НОВА ХОМОЛОГАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА

Правилата се менуваат. Новата светска процедура за хомологација на возила, WLTP овозможува пристап до податоците за потрошувачка на гориво и на емисија на штетни честички најблизу до реалната употреба на возилото од нашите клиенти. Го заменува прогресивно NEDC. Со изборот на новите технологии, Citroën е подготвен за новиот задолжителен протокол на хомологација за сите патнички возила од септември 2018. *WLTP : Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure (Светска процедура за хомологација на патнички возила и лесни комерцијални возила) **New European Driving Cycle (Нов европски циклус на возење)
НОВ ПРОТОКОЛ WLTP
Протоколот WLTP се користи за хомологација на тип возила прифатени и одобрени од Европска унија. Воведува нов тест на циклусот и нова процедура за мерење на потрошувачка на гориво, емисија на CO2 и на штетни честички пропишани за лесни патнички возила * во стандардизирани услови (лабораторија).
Системот WLTP постанува задолжителен од 1ви септември 2018 во земјите од Европска Унија за сите нови патнички возила и најмногу за една година за нови комерцијални возила.
ОД NEDC ДО WLTP
WLTP има за цел да обезбеди подобра претставителност во реални услови на користење на возилата како и примената на најновите технологии за време на хомологацијата.
Дефинира стриктни услови на следење на тестовите како и подинамичен профил на возење во споредба со претходниот протокол NEDC од деведесеттите години. Новиот протокол се базира на реални податоци на возење додека NEDC се базираше на теоретски начини на возење .
WLTP дава прецизни вредности затоа што зема во предвид спецификациите на секое возило заедно со опционалната опрема која ја поседува која што и те како влијае на потрошувачката на гориво и на емисијата на CO2 .
СПЕЦИФИЧНОСТИТЕ НА WLTP
• Брзина
Тестовите WLTP се изведуваат при поголеми брзини: 46,5 km/h во просек, во споредба со 34 km/h во рамки на тестовите NEDC.
• Растојание
Тест растојанието кај WLTP изнесува 23,25 km, во споредба со 11 km кај претходниот протокол NEDC.
• Времетраење на циклусот
Времетраењето на циклусот на тестирање WLTP е исто така продолжено : 30 минути наместо 20 min кај NEDC.
• Начин на возење
Циклусот WLTP е многу подинамичен. Однесувањето во возењето е понервозно и пореално.
• Опрема
Мерењето на емисија се врши со цел да се направат прилагодувања на возилото особено во делот на тежина на опремата .
CITROËN И WLTP
Благодарение на изборот на интелигентна технологија и новиот правилник (SCR кај дизел и FAP кај бензин), Citroën е целосно подготвен за новиот протокол за хомологација WLTP кој најмногу се доближува до реалната употреба од страна на клиентите.
Впрочем, со цел секогаш навремено информирање на своите клиенти, Citroën ќе објави на својата веб страна потрошувачка на моделите од 2016 како и нивната емисија на NOx од март 2018 во реални услови на употреба, во рамки на протоколот дизајниран во соработка со ONG (T&E и FNE) и сертифициран од стана на трета независна организација (Bureau Veritas).
КАЛЕНДАР НА ПРИМЕНА
Од септември 2017 : WLTP официјално се применува кај сите типови нови возила
• Сите нови возила (модели на возила за првпат лансирани на пазарот) се тестирани според стандардите WLTP
• Возилата хомологирани според NEDC пред септември 2017 можат да се продаваат
Од септември 2018 : WLTP се применува кај СИТЕ нови регистрации на возила
• Сите нови возила треба да бидат тестирани согласно стандардите WLTP а не според NEDC
• Исклучок се прави за возила чие производство се привршува дозволена е продажба во ограничен број што преостанува да се продаде а кои се хомологирани според стариот тест NEDC
Од почеток на јануари 2019 во земјите на Европска Унија :
• Сите возила во продажните центри мора да имаат истакнато вредности на CO2 измерени единствено според WLTP
МЕРЕЊЕ НА ЕМИСИЈА ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ НА ВОЗЕЊЕ
Од септември 2018 во земјите на Европска Унија, покрај протоколот WLTP, производителите треба да ја измерат емисијата во реални услови на возење, нарачен RDE*, за сите нивни возила продадени во Европска унија како и во Швајцарија, Турција, Норвешка, Лихтенштајн, Израел и Ирска.
Citroën ги реализира овој тип на тестови со помош на системот PEMS.
*Real Driving Emissions (Емисија во реални услови на возење )
ТЕСТ RDE
За време на тестовите RDE, возило опремено со PEMS (Portable Emissions Measurement System) е управувано на јавен пат. Системот гарантира следење и контрола на емисија на шетни честички во реално време (азотни оксиди NOx и микрочестички PN) од автомобилот.
Добиените податоци се анализираат за проверка дали условите на возење ги задоволуваат потребите на RDE и дали емисијата е во прифатлива граница.
ЛЕКСИКОН
•Bureau Veritas
Bureau Veritas е e светски лидер во евалуацијата на сообразноста и сертфицираноста.
Групацијата PSA ја започна постапката, во соработка со две ONG пред се ангажирани за заштита на животната средина и за непречена мобилност и една организација за добивање на сертификат. Мерењата се вршат во рамки на протокол, издржлив и репродуктивен, одобрен од ONG T&E и FNE. Организацијата Bureau Veritas врши контрола и ја проверува сообразноста. Научна постапка која гарантира доверлива и сигурна информација.
• Euro 6
Европските стандарди за емисија, наречени евро стандарди се пропишани од страна на Европската унија и ги поставуваат максималните граници за емисија на штетни честички на возила во движење. Станува збор за прецизни и стриктни стандарди кои се применуваат кај новите возила.
