоа се користи најмалото количество стакло. На страна намалувањето на тежината и комплексноста, колку е помало ветробранското стакло, толку е поевтино да се произведе или замени, а толку повеќе се намалува и изложеноста на патниците на сонце. Исто така, се проценува дека помага да се намали потрошувачката на енергија, што скромниот систем за климатизација на Oli би ја направил со батериите и до 17%.

« Може да тврдите дека вертикалното ветробранско стакло е помалку аеродинамично, но не очекуваме дека луѓето ќе возат ваков вид на возило со брзина од 200 km/h. Сметаме дека е најкорисен во градски и приградски средини каде луѓето ја намалуваат брзината и се свесни за еколошките и безбедносни аспекти на секојдневната мобилност. Затоа неговата брзина е ограничена на 110 километри на час », посочува  Pierre Sabas

Покрај тоа, за да се подобри ефикасноста, Oli има експериментален систем „Aero Duct” помеѓу предниот дел на капакот на моторот и рамната горна плоча, кој испушта воздух кон предното стакло, создавајќи ефект на завеса за фино струење на воздухот низ покривот.

Карактеристичната рамка на предното стакло со завршна обработка со обвивка во јасна инфрацрвена боја – нова препознатлива боја која Citroën ќе ја користи  во комбинација со новиот идентитет на марката.

Контрастот помеѓу хоризонталата и вертикалата е видлив во рационално промислените бочни страни и стаклото.

Предните врати го следат примерот на Ami и се идентични од секоја страна, иако се поставени поинаку. Полесни се, но сè уште цврсти и многу поедноставни за производство и склопување.

Намалувањето на сложеноста и поедноставувањето на конструкцијата заштедува 20% од тежината по врата, во споредба со типичниот семеен хечбек. Потребни се за половина помалку компоненти, а се заштедува околу 7 kg по врата со отстранување на звучниците, материјалите за звучна изолација и електрична инсталација.

Надворешниот панел на вратата е поедноставно да се произведе и е дизајниран за да го максимира просторот за складирање во внатрешноста. Меките кривини ги следат страните на возилото до горниот дел на страничното стакло.

Големи хоризонтални стакла се благо наклонети кон земјата за да се намали ефектот од сонцето, а рачното отворање едноставно изведено слично како и кај Ami, овозможува природна вентилација.

Потесните, задни врати се прицврстени на задниот дел од возилото и користени се вертикални стакла за да обезбедат повеќе светло и видливост за патниците на задните седишта. Промената на обликот помеѓу предните и задните врати исто така овозможува додавање на пасивен внес на воздух кој обезбедува вентилација на патниците на задните седишта.

Пристапот кон просторната кабина е широк, неоптеретен и непречен –идеално за возачот кога возачот треба ефикасно да ги собере сите членови на семејството.

Модулите на предното и задното осветлување повторно, не се комплицирани, но се многу впечатливи, а исто така играат со контрастот помеѓу две хоризонтални линии и еден вертикален дел. Овој пристап ќе се развива понатаму како карактеристичен светлосе потпис на Citroën кај идните произведени возила.

 

ПАМЕТЕН КАКО КОМЕРЦИЈАЛНО ВОЗИЛО

Наместо вообичаениот багажен простор, Oli има неочекувано решение инспирирано од вежба за дизајн на  корисен производ.

« Кога размислувате за практичност и сестраност, особено за компактно возило дизајнирано да биде ултра одговорно и ефикасно, мора да размислувате поинаку. Многу луѓе сметаат дека нивниот мал SUV не е попрактичен од компактен хечбек, така необичнaта pick-up клупа со багажник кој се наоѓа одоздола, е нашата мисла за поттик на размислување како да се искористи најдоброто од повеќе  светови », објаснува Pierre Leclercq.

Citroën Oli е дизајниран да овозможи стил на живот што е едноставен за употреба. Така, без разлика дали ќе посетите продавница за мебел за да донесете дома рамен пакет со мебел, или транспортирате кајаци за веслање и pop-up шатор на расклопување на кровот за викенд на брегот, сè може да се смести во просторната pick-up клупа на отворање и багажник, брзо и едноставно.

Независните наслони за глава  на задните седиштата се вклопуваат во кровниот дел, а задниот прозорец се отвора нагоре, така што рамната плоча широка 994 mm од клупата за товарење што се отстранува и веднаш се зголемува од 679 mm на 1.050 mm должина.

