ПРЕДНОСТИ

НОВ CITROËN C4 CACTUS со 5 врати

Citroën го открива новиот C4 Cactus, новиот компактен автомобил. Коренита промена за C4 Cactus кој ги презема перформансите својствени за сегментот во смисла на технологии и мотори, а сепак се разликува со својот оригинален карактер и својата удобност.
Опремен со најсофистицираното хидраулично прогресивно потпирање Hydrauliques Progressives™ и седишта во согласност со програмата Advanced Comfort, новиот C4 Cactus е ултра удобен автомобил која ќе го разбрани пазарот во првото тримесечје од 2018.

ДЕТАЛИ

ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА

William CROZES @ PLANIMONTEUR

 

 

 

 

Оригинален карактер и нагласен дизајн

 

Нов издолжен изглед со вградени дневни светла со LED технологијата во континуитет на издолжените шеврони низ целата ширина на возилото, истенчени фарови за светла со вметоци во црна сјајна боја, и штитник во боја на каросерија за оптимална динамичност на возилото.

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад, се истакнува и препознава со задното фиксно стакло во боја на каросерија, мазно и прочистено со акцентирани нови  светла во 3D ефект и LED технологија кои оставаат впечаток на подолго возило со модерен изглед.

Новиот Citroën C4 Cactus носи свежина и оригиналност во сегментот на компактни автомобили.

Со прочистен и монолитен изглед, каде се истакнати графичките елементи карактеристични за Citroën од примерот на Airbump® во долниот дел на вратите, продолжената и зголемена застаклена површина како и подвижен покрив, изгледот напред во две нивоа и издолжениот светлосен потпис назад во 3D ефект.

Новиот C4 Cactus нуди 31 комбинации за персонализација на надворешноста, со 9 бои на каросерија и 4 елегантни пакети Бои*.

*Во зависност од верзијата

 

 

 

William CROZES @ PLANIMONTEUR

 

William CROZES @ PLANIMONTEUR

 

 

 

 

 

 

ПЕРФОРМАНСИ

Еколошка ефикасност и уживање во возењето
Интелигентни, стартност, забрзување и уживање во возењето благодарение на лесната но ефикасна платформа и мотори од најнова генерација. Најнови бензински мотори PureTech, избрани за мотори на годината како и дизел моторите BlueHDi кои ги задоволуваат европските еколошки стандарди Euro 6 со што се гарантира намалена емисија на NOx и намалена потрошувачка.
Менувачот EAT6 заедно со моторот PureTech 110 S&S, гарантираат одлични и непречени промени на степени. Новиот Citroën C4 Cactus и исто така го нуди на располагање и мотор PureTech 130 S&S и менувач BVM6.

William CROZES @ PLANIMONTEUR