Euro 6 е стандардот кој во моментов е валиден. Ги дефинира максималните вредности на емисија на микро честички и азотни оксиди кои се уште пониски од претходниот стандард Euro 5.
Од септември 2018, нормативата Euro 6 стапува на сила во две етапи : стандард Euro 6.2 (Euro6.d-TEMP). Налага емисија на микро штетни честички на уште пониско ниво од претходната норматива за возила со бензински мотор.
• FAP : Филтер за честички
Филтер за честички со моторите HDi, гарантира дополнително намалување на загадувачки честички кои се наоѓааот во издувниот систем за да стигнат до ниво на емисија најблизу до нулата.
Принципот на функционирање на FAP се состои од елементи од карбонати на силициум кои треба да ги запираат штетните честички при преминот во издувната цевка, а потоа периодично да ги согоруваат и елиминираат. Системот на регенерација на овој филтер е пилотиран од сметач кој гарантира самодијагностицирање на системот.
• FNE : Франција Природа Животна средина (France Nature Environnement)
Француска федерација на асоцијации за заштита на природата, животната средина се присутни на национално ниво. Околу 3000 асоцијации ја сочинуваат FNE.
• NEDC : Нов европски циклус на возење (New European Driving Cycle)
На сила е околу 20 години и воглавно се користи за мерење на потрошувачката на гориво и емисија на штетни честички од возилата, овој циклус е дизајниран за да се имитираат условите на европските патишта.
Бидејќи повеќе не е соодветен на актуелната примена на возилата, прогресивно е заменет со WLTP од септември 2018.
• PEMS : Мобилен систем за мерење на емисија (Portable emissions measurement system)
Вграден во секој автомобил, овој систем за мерење на емисија го анализира секој проток на издувен гас.
• RDE : Емисија во реални услови на возење (Real Driving Emissions)
Станува збор за нова процедура која овозможува мерење на емисија на штетни честички од примерот на азотни оксиди (NOx) и микро честички.
Како што сугерира и неговиот назив, RDE се мери на отворен пат во услови на реално возење , а не во лабораторија. Вредностите се добиваат благодарение на интелигентен апарат PEMS (Portable Emissions Measurement System) – систем за мерење на емисија поставен на задниот дел од возилото за време на тестирањето.
• SCR : Selective Catalytic Reduction
Со цел значително намалување на емисијата на штетните честички на возилото, течен амонијак наречен AdBlue®, се додава во издувниот систем на дизел возилата. Селективно намалување на катализаторот со AdBlue® овозможува намалување до 90 % на азотните оксиди. Значи останува само водена пареа, азот и CO2.
• T&E : Транспорт & Животна средина
T&E е европска асоцијација за животна средина специјализирана за воведување на политика на транспорт.
• WLTP : Светска процедура за извршување на тестови за патнички возила и лесни комерцијални возила (Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure)
Станува збор за нова процедура на тестирање која гарантира реална анализа за потрошувачка на гориво и емисија на CO2 на возилото. Од септември 2018, сите возила кои се првпат регистрирани треба да бидат сертифицирани според WLTP.
Стапување на сила на протоколот WLTP значи дека потрошувачката на гориво и емисија на CO2 наведени во спецификацијата на возилото се одраз на прецизни вредности добиени од ситуација на реално возење.
Најчесто поставувани прашања
• Што е тоа процедура на хомологација ?
Сите нормативни параметри, особено циклус на тестирање, овозможуваат хомологација на возилото. На тој начин специјална процедура на хомологација овозможува зпоредба на потрошувачката и на емисијата на CO2 во различни возила. Од 1992, NEDC (New European Driving Cycle) беше на сила и ќе биде заменет со WLTP за сите типови на возила од септември 2018 во земјите на Европска Унија.
• Зошто да се промени процедурата на хомологација ?
Претходната процедура NEDC не е доволно претставителна во делот на реална употреба од страна на нашите клиенти. Потрошувачката измерена од страна на WLTP, ќе биде најблиска до потрошувачката констатирана од нашите клиенти.
• Новиот стандард ги зема во редвид тежината на новата опрема, што не беше случај кај претходниот протокол. Како ќе се носите со ова ?
Масата на опремата е исто така земена во предвид во емисијата на CO2 определена според процедурата WLTP. Нашата мрежа, интернет страните на нашите марки поседуваат алатка за определување на емисија на CO2 во зависност од конфигурација на возилото/ изборот на опрема од клиентите.
• Кои се разликите во потрошувачката помеѓу стариот NEDC и WLTP ?
Потрошувачата според WLTP е поголема од потрошувачката измерена според NEDC за околу +25 до 30%. Влијанието зависи директно од работната зафатнина на моторот. Поголемата зафатнина има помала разлика во споредба со моторите со помала работна зафатнина.
• Дали потрошувачката на гориво ќе ми се зголеми при WLTP ?
Нема да има никакво влијание врз потрошувачката на вашиот автомобил, со новите вредности на WLTP. Процедурата на тестирање WLTP се преведува со вредност на CO2 g/ km повисока за истото возило во споредба со NEDC, затоа што е ригорозен и подолготраен тест – што значи дека WLTP ја одразува посоодветно актуелната сосотојба. Со други зборови, повисока вредност на CO2 не значи зголемување на потрошувачка на гориво, туку реална вредност на CO2 на тестираните возила.
• Кога ќе ги објавите новите вредности на CO2 ?
Правилникот налага од 1ви јануари 2019 вредностите на CO2 да се објавуваат според мерењата на WLTP.