Сестраноста преовладува, а товарењето едноставно. Вратата од багажниот дел се склопува надолу и кога панелот од багажникот се отстранува висина до 582 mm помеѓу подот на возилото и задното стакло. Со враќање на панелот на место, одоздола се отвара корисен и безбеден багажен простор со висина 330mm. Панелот кој се отсстранува од клупата е лесен и рамен, направен од истиот рециклиран картон со структура како и капакот на моторот и панелите за кров.

Добро обмислените шини од двете страни на клупата им овозможува на корисниците да прицврстат куки или додатоци, а дополнителните кутии за складирање се наоѓаат на страничните ѕидови  за да се осигура безбедно покриено складирање.

Чисто дизајнираната врата од багажниот простор е направена од два дела: челичен долен панел со централен вдлабнат простор за регистарската табличка, надграден со мрежест црн дел кој носи важна нова порака видлива за сите кои доаѓаат одзади, како и на во ретровизорот: « Nothing Moves Us Like Citroën ».

 

НОВО, НО ПОЗНАТО ЛОГО

Одраз  на суптилното ветување што им се дава на клиентите преку задната врата, Citroën Oli се потпира на рационалното инженерско наследство за да претстави нов горд идентитет на Citroën.

Додека јазикот на формите кај Oli ги спротиставува хоризонталното со вертикалното, како и заобленото со рамното за да предложи функционалност, техничка способност и паметен индустриски дизај, новото „лебдечко“ лого го прави истото. Истакнатите шеврони  се позиционирани смело и хоризонтално на значката за да сигнализираат инженерска и техничка ефикасностс, а се во контраст со мекоста на вертикалниот овал кој ги опкружува, што укажува на ненадминатата посветеност на Citroën за благосостојбата на своите клиенти.

Новата значка го симболизира оригиналното лого на компанијата, создадено во 1919 година, и суптилно одново го осмислува за идните возила на Citroën. Овој идентитет постепено ќе се појавува на идните производи, како и низ сите корпоративни и дилерски мрежи на Citroën .

 

ТРКАЛАТА ПРОДОЛЖУВААТ ДА СЕ ВРТАТ

Клучна област за иновација за да се максимира употребата одржливи материјали, подобри трајноста и намалат трошоците бидејжи сопствениците ќе го препознаат како потенцијално скапо и штетно за животната средина се  тркалата и пневматиците.

« Посветеноста на Citroën во служба на комфорот е добро познат преку неговата програма Citroën Advanced Comfort®, а тркалата и пневматиците играат главна улога во благосостојбата на патниците», изјавува Pierre Sabas. « Со оглед на притисокот за намалување на влијанието врз животната средина на пневматиците и зголемените трошоци за замена и поправка на оштетените тркала, одлучивме да ги тестираме поодржливите опции, истовремено одржувајќи го квалитетот на удобноста во возење која се очекува во Citroën. »

Генијалната и ефикасна комбинација на 20” тркало и пневматик кај Oli претставува нов нов хибриден дизајн на протитип  тркало со концептуален, одржлив и интелигентен пневматик развиен заедно со Goodyear.

Алуминиумските тркала се скапи и енергетски интензивни во однос на производството, а челичните тркала се тешки, па затоа беше одлучено да се земат во предвид и двата типа. Хибридните тркала на Oli се за 15% полесни од еквивалентно целосно челично тркало, што придонесува за намалување на вкупната тежина на возилото за 6 kg. Исто така постојат и придобивки во дизајнот кои треба да се земат во предвид.

« Челичните тркала традиционалнно не се убави, ниту  аеродинамични, освен ако не ги покриете со цврста наплатка. На нашиот прототип, тркалото е направено од алуминиумски раб заштрафен на челичното централно јадро,  дизајнирано на робустен и модерен начи. Ова ја намалува вкупната тежина и трошоците. Периферната наплатка е додадена за да се подобри протокот на воздух околу тркалото и да да му даде попрецизен и пографички изглед », додаде Pierre Sabas.

Citroën е партнер со Goodyear за да го користи концептуалниот пневматик Eagle GO, кој комбинира одржливост со долготрајност и интелигентна технологија за следење на состојбата на пневматикот.

Мешавината на пневматикот е направен од речиси исклучиво обновливи или рециклирани материјали, вклучувајќи го и маслото од сончоглед, силика од пепел од оризова лушпа, како и смола од борово дрво и целосно природна гума за замена на синтетичките материјли на нафтена основа.

Одлични вести за сопствениците на возила е дека Goodyear постави амбициозна цел од 500.000 km за концептуалните пневматици Eagle GO преку повторна употреба на одржливата основа и длабочината на шарата од 11 mm која може да се обнови два пати во текот на животот на пневматикот. Овој пневматик исто така ја има и технологијата на Goodyear SightLine, што вклучува сензор кој надгледува низа параметри за увид во состојбата на пневматикот континуирано низ животниот век.

