140 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ANDRÉ CITROËN

140 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ANDRÉ CITROËN

Пред 140 години, на 5 февруари 1878, во Париз е роден André Citroën. Повод за марката Citroën да се наврати на животниот тек на својот татко основоположник, чие наследство до ден денешен е дел од културата на марката.

На 22-годишна возрасат André Citroën дипломира на Техничката школа. Во 1905, на свои 27 години ја создава својата прва компанија за механизми со назабени тркала во облик на шеврон. Овие механизми ги применувал во производство на автомобили но и на поморски превозни средства, за што успехот бил неминовен. Симбол за успех и технолошки прогрес, двојниот шеврон ќе постане и ќе остане вистински симбол на марката, а подоцна и нејзино лого.

На само 35 години (во 1912), Citroën започнал да се интересира за автомобилската индустрија. Бил назначен за генерален директор на Mors, автомобилска компанија со просечен успех на почетокот од векот. Откако дефинирал повеќе модели во истата компанија и го реорганизирал производството за само шест години повеќекратно ги зголемил продажбите.

СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО

1914-та година го одбележува почекот на првата светска војна. Констатирајќи дека на француската армија и недостасува муција, Citroën започнува да произведува 10 000 артилериски ракети дневно, … Вистински предизвик! За таа цел купува терен на кејот Жавел (денешен Кеј André Citroën), во југозападниот дел на Париз, каде гради фабрика и започнува да произведува по 10 000 потоа 20 000, и стигнува дури и до 50 000 артилериски ракети дневно. Бидејќи мажите биле на фронт, Citroën ги вработувал жените за коишто морал да им организира и социјални  услуги ( кујна, градинка…). Во 1927 година, Citroën е првиот работодавач во Франција кој исплатил тринаесетта плата на своите вработени.

По завршеткот на војната Citroën својата фабрика ја пренаменил по примерот на Henry Ford со којшто се запознал во Америка, и со кој многу често и го споредуваат.  Го произведува својот прв модел Type A под марката Citroën кој истовремено е и ” првиот автомобил за широка потрошувачка произведен во Франција “, со што автомобилот станал достапен за сите. Овој настан се смета како вистинска револуција на своето време…
Од тој момент започнува вистинската експанзија на Citroën. Во триесеттите години го зазема провото место на производители во Франција и во Европа и второто место во светот.

ГЕНИЈАЛЕН УМ

Постојано имитиран од својот конкурент Louis Renault, Citroën лансира новитет до новитет: прво возило навистина посветено за широките маси со 5 КС, челична конструкција, флотантен мотор, и вистинската револуција моторен погон на тркалата напред (Traction Avant)…

Citroën е прв кој сфатил дека автомобилот не е само предмет кој треба да се продаде на клиентот, но исто така треба да се посвети целосно и на услугата. За таа цел ја создава послепродажбата со развој на мрежа на овластени сервиси, со нивна местоположба како и каталози за резервни делови, смислувајќи ги и поимите за стандардна промена, гаранција, заменско возило, рент а кар, кредит ( ја создава првата француска компанија за потрошувачки кредит под називот SOVAC) … Накратко, создал модерна трговија на автомобили!

Отвора филијали во Франција, филијали и фабрики во странство, како и најголема продавница за автомобили во светот, сместена на плоштадот Европа во Париз.

“ДОКАЗ НА ДЕЛО”

Неговата пасија кон неверојатното, Citroën го култивира во сите домени : додека ‘другите’ создаваат само реклами, Citroën создаде вистинскиот маркетинг ‘pub’… Дури и кога немало никакви поводи, тој ги создавал : на пример го испишал своето име на небото над Париз со авион, поставил осветлени букви на Ајфеловата кула (од 1925 до 1935), играчки Citroën, сообраќајни знаци со своето име, правел маркетинг каравани, организирал експедиции ( Експедиција Сахара, Црна експедиција, Жолта експедиција). Штом ќе му се допаднела некоја идеја Citroën веднаш ја прифаќал, така што непрестано ги воодушевувал своите сограѓани со спектакуларни настани.

БАНКАРСКИ ИЗМАМИ

Овие измами би требало да ги засегаат само банкарите бидејќи Citroën  не се грижел многу за парите. ” Кога една идеја е добра, велеше тој, цената не е важна “. Но многу наскоро Citroën бил зафатен од светската економска криза и банките одбивале да му ги позајмуваат потребните суми. Сепак успеал да се спаси : неговата имплементирана мрежа на филијали го поддржала и за неколку месеци бил лансиран Traction: сите експерти го потврдиле неговиот неминовен успех.

За жал еден мал добавувач имал побарувања за некоја доработка а Citroën морал да го објави својот биланс. Побарал помош од Michelin, кој му излегол во пресрет и малку ги смирил банките кои го посакувале падот на Citroën. Никој не му помогнал. Во тешка здравствена состојба, неуспешно бил опериран на 9 мај 1935. Починал од рак на 3 јули 1935, на 57 годишна возраст. Погребан е во Монпарнас, Париз.

Личноста на André Citroën останува модел на модерното време кој ни малку нема изгубено од својата харизма. И денес неговото наследство е дел од капиталот на марката Citroën.