ЛЕКСИКОН

Дали го знаете двојното значење на WRC? Што претставува shake down? Која е намената на техничката служба? Се надеваме дека преку нашиот избор на клучни зборови, ќе успееме да ви овозможиме подобро да се запознаете со WRC.

FLEXI SERVICE*

WRC-Glossary-1_308x176

Сервисна услуга која се користи на крајот од денот во времетраење од четириесет и пет минути, процес со кој им се овозможува на тимовите да имаат доволно време за секое возило поединечно, за разлика од сервисирање на две возила истовремено. Со ова се овозможува ефективно распределување на сите механичари на кои им е дозволено да работат на автомобилот (најмногу осум по