October 5, 2017

НОВИОТ C3 AIRCROSS COMPACT SUV ФИНАЛИСТ ЗА AUTOBEST 2018

НОВИОТ C3 AIRCROSS COMPACT SUV ФИНАЛИСТ ЗА AUTOBEST 2018

Новиот C3 Aircross тукушто беше избран за финалист за престижниот избор AUTOBEST 2018. Жирито избра шест модели за претстојните тест возења кои ќе се одвиваат на специјализираната патека Vairano во Италија. Citroën C3 Aircross ќе се натпреварува со другите модели уште еднаш, за да се дојде до победникот.

Секоја година, уште од 2001,  Autobest ја доделува наградата Најдобар автомобил “Best Car” на моделот кој ќе освои најмногу поени и кој се смета за најдобро возило за потрошувачите. 31 автомобилски новинари од 31 европска земја гласаат за возилата врз база на 13 критериуми, вклучувајќи квалитет за вложените пари, дизајн, комфор и технологија, како и достапност на сервис и резервни делови  достапни во дистрибутивните мрежи.

Новиот Citroën C3 Aircross Compact SUV се издигнува над другите натпреварувачи во изборот за 2018 и преминува во еден од шестте финалисти. Победничкиот модел ќе биде објавен на 15 Декември 2017, по тест возењата за споредба кои ќе се одвиваат на специјализираната автомобилската патека во Vairano Италија и финалната сесија за гласање.