March 26, 2015

CITROËN C4 CACTUS освои Оскар за Автомобил на годината 2015 во Србија

CITROËN C4 CACTUS освои  Оскар за Автомобил на годината 2015 во Србија

Бестселерот на Citroën, C4 CACTUS е прогласен за Автомобил на годината и ја освои наградата АВТОМОБИЛСКИ ОСКАР 2015 за времетраење на Меѓународниот саем на автомобили во Белград, Србија!

Стручното жири ја оценуваше иновативноста, дизајнот, квалитетот на изработка, трошоците на одржување, возните карактеристики, безбедноста и општото задоволство во возењето.

Според зборовите на претседателот на стручното жири  Владица Петровиќ, генералниот директор на фабриката ФАМ од Крушевац, одлуката е донесена едногласно. Со освојувањето на првата награда и во Србија вкупниот број на принанија низ цела Европа за Citroën C4 CACTUS изнесува над 20.