« Ова е трет пат да соработуваме со Goodyear и комбинирајќи ново хибридно тркало со иновативен концептуален пневматик Eagle GO ја поткрева границата за одржливи, паметни решенија со мало одржување, додека продолжуваме со приоритет за комфор и благосостојба. », објаснува Pierre Leclercq.

 

ЗАШТИТА ОД СИТЕ СТРАНИ

Citroën Oli е заштитнички настроен и е заштитен, благодарение на отпорните пластични надворешни делови кои ја претставуваат истата чистина кога станува збор за намалување на бројот на делови, користење на одговорни материјали и намалување на тежината.

За да се постигне карактеристичниот дизајнерски елемент со потпис на Citroën, партнерот Plastic Omnium помогна во создавањето на „моно-материјален” пристап за олеснување на рециклирањето, со цврста но лесна странична заштита и 100% рециклирачки браници кои содржат 50% рециклирани материјали. Секој лак на тркалото е преполн со идентична, силна рециклирана пластика, со хоризонтален горен дел, која одекнува на темата која се користи за прозорците и модулите за осветлување.

Како и кај AMI, централните делови на браникот се идентични на предниот и задниот дел. Подолу, триаголни инфра-црвени „рачки” служат како цврсти куки за влечење на друго возило.

Дури и BASF R-M Agilis® бела водена боја  е особено еколошки ефикасна, со најниско можно ниво на испарливи органски компоненти (помалку од 250 g/L).

 

ЕВНАТРЕШЕН ПРОСТОР: ПРЕДИЗВИКУВАЧКА ГРАНИЦА

Дизајнерите на возила секогаш посегнуваат кон ѕвездите кога станува збор за внатрешниот пакет, но често се предаваат на желбата за додавање големи екрани, повисоки наслони за рацете, заоблени панели, плишани седишта итн. Тоа додава на материјали, тежина и цена.

« Одлучивме да создадеме што е можно повеќе простор и светлина во внатрешноста на Oli со што е можно помалку инфраструктура, но и да ја максимираме употребата на одржливи материјали », вели Pierre Leclerq. « Не е толку лесно како што мислите, бидејќи кабината мора да ја направите да биде удобна, безбедна и цврста, а клиентите бараат одредени специфични технолошки елементи. Бевме инспирирани од други форми на просторно ефикасен дизајн на производи, каде минималното е подобро – како смартфон или hi-fi систем. Сепак, колку копчиња или екрани на допир вистински ви требаат? »

Командна табла

Наместо комплетно табла со повеќе скриени екрани и компјутери, Oli има еден држач кој се протега низ целата ширина на возилото, каде се интегрирани, од едната страна, управувачката колона и воланот, а во центарот, база за смарт телефон и пет јасно означени копчиња за системот за климатизација.

Така, Oli има само 34 делови во овој простор, додека за споредба компактен семеен хечбек користи околу 75 делови на командната табла и централната конзола.

Држачот има електрифицирана шина на која со USB приклучоци што се лизгаат по него, може да се поврзат додатоци. Ова е идеално за напојување на уреди или дури и вклучување на апарат за кафе додека ги чекате децата да излезат од училиште!

Два директни отвори за вентилација, едниот пред возачот, а другиот пред патникот, овозможуваат да се користи помала единица за климатизација за понатамошно подобрување на ефикасноста и намалување на тежината.

Зад и под рачката е „софа”, направена  од BASF Elastollan® – 3D печатена Thermoplastic PolyUrethane (TPU) полица за складирање во светло портокалова боја со флексибилни „печурки” кои ги чуваат на место предметите, како што се шолји за кафе или лименки со сок.

Plug’n Play:  

Со Oli, сите потребни информации, забава и комуникација се достапни преку вашиот смартфон, поврзан на централниот приклучок на рачката.

Откако телефонот ќе биде приклучен, информациите и апликациите се поврзуваат со основните податоци за возилото како брзина и ниво на полнење, преку системот Smartband, кој ги проектира информациите преку ширината на долниот дел од ветробранското стакло.

« Бидејќи вашиот паметен телефон има поголем компјутерски потенцијал од многу возила, одлучивме да прифатиме различен пристап за информации и забава »,  додава Pierre Sabas. « Сите ги носиме нашите телефони и веќе ги користиме апликациите за навигација и забава, па така видовме можност да се заштедат трошоци, дуплирање и тежина на интегрираните системи. Само понесете го вашиот уред и вклучете го.»

