Одржливост

Légende ci-dessous
Одржливост

Наша заложба за еко-концепција

01_Conception

Уште во фаза на концепција, техничките екипи се посветуваат на влијанието на возилото на животната средина, во секоја етапа од неговиот живот.

Намалување на емисија на CO2 е важен императив. Реагираме на повеќе нивоа: контрола на масата, ефикасност на моторите, подобрување на аеродинамичноста … Наша цел : давање предност на ефикасни солуции, доверливи и прилагодени на различни пазари , за исполнување на глобалните предизвици за заштита на озонската обвивка и ефектот на стаклена градина.

Нови технологии

Нашите инженери активно работат на технолошки солуции за намалување на влијанието на автомобилот врз животната средина. Воведување на систем Stop & Start од 2010, хибридни солуции во 2011 или пак проектите за возила на Citroën со нула-емисија за зацрвстување на својата позиција во сегментот на хибродни возила со ниска емисија на CO2.

Примена на извори и можност за рециклирање

Покрај контрола на потрошувачката и на емисијата на CO2 нашата политика за еко-концепција има за цел да ја оптимизира употребата на природни ресурси со внимателен избор на материјали кои се составен дел на возилото. На тоја начин се дава предност на намалување на влијанието врз животната средина кога не се употребува и зголемување на можност за рециклирање.

Пример: C3 Picasso

Од 170 kg полимери содржани во новиот C3 Picasso (без пневматици), околу 11% се “”зелени”” материјали :
– рециклирачки материјали ;
– материјали од природно потекло, дрво, растително потекло… ;
– биоматеријали, полимери кои не произлегуваат од петрохемијата туку од обновувачки извори.

Природните материјали се дел од полицата назад, гарнитурите во багажникот, паноата на вратите. Рециклирачка пластика е составен дел од калниците.

ISO 14001 Фабрики

02_Fabrication

Систем за управување со животна средина е воведен во секоја производствен погон. Имплементиран е меѓународниот стандард ISO 14001, светски признат стандард за управување и организирање.

Воведена пред десет години, постапката за сертифицирање која е започната од 2007 и до денес сите се сертфицирани според стандардот ISO 14001.

Автомобилската индустрија покрива повеќе активности: топилница, производство, железара, изработка на површина, боење, монтирање…:

1) Работилници за боја : од 1995, ги намаливме за повеќе од 50% емисија по возило на Органски компоненти кои испаруваат (COV) а кои произлегуваат од разредувачите на бојата.

2) Топилници : со примена на висока технологија и постојан развој за средства за контрола, особено ги намаливме емисијата на прашина од топилница.

3) Потрошувачка на вода: заштеда на вода е целта на секој производствен дел. Со оваа политика, од 1995, потрошувачка на вода е намалена за 2,5 пати по возило.

4) Вреднување на 94% на производствениот отпад: нашите фабрики генерираат околу 700 000 тони метален отпад годишно.

Постојан развој на мрежата

03_Réparation

Мрежата на Citroën активно учествува во плитиката за заштитана на животната средина на марката до крајот на животот на возилото.

Мрежата Citroën се обврзува на три критериуми :
– селектирање и собирање на автомобилскиот отпад во мрежата преку овластени организми ;
– Законска сообразност за мрежата со националните и европски правилници ;
– следење на отпадот и обезбедување на рециклирање.

Совесност и одговорност

Citroën го искористи Мондијалот во Париз во 2008 за воведување на постапката за заштита на животна средина “”GreenPact””. Неговата цел е: помош на комерцијалната мрежа на марката во согласност со развојот на законите за полесна контрола на влијанието врз животната средина.

Собирање и управување

Повеќе од 15 години, мрежата на Citroën имплементира организација која обезбедува собирање и обработка на возила кои не се употребуваат (VHU) во еколошки услови.

Елиминирање на возила надвор од употреба

Во делот на концепцијата на секое возило спаѓа и етапата за негово елиминирање на крајот од животот.  Секој елемент треба да се демонтира за време на етапа на уништување, посебна гама на демонтирање е создадена од страна на инженери на Citroën.