ВО РИТАМОТ НА НАЈДОБРИТЕ

44-то рели на Велика Британија од 4 до 7 октомври 2018

ВО РИТАМОТ НА НАЈДОБРИТЕ

Долгогодишниот аспирант на тронот Craig Breen, се враќа во Веика Брицелосно задоволен од перформансите на C3 WRC и тоа на терен каде постојано треба да се менува начинот на држење со подлогата.

Релито на Велика Британија е едно најпосакуваните поради својата неизвеснот која се вози на земја целата натпопена со вода која дословно личи на нешто одвратно. Со десеттата и единаесеттата позиција на патот, во петокот, односно меѓу последните на WRC, Mads Ostberg и Craig Breen немаа никави предности (поволности). Но довербата во моторичноста и однесувањето на нивниот C3 WRC, му овозоможи на второнаведениот да биде во близок контакт со водачот на групата, завршуваќи го денот на шестато место со помалку од 13’’ од четвртопласираниот, додека Ostberg, пристигна како осми учесник. Во саботата Craig Breen ја потврди својата одлична подготвеност и на крајот од етапата подиумот му избега само за две секунди, откако оствари две најдобри времиња попладнето (ES 15 и 18). Благодарение на одлучните перформанси на екипата Mads Ostberg успеа да се искачи до петтата позиција, благодарение на еден scratch и неверојатна серија од три втори последователни времиња (ES 12, 13 и 14). Од ова може да се заклучи дека возачите на Citroën Total Abu Dhabi WRT одлучно ги напаѓаа првите позиции до последен здив! Ја започнуваа офанзивата рано наутро на терен крајно лизгав, и една мала грешка го оддалечи Breen од подиумот, но сепак успеа да си го зачува четврото место. Mads Ostberg, беше причина за една незгода, и мораше да се задоволи со осмата позиција.