GTbyCitroën

Légende ci-dessous
GTbyCitroën

Дизајн

01_DesignФлуидни и моќни линии

GTbyCitroën се истакнува со своите издолжени и флуидни линии истегнати до крајност. Страниците му се чисти, и изрезбани во горниот дел, а каросеријата е во бисерна боја со што го истакнува својот мускулест изглед.

Лицето напред се препознава со широките решетки за влез на воздух и хоризонталните сини лед светла. Ретровизорите се изработени од карбонати, а држачите се толку истенчени што наликува како да лебдат во воздухот што на GTbyCitroën му дава одлична поставеност на патот.
Големо и обвиткувачко ветробранско стакло, без прекини во линијата, покривот а потоа и спојлерот му даваат крајно издолжена форма. Од секој дел блика динамичност и перманентно движење.

Аеродинамичност

02_AérodynamismeОптимизирана аеродинамичност

Аеродинамичноста и флуидноста на линиите на GTbyCitroën, се најсилните вредности на Citroën, за да овозможат динамичен изглед, ефикасно однесување на патот и желба за поттикнуваање на невообичаени сензации во возењето.
Покрај динамични и истегнати линии на GTbyCitroën располага со иновативна опрема од примерот на рамен под на каросеријата, подвижен спојлер назад или пак дифузер назад за дополнително оптимизирање на прилепувањето со подлогата.

Со одлучни и флуидни линии, оригинална архитектура како и примена на најдобрите технолошки пронајдоци во смисла на заштита на животната средина, GTbyCitroën е идеална инкарнација на спортскиот дух на Citroën.

Внатрешност

03_IntérieurНесекојдневен допир

Дизајнот на ентериерот го потврдува динамичниот и моќен карактер на GTbyCitroën. Внатрешност е дизајнирана за возачот и неговиот совозач да бидат обвиткани во аристократски материјали а механичка обработка на возачкото место потсетува на светот на автомобилскиот спорт.

Во ентериерот, две натреварувачки седишта, покриени со темна кожа, за да понудат несекојдневни сензации во возењето. Паноата на вратите и подот се исто така обвиткани во кожа со рачна опшивка, со што се зајакнува спортскиот изглед.

За максимална концентрација, пилотот располага со систем за прикажување на информациите во висина на погледот.