ПОБЕДНИЧКИ ПОДИУМ ЗА C3 WRC ВТОРПАТ ПОСЛЕДОВАТЕЛНО!

ПОБЕДНИЧКИ ПОДИУМ ЗА C3 WRC ВТОРПАТ ПОСЛЕДОВАТЕЛНО!

Финално на третата позиција, Kris Meeke и Paul Nagle му го загарантираа на Citroën Total Abu Dhabi WRT второто последователно искачување на победничкиот подиум за оваа година со што се потврди одличната сезона за оваа екипа. Sébastien Loeb и Daniel Elena од своја страна пак завршија на петтата позиција и најавија успешно враќање во нивната омилена дисциплина.

Утринава на втората позиција со предност од 10’’9 во споредба со третопоставениот, Kris Meeke  се соочи со проблеми со сопирањето така што мораше да се спушти една позиција подолу. На целта успеа да ја сочува третата позиција со што си ја зацврсти позицијата на подиумот, прва за оваа година, а втора за Citroën Total Abu Dhabi WRT по онаа на Craig Breen во зимски тепмератури во Шведска. Британецот е рангиран четврти во класификација возачи.

FIA WORLD RALLY CHAMPIONSHIP 2018 -WRC Mexico (MEX) - WRC 08/03/2018 to 11/03/2018 - PHOTO : @World

Sébastien Loeb утринава стартуваше на втора позиција, на крајот од трката уживаше во последните километри извозени на земјена подлога со својот C3 WRC и трката ја заврши на петтата позиција.GM2018030257

C3 WRC е избран меѓу осумте финалисти со најдобро време што е доказ за високото ниво на перфоманси и доверба во возилото. Citroën Total Abu Dhabi WRT е за еден поен зад второрангираниот во класификација производители.

ИЗЈАВИЈА

Kris Meeke

” Очигледно имаме причини да бидеме задоволни од овој викенд, затоа што заработивме вредни поени за шампионатот а и за првпат годинава се искачив на победничкиот подиум.  Сепак малку жалам поради малите грешки кои ги направив овде во Мексико за коишто морав и да платам. Ќе дадам се од себе на Корзика каде одлично се боревме минатата година. «

Sébastien Loeb

«  За мене ова беше одличен викенд. Можеби малку жалам што не можев да си ги измерам силите со другите поради проблемот со пневматикот но се надевам дека ќе конкретизирам со одличен резултат на Коризика. “unnamed-12_0

ПРОВИЗОРНА ФИНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА

  1. Ogier / Ingrassia (Ford Fiesta WRC) 3h53’58’’0
  2. Sordo / Del Barrio (Hyundai i20 WRC) + 1’13’’6
  3. Meeke / Nagle (Citroën C3 WRC) + 1’29’’2
  4. Mikkelsen / Jaeger (Hyundai i20 WRC) + 1’48’’4
  5. Loeb / Elena (Citroën C3 WRC) + 2’34’’6
  6. Neuville / Gilsoul (Hyundai i20 WRC) + 9’13’’0
  7. Tidemand / Andersson (Skoda Fabia R5) + 10’34’’7
  8. Latvala / Anttila (Toyota Yaris WRC) + 15’47’’1

1229445-m92q5fciko-whr

КЛАСИФИКАЦИЈА ВОЗАЧИ

  1. Sébastien Ogier – 60 поени
  2. Thierry Neuville – 51 поени
  3. Andreas Mikkelsen – 34 поени
  4. Kris Meeke – 32 поени
  5. Jari-Matti Latvala – 30 поени
  6. Ott Tänak – 26 поени
  7. Esapekka Lappi – 23 points
  8. Craig Breen – 20 поени
  9. Dani Sordo – 18 поени
  10. Sébastien Loeb – 10 поени

КЛАСИФИКАЦИЈА ПРОИЗВОДИТЕЛИ

  1. Hyundai WRT – 84 поени
  2. M-Sport Ford WRT – 72 поени
  3. Citroën Total Abu Dhabi WRT – 71 поени
  4. Toyota Gazoo Racing – 67 поени

AV201803055