Аудио систем во патничката кабина ја следи истата логика. Секој крај на држачот е шуплив со цел да се прикачат цилиндрични Bluetooth звучници и да се добие висококвалитетен звук и да се слуша неговата музика за време на патување. Ова е 250 gr тежина е зачувана со елиминација на вообичаениот аудио систем.

Подвижните звучници ви овозможуваат да уживате во вашата музика, без разлика каде паркирате. Со користење на куките на шините во багажниот простор, можност да ги ставите од надворешната страна на возилото, за да ја слушнете вашата најнова плејлиста со одличен квалитет на звук додека уживате во вечерата или во забавата на плажа.

HMI команди

Откако разгледаа неколку решенија за да го направат интерфејсот, тимот дошол до невообичаена идеја да користат командна палка од професионален модуларен game pad и да го монтира на воланот на Citroën Oli.

« Командната палка работи навистина добро. Многу е лесна за управување. Претставува одличен пример за пренесување на не-автомобилско решение на возилото кое работи многу добро », изјави Pierre Sabas.

Управувачката колона вклучува ротирачка рачка за менувачот во комбинација со копче “start & stop”, а помали рачки ги управуваат светлата и трепкачите.

Просторна ефикасност::

Наместо импозантни фотељи кои ја блокираат светлината и го заземаат целиот простор во кабината, просторно ефикасните предни седишта на Oli, користат 80% помалку делови од оние во еквивалентен SUV – само 8 наместо 37.

Седиштата напред во светла портокалова боја се состојат од цврста цевчеста рамка на која се монтира удобна перница покриена со 100% рециклиран полиестер, што 100% се рециклира.

Инспирирани од канцеларискиот мебел, иновативните 3D печатени мрежести наслони, имаат интегрирана наслон за глава. Тие се тенки, но нудат многу добра подршка, удобни се и цврсти, токму онаму каде треба.

Создадени во соработка со BASF, овие седишта се направени од лесни, 100% рециклиран Thermoplastic PolyUrethane (TPU), обложен во портокалов слој за да се обезбеди пријатен изглед и чувство. Мрежестите делови придонесуваат за чувството на простор и светлина внатре во возилото, два фактора кои се од суштинско значење за удобноста и благосостојбата на патниците.

Патниците назад можат да ја користат испапчената цевчеста рамка за прикачување на додатоци: мал таблет напојуван со USB приклучок, поддршка за држење на чаша, куки за закачување на торба, мрежа за складирање на списанија или мала масичка за децата да уживаат во ужина додека патуваат.

Во согласност со посветеноста на Citroën за комфорот на патниците, седиштата напред се фиксирани со подот со флексибилни и рециклирачки TPU изолациски прстени кои апсорбирааt несовршености на патот и вибрации, инспирирано од познатите „прогресивни хидраулични перничиња” на марката.

« Структурата на предниет седишта е сосема разбирлива», објаснува Pierre Sabas. « Тие лесно се демонтираат, отстрануваат и рециклираат, на пример ако сакате да ја промените бојата. Ништо не е скриено, нема скриени структури. Тие се едноставно онака како што изгледаат и совршено ја илустрираат функционалноста и чистината зад секој елемент во дизајнот. »

Подеднакво удобни, задните независни седишта се направени од слични материјали, а наслоните се склопуваат за да го прошират задниот товарен дел. Кружните TPU наслони за глава монтирани на кровот лебдат над секој дел и се склопуваат во кровот доколку е потребно.

Од двете страни на возилото, под задни седишта, достапен кога задните врати се отворени се наоѓа дискретен дел за складирање комплет за прва помош.

Во просторот помеѓу задните седишта се наоѓа дел за складирање. Исто како „софа”, оваа портокалова компонента направена од мек рециклиран 3D печатен TPU има флексибилни „печурки” за да ги држи предметите на место. Покрај тоа, сите BASF TPU внатрешни делови можат да се рециклираат заедно, што е понатамошен чекор кон одржлив моно-материјален дизајн како дел од анализата на животниот циклус.

Наместо тешки внатрешни панели на вратите со прекинувачи, наслони за раце, звучници и мотори на прозорците, поедноставените панели на Oli го оптимизираат складирањето, истовремено обезбедувајќи ја потребната инфраструктура за комфор и лесно отворање и затворање.

На панелите на вратите се наоѓа голема мрежа за складирање како и наслон со портокалова рачка покриена со 100% рециклиран и рециклирачки полиестерски текстил во форма на цевка од пена закачена директно на панелот. Отворањето на предните врати е олеснето со рециклирање на рачка вметната во панелот и директно поврзана со механизмот. Завртките и прицврстувачите кои се користат во вратите и седиштата се заменливи за понатамошно намалување на комплексноста.

Перформанси под вашите нозе

Наместо тешко одржливи теписи, Citroën Oli нуди едноделна модуларна прекривки за под направени во партнерство со BASF од Expanded Thermoplastic PlyUrethane (E-TPU). Пената е еластична како гумата, но полесна, исклучително отпорна и високо отпорна на абразија. Може целосно да се замени доколку сопственикот претпочита нова боја.

« Овој висококвалитетен материјал со врвни перформанси воглавно се наоѓа во светот на спортот», вели Pierre Leclercq. «  Се користи за тркачки патеки, велосипедски седла, па дури и за подножјето на некои добро познати патики за трчање, поради својствата на амортизација кои можат да ги зголемат перформансите и удобноста на патеката. »

Покриен со високо еластичен и водоотпорнa покривка, подот може лесно да се исчисти со воден млаз. Рециклирачките TPU „одводни приклучоци” кои се наоѓаат на подот овозможуваат песокот, калта или растенијата да бидат лесно отстранети по жешкиот ден на плажа или пешачење во шумата на дожд.

 

КРУГ НА ЖИВОТОТ

Долговечноста е клучен елемент во приказната за Citroën Oli, развивајќи сопствена кружна економија. Oli е доказ дека едно возило може едноставно и достапно да се создаде повторно за неколку последователни животи со нови сопственици користејќи репарирани делови, нов декор или бои, па дури и  делови подобрени со текот на времето.

Севкупните трошоци за употреба ќе бидат ниски и ако е потребно да се замени врата, светло или браник, рециклираните делови ќе бидат одговорно пронајдени од Citroën на други Oli возила кои повеќе не се употребливи.

Во целост логично, доколку е поскапо да се репарира возило отколку да се купи ново, возилата нема да бидат репарирани. Citroën Oli ја менува играта: во текот на неколку животни циклуси, ќе биде поинтересно од еколошка и економска гледна точка да се репарира наместо да се замени. Кога поправката веќе нема да биде возможна, Oli ќе стане снабдувач на резервни делови за други возила или неговите делови ќе бидат рециклирани.

4.                   МИСИЈА

Мисијата на Citroën Oli е да ја инспирира иднината на пристапна, одржлива семејна мобилност во која се ужива, како и иднината на самата марка.

« Ризикувавме со Ami, а денес ризикуваме со Citroën Oli бидејќи мораме да ја стимулираме креативноста за производства”, изјавува Pierre Leclercq. « Нема смисла да се нудат трендовски материјали или дизајни кои нема шанси да имаат влијание врз идните возила кои ќе се произведуваат. Затоа инклузијата на нашето ново лого на Oli е значајно, бидејќи како што ќе видите елементи од неговиот дизајн и технологија во идните модели, новата интерпретација на значката на Citroën ќе биде нашиот нов стандард за добредојде. »      

« Имаме голема база на клиенти бидејќи нудиме лична мобилност од AMI до C5-X и можеби не се сите подготвени да прифатат дека некои работи не ни се потребни »,  објаснува Laurence Hansen. « Но, додека не менуваме сè одеднаш, Citroën сака да ја започне дискусијата, да го постави прашањето што е доволно, да покаже како да ги направи работите како што треба и да ја оствари својата мисија да понуди одговорна, достапна и оптимистичка мобилност на сите. »

 

ВОДЕЧКА СВЕТЛИНА

Vincent Cobée препознава дека среќната иднина повеќе зависи од реформи, отколку од прилагодување на начинот на кој трошиме, избираме, конзумираме, движиме, загадуваме, фрламе и размислуваме:

« Автомобилската индустрија не е имуна на револуциите со кои сите други индустрии се соочуваат создадени од нашето изобилство на потрошувачка. Citroën докажува со дела дека постојат неконвенционални начини за промена на работите, кои не се ниту досадни, ниту казниви. Ami е одличен пример за ова и ние сме горди на неговиот успех како оригинална и модерна понуда за реална мобилност на денешницата.

Благодарение на неговото паметно размислување и пораки за чистота и правење на вистинските работи, Citroën Oli, нашата „лабораторија на тркала”, покажува како можеме да ги инспирираме идните семејства. Oli е неверојатен и неконвенционален, но тоа е својствено за Citroën да се истакне за силата на своите идеи и порака.

Citroën Oli ја отелотворува нашата мисија за мобилност: одговорн, ефикасен и достапен за вашето секојдневно живеење, но и амбициозен, посакуван и во кој се ужива. Ова е водечка светлина  за развивање на решение што ќе сакате да го имате како единствено возило коие ќе му треба на вашето  семејство за десет години од сега . »