December 10, 2013

CITROËN C4 L И C-ELYSÉE НАГРАДЕНИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО НИВО

CITROËN C4 L И C-ELYSÉE НАГРАДЕНИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО НИВО

Двете триделни берлини на марката наменети за интернационалните пазари со забрзан развој се наградени од страна на светскиот пишан медиум за автомобили. CITROËN C4 L ја доби првата награда за « Car Awards 2014 » во Бразил, а пак CITROËN C-Elysée наградата « Pégase d’Or » (Златен Пегаз) за најдобро возило во сегментот во Русија. Овие конкурси се организирани од страна на познатите автомобилски магазини - Car Magazine Brasil и Za Roulem – овие престижни награди се доделени од читателите и се доказ за привлечноста на овие возила.

CITROËN C4 L – наречен C4 Lounge во Јужна Америка – цели кон високиот C сегмент. Статутарно и елегантно возило кое се произведува во секој регион каде е комерцијализирано: во Паломар, Аргентина за Јужна Америка, во Калуга за Русија, во Вухан за Кина. Продаден е во повеќе од 53 000 примероци од неговото комерцијализирање во Кина кон крајот на 2012, со потврден успех. Кон крајот на ноември, CITROËN C4 L во Бразил ја доби наградата за најдобро возило во рамки на конкурсот « Car Awards 2014 », само неколку месеци по неговото комерцијално лансирање во месец август во оваа држава. Оваа награда е доделена од страна на читателите на магазинот за автомобили Car Magazine Brasil со повеќе од 22 200 гласови од вкупно 65 400 гласови.

CITROËN C-Elysée ги задоволува очекувањата на клиентите со најистенчен вкус кои се во потрага по триделно возило кое истовремено е привлечно и достапно. Се произведува во Виго, Шпанија за сите пазари освен за Кина, и досега запиша повеќе од 40 000 продажби од неговото лансирање кон крајот на 2012, најдминувајќи го на тој начин таргетот за 10%. Одличните резултати се потврдени и со добивањето на наградата « Pégase d’Or » (Златен Пегаз) на почеток на декември во Русија за најдобро возило во сегментот од страна на автомобилскиот магазин Za Roulem.
Овие две возила, секое со посебен карактер, кои се надополнуваат меѓусебе во своето позиционирање се дизајнирани во Франција согласно законите и правилата на земјите за кои се наменети. Овие две награди се доказ за забрзаниот развој на Марката на меѓународно ниво.