ЛЕКЦИИ НАУЧЕНИ ЗА ВО ИДНИНА

7то Рели на Турција, од 13 до 16 Сптември 2018

ЛЕКЦИИ НАУЧЕНИ ЗА ВО ИДНИНА

Без оглед што уште еднаш беше конкурентен, за жал C3 WRC – како многу од неговите ривали – страдаше во бруталните услови од овој викенд, неговата вообичаена сила е болно тестирана со константни оштетувања предизвикани од неверојатно груби етапи.

ПРИКАЗНА ЗА ТРАКАТА

Ова беше викенд на првите: првото Рели на Турција во шампионатот кое се одржува во новиот Marmaris hub и прв пат Craig Breen да води во WRC етапа. Ирецот беше најбрз на 38 километар од почетната етапа. Неговата смирен и пресметан пристап обезбеди тој понатаму да успее во утринскиот круг на второ место, само 6.3s зад лидерот, следен блиску од Mads Østberg на трето место, 8.2s од времето на трката и кој исто така имаше добар старт. Норвежанецот го постави своето второ најдобро време на SS3, само 2.1s зад лидерот на ша9мпионатот преку речиси дваесет и два километри. Сепак, и покрај водењето голема грижа да се избегнат најзначајните пречки, потоа и двата тима претрпеа несреќа собирајќи удари во текот на попладневниот круг. Додека Breen се врати на осмата позиција по два удари, Østberg, сеуште беше петти во тоа време, но се повлече за тој ден, кога тешките услови завршија со оштетување на потпирањето и голем проблем кој значеше дека и Khalid Al Qassimi исто така ќе испадне. Сепак, се потврди дека патиеките се дури и потешки во етапата која се возеше во саботата за новата генерација на WRC, чија издржливост никогаш не била тестирана до овој степен од нивното претставување минатата година. За жал, Citroën Total Abu Dhabi WRT не остана без оштетување. Мора да се каже дека патеките се распаднаа многу брзо, не можејќи да ја издржат моќта на WRC, со остри камења и други нагласени карпи кои се појавуваа на површината. Mads Østberg мораше да застане заради голем проблем додека Craig Breen, кој повторно се искачи на шесто место и покрај неговата неповолна позиција на патеката (2), мораше да се повлече од трката откако неговото возило беше зафатено од пламен и се запали. Во недела, трката заврши со попозитивен момент, сепак, со три последователни втори најдобри времиња за Mads Østberg, додека Khalid Al Qassimi обезбеди неколку поени во шампионатот за производители.