August 4, 2017

СВЕТСКИ СОБИР НА CITROËN 2CV

ФАНОВИТЕ НА 2CV НА ЕДНО МЕСТО!

СВЕТСКИ СОБИР НА CITROËN 2CV

XXII Собир посветен на љубителите на 2CV, се одржа од 26-ти до 30-ти јули во Ерисеира, Португалија на брегот на Атлантскиот океан.

Пред 30 години на ова место беше организиран седмиот по ред хепенинг посветен на 2CV. Годинава, Ерисеира, повторно е центар на настаните за 2CV. Овој град е сместенна 35km од Лисабон, покрај море и претставува светски познато туристичко место. Ерисеира од 26-ти до 30-ти бешегорд домаќин на случувањатапосветени на 2CV.

За првпат овој вид хепенинг е организиран во далечната 1975 во Финска од страна на невладината организација ACI (Amicale Citroën Internationale – Интернационални пријатели на Citroën)  и се одржува на секои две години во различни држави. Франција беше домаќин во два наврати 1989 и 2011.

За XXII 2CV  собир, организаторите успеале да соберат, заедно на едно место, 2000љубители на CV од целиот свет. Дотолку повеќе што дури и соседниот регион Мафра се вклучи во настанот со изложба на десетина специјални возила во нивната палата од XVIII век.  XXII 2CV Светски собир им посака добредојде и на учесници од 2CV Португалската тура и Raid 2CV Racing Team Havas, кои вклучуваа околу 50 натпреварувачи со 2CV.

Авантурата Peugeot Citroën DS исто така настапи во Португалија, вопресрет на љубителите и колекционерите. Притоа, Citroën Португалија ги изложиCitroën C4 Cactus и новиот Citroën C3, опремени со ConnectedCAM Citroën™. Додека пак три нови автомобили Citroën C3 беа почесни учесници на 2CV парадата!

Следни настани:

– XXV Национален 2CV настан, од 9 до 13 Мај 2018 воБелфорт.
– XXIII 2CV Светски состанок, од 30 Јули до 4 Август 2019 во Хрватска.