November 10, 2017

НОВ CITROËN C3 AIRCROSS COMPACT SUV: 20 000 НАРАЧКИ И 5 ЅВЕЗДИ НА EURO NCAP ТЕСТОТ

НОВ CITROËN C3 AIRCROSS COMPACT SUV: 20 000 НАРАЧКИ И 5 ЅВЕЗДИ НА EURO NCAP ТЕСТОТ

Со оригинален изглед и моќен и свеж настап, новиот C3 Aircross досега изброи над 20 000 нарачки во Европа. Клиентите се воодушевени од неговиот патнички простор и од неповторливата умешност и знаење на Citroën. Гарантира високо ниво на комфор и сигурност, а располага и со 12 модерни технологии за помош во возењето, 4 технологии за поврзаност, а отсега може да додаде на листата и 5 ѕвезди добиени на Euro NCAP тестот. Дополнителен мотив за опуштеност и релаксираност на сите патници во овој урбан SUV, како во град така и на земјени патеки е технологијата Grip Control со Hill Assist Descent.

Комерцијализиран во месец октомври, Новиот Citroën C3 Aircross досега има запишано повеќе од 20.000 нарачки во Европа, од кои 12.000 клиенти се од Франција. Денес новиот Citroën C3 Aircross  на својата богата сигурносна опрема го додава и податокот за добиените 5 ѕвезди на ригорозниот тест за сигурност и заштита 2017 Euro NCAP. Оценка која ги потврдува и докажува квалитетите и привлечната моќ на овој вистински compact SUV!

  • НОВ C3 AIRCROSS SUV COMPACT: 5 ЗВЕЗДИ ОД Euro NCAP

Новиот Citroën C3 Aircross Compact SUV, е подготвен сосема удобно да смести 5 возрасни патници во својата должина од 4,15m. Оценката 5 звезди на Euro NCAP тестот е награда и признание за одличните перформанси во сите категории уште од дизајнирањето на C3 Aircross и тоа во делот на пасивната сигурност, сигурност на пешаци и софистицирани технологии за помош во возењето.

  • Заштита на возрасни патници:  32,6 поени или 85%

Фронтален удар во пречка = 7,8 поени /8

Фронтален удар во ѕид = 7,7 поени /8

Страничен удар = 8 поени /8

Удар во столб = 7.5 поени /8

Удар во глава = 1,6 поени/3

Осмислен како гостопримливо и топло место за живеење, Citroën C3 Aircross е сигурно и безбедно место. Зад воланот на C3 Aircross се истакнуваат неговите патнички квалитети и димензии на SUV. Возачот и патниците се чувствуваат безбедно.

  • Заштита за деца 40,5 поени или  82%

Ова возило е наменето за млади брачни парови, млади родители и постари родители. Новиот Citroën C3 Aircross Compact SUV се истакнува со одлична заштита за деца.

  • Заштита на пешаци 27,0 поени или 64%

Новиот Citroën C3 Aircross Compact SUV ги задоволува потребите на модерното живеење со задоволителна заштита на пешаци.

  • Систем за асистенција :  7,2 поени или 60%

Како следбеник на програмата Citroën Advanced Comfort®, дизајност на новиот Citroën C3 Aircross Compact SUV, е осмислен да ви ги направи патувањата безбедни и едноставни, благодарение на интуитивните технологии кои ви гарантираат опуштеност и сигурност зад воланот.

НОВИОТ SUV COMPACT C3 AIRCROSS : 12 СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ВО ВОЗЕЊЕТО

Grip Control® со Hill Assist Descent (во опционал кај Shine): за контролирано управување на секаков вид на подлога, дури и при нагласена нагорнина.

  • Active Safety Brake со звучно и со визуелно предупредување: за намалување на опасност од директен удар со автоматско активирање на сопирачката 
  •  Head up  дисплеј во боја: за проекција на корисни информации за возењето во видливото поле на возачот.
  • Препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзина и препораки (во сериска опрема).
  • Автоматска промена на светлата за пат: за посигурно возење во ноќни услови.
  • Камера за движење наназад Top Rear Vision .
  • Park Assist : за поедноставно маневрирање при паркирање со автоматско препознавање на простор за паркирање. На возачот му преостанува само да стави во степен за движење наназад, да забрзува или да ја активира сопирачката.
  • Предупредување за ненамерно преминување на колозната линија ( во сериска опрема).
  • Систем за надгледување на мртвиот агол : со портокалова диода во надворешните ретровизори се сигнализира присуство на возило во мртвиот агол.
  • Предупредување при намалено внимание на возачот: особено корисно при брзина над 65 km/h на автопатишта.
  • Coffee Break Alert (сериска опрема): го предупредува возачот да направи пауза по двочасовно непрекинато возење со брзина поголема од 70km/h.
  • Пристап и старт на возилото  hands-free:  возилото го препознава возачот штом ќе му се доближи.

На располагање од 13.990 евра, новиот Citroën C3 Aircross Compact SUV.