- Дома
- Возила
- Гama CITROËN
- Ново Citroën Berlingo
ПРЕДНОСТИ
НОВО CITROËN BERLINGO
Предвесникот на повеќенаменските возила од 1996, Citroën го претставува своето ново Berlingo кое ги задржува сите адути од својот претходник но е дизјаниран во духот на модерното време. Новото Citroën Berlingo претставува иновативна понуда во смисла на дизајн, прилагодливост и практичност .

КРЕАТОР НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ВОЗИЛО
Просторно, удобно и со можности за персонализацијa, новото Citroën Berlingo се истакнувасо своите многубројни адути: слободен простор со рекордна зафатнина, исклучителна модуларност со три индивидуални седишта назад, бројни прегради за чување предмети со повеќефункционален покрив Modutop® од најнова генерација и нов избор на бои и материјали за да си создадете свој свет.
ПЕРФОРМАНСИ
МОТОРИ
Новото Citroën Berlingo гарантира динамично однесување на патот благодарение на спојот на новата платформа со моторите од најнова генерација кои се навистина ефикасни во делот на потрошувачка на гориво и на емисија на CO2.
Новото Berlingo може да се нарача со бензин и со дизел мотор, прилагоден за сите намени, било за во град или за надвор од градот. Пред сѐ овие мотори нудат беспрекорни перформанси кои истовремено ја почитуваат и животната средина.
Новото Citroën Berlingo ја одбележува комерцијализацијата на новиот осум-степен автоматски менувач EAT8, кој гарантира оптимална удобност во возењето.
Гамата на бензински мотори PureTech се состои од:
1,2L PureTechS&S 110КС или 130КС EAT8.
Гамата дизел мотори BlueHDi е сотавена од:
1,5L BlueHDiS&S 75КС или 100КС или 130КС BVM6 или EAT8.
ДЕТАЛИ
Дизајн

Со афирмиран и авантуристички карактер, динамичен изглед, со дизајнирани Airbump® и вметоци во боја: новото Citroën Berlingo претставува легендарно повеќенаменско возило.
Новото Citroën Berlingo претставува иновација со неговиот силни и привлечни линии. Истовремено модерно и забавно, се изработува во две должини : стандардна верзија M со должина од 4,40m , и новата верзија XL со должина дури до 4,75m.
И двете верзии M и XL нудат удобност и превоз на 5 или 7 патници.
Однапред, новото Citroën Berlingo се препознава по својот изразен карактер: повисоко поставен капак на мотор но истовремено и пократок, изглед достоен на својот идентитет кој во себе го вградува светлосниот потпис во две нивоа и испакнато ветробранско стакло за да гарантира поголема просторност и влез на светлина.
Неговиот изглед е визуелно подигнат со носачите и покривот и со дизајнот на Airbump® со што дополнително се акцентира неговиот силен и издржлив карактер на неуморен заштитник на каросеријата.

Новото Citroën Berlingo нуди богата и комплетна палета на бои на каросерија: Песок боја, Aqua Green, Сива Artense, Сива Platinium, Црна Onyx, Темно сина, Црвена Ardent и Бела Banquise.
Потпис во боја заедно со пакетите во боја и бели или портокалово дизајнирани рамки на магленките и на страничните лајсни.
Новото Citroën Berlingo се препознава по својата прочистена и убаво дизајнирана командна табла која овозможува дополнителен простор за чување предмети. Возачкото седиште од своја страна пак е високо поставено над патот.
Амбиентот XTR се состои од штоф Line Green со портокалова линија на наслонот на седиштата.
Благосостојба

УДОБНОСТ ЗАД УПРАВУВАЧОТ ЗА ОПУШТЕНОСТ НА ДУХОТ И ТЕЛОТО
Новото Citroën Berlingo е дел од програмата Citroën Advanced Comfort®. Гарантира оптимален квалитет во возењето, правејќи го секое патување вистински споделен момент на уживање благодарение на комфорот на седиштата, неговото потпирање како и максималната звучна изолација на патничкиот простор.
Новото Citroën Berlingo ужива во вистинска дневна светлина благодарение на огромната стаклена површина од 360°. Дополнителна светлина е обезбедена и од широкиот панорамски покрив, со електрично подесување на заштитната ролетна.

Практичен одвнатре и однадвор, новото Citroën Berlingo располага со одличен пристап во патничкиот простор благодарение на двете лизгачки врати и одделното отворање на задната врата и задното стакло.
Благодарение на неговите преклопливи седишта, новото Citroën Berlingo нуди оптимална просторност и модуларност кои се репер во сегментот. Зафатнината на багажниот простор достигнува до 775 литри во верзија M и до 1050 литри во верзија XL.
Новото Citroën Berlingo располага со дополнителни 186 литри распоредени во прегради и рафтови кои навистина ќе ви го олеснат животот, меѓу кои најголем е Modutop® со зафатнина од 92 литри.
ТЕХНОЛОШКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Новото Citroën Berlingo располага со комплетна модерна технологија која ви го олеснува секојдневното патување.
Располага со најдобрите технолошки системи кои гарантираат беспрекорна заштита и релаксирано патување.

Активно предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија, Предупредување при намалено внимание на возачот, Систем за надгледување на мртвиот агол, Препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и препораки, Аctive safety brake, Камера за движење наназад со Top Rear Vision …

Екран чувствителен на допир 8’’ и 4-те технологии за поврзување нудат непречен континуитет помеѓу дигиталниот свет и вашето возило: Mirror Screen, Citroën Connect Nav, Citroën Connect Box и бежичен полнач за вашиот смартфон.