December 23, 2013

CITROËN ГО ПОКАЖА НОВИОТ DS5 LS

CITROËN ГО ПОКАЖА НОВИОТ DS5 LS

На 19 декември, на едно навистина симболично место во Париз, на Карусел ду Лувр (Carrousel du Louvre), пред кинеските новинари и меѓународниот печат, CITROËN ја покажа својата најнова креација, DS 5LS. Лимузина од високата гама која се произведува во фабриката во Шензен, Кина. Нова етапа во развојот на марката DS во Кина. DS 5LS хармонично ги спојува карактеристиките на сегментот во смисла на зафатнина и просторност, со елеганцијата, престижноста и моќноста на DS. Овој нов модел ќе биде комерцијализиран во март 2014 во Кина и е вистински адут за непречен развој на DS на меѓународно ниво.

Моќна и рафинирана лимузина
DS 5LS се карактеризира со моќен и елегантен изглед (должина: 4,70m x ширина: 1,84m x висина: 1,50m) со посебен акцент на зафатнината и големите и сензуални облини кои се својствени на линијата DS.

DS 5LS воведува нов идентитет на лицето напред на DS тесно инспириран од concept cars Numéro 9 и Wild Rubis. Се одликува со скулптурална и статусна маска наречена « DS Wings ». маската се поврзува со светлата преку две хромирани крила, формирајќи затегнат полумесец кој го зголемува динамизмот и модерниот изглед на предниот дел. Решетката на маската, со специјален дизајн, во себе го вградува амблемот DS. Светлосниот потпис во форма на boomerang го надoполнува оригиналниот изглед кој претставува спој на моќ и софистицираност.

Страничен хромиран потпис се издолжува од стаклата сè до багажникот и ја потенцира моќноста и изразениот карактер со истовремен израз на елеганција и престижност. Хромираното фиксно стакло на суптилен начин ја интерпретира перката од ајкула, стилски елемент карактеристичен за моделите на DS. Широките тркала дополнителено го акцентираат динамичниот стил на DS 5LS.

Гледан од назад, моќноста и стилската убавина се препознаваат во ексклузивните LED светла: хромиран прстен за истакнување на тродимензионалниот дизајн на внатрешноста на светлата.

За истакнување на надворешниот дизајн DS 5LS нуди девет бои на каросеријата, меѓу кои и оригиналната кафена Nocciola, со нежен и суптилен отсјај.

Во внатрешноста, елеганцијата е изразена со оригинално возачко место. Благородни и автентични материјали од метал, дрво и кожа. Патниците во оваа премиум лимузина уживаат во простран и софистициран свет, обвиткан со квалитетна кожа во патничкот простор и на командната табла. Кожата која се користи е својствена за луксузните марки, ексклузивитет за моделите на DS и идеална илустрација на умешноста и знаењето на француската марка.

Технологија на највисоко ниво

DS 5LS нуди најмодерна технологија на мотори THP 160 и THP 200 со директно секвенцијално вбризгување, напојувано со пумпа под висок притисок и трубо компресор од типот на Twin Scroll. Овие мотори се поврзани со автоматски шестостепен менувач.

Уживање зад управувачот на високо ниво

DS 5LS претставува исто така и уживање зад управувачот на високо ниво со најдолго меѓуоскино растојание во сегментот (2,71 m), комфорни седишта (функција масирање на седиштата напред, седиштата назад се накосуваат под агол од 29°, специјални наслони за глава), чиста атмосфера (јонизатор на воздух), акустичен комфор (аудио систем Arkamys, HIFI DENON,…), опрема која го поедноставува возењето ( стартување на возилото со картичка, контрола на мртвиот агол, помош при паркирање напред и назад, камера за движење наназад ,…) и комплетна телематика ( екран во боја осетлив на допир, читач DVD,…).

Нов производ за напад на DS во Кина

DS е марка која целосно е претставена во Кина, марка чии карактеристики се преточени во DS 5LS. Ова е втор модел на DS кој се произведува во Кина, во фабриката Шензен, по DS5, комерцијализиран на 27 септември годинава. DS нема намера да запре тука затоа што уште еден нов модел произведен во Кина ќе се комерцијализира во текот на 2014 : SUV. Развојот на DS се потпира на продажна мрежа од 50 DS STORE во најголемите градови во државата.