October 13, 2015

DS, СПОНЗОР НА ИЗЛОЖБАТА “UNE BRÈVE HISTOIRE DE L’AVENIR” ВО ЛУВР

DS, СПОНЗОР НА ИЗЛОЖБАТА “UNE BRÈVE HISTOIRE  DE L’AVENIR” ВО ЛУВР

Исто како и оваа изложба, DS ја истражува иднината со црпење на инспирација од своето исклучително наслеDSтво.

Изложбата Une brève histoire de l’avenir е голем настан во есенскиот распоред на Le Louvre кој е инспириран од книгата со исто име од Жак Атали *, кој размислува за големи константи во историјата на човештвото како покана да замислиме како Светот може да изгледа во 2050 година.

Изложбата ќе трае до 4 Јануари, 2016

Под своето партнерство со музејот Лувр во Париз, DS ја спонзорира изложбата Une brève histoire de l’avenir која е отворена за јавноста до 4 јануари 2016 година.

Le Louvre е домаќин на некои од најпознатите исклучителни уметнички колекции во светот и е главен протагонист на француската културна сцена повеќе од двесте години, ужива одлична светска репутација за квалитет и постојано ѝ нуди на јавноста некои навистина извонредни настани. Својата најнова, еминентно авангардна изложба – Une brève histoire de l’avenir – ги поканува посетителите на “денешно патување кое го проучува минатото да ни го осветли нашиот поглед кон иднината”.

Во текот на изложбата со своите двесте експонати, се појавува дијалог помеѓу изработките од минатото и современата уметничка креација, за да се презентира хронолошки водена тема за оценување на големите фази кои ги претрпе општеството во текот на вековите и постепен развој на начинот на кој луѓето денес сè.

“Ние сме многу среќни за партнерството со музејот Лувр на оваа изложба, која е мешавина на наследството со авангардната, класичната и современата култура. Како и DS, Le Louvre се отвора кон постојано обновување, барајќи изненадување и задоволство од неговото место поставено точно во утрешнината “, истакнува шефот на DS, Ив Бонфон.

Исто како и оваа изложба, DS ја истражува иднината со цртање инспирирано од своето исклучително минато. Два клучни датуми го илустрираат овој авангарден изглед: 1955 и 2015 година.

Во 1955 го видовме раѓањето на DS, автомобил кој претставување револуција на автомобилската сцена за неговата епоха. DS има важно место во приказните на францускиот народ и се залагаше за совршенство на францускиот инженеринг низ целиот свет. Шеесет години DS ужива сигурен статус на автомобилска дизајн легенда.

2015: историјата продолжува со лансирањето на францускиот автомобилски бренд DS кој се развива од наследството оставено од страна на оригиналниот DS.

Иновации, совршенство и авангарда се клучни зборови и вредности кои го водат DS во неговиот пристап кон иднината.

* Une brève histoire de l’avenir, од Jacques Attali, Arcade Publishing, 11.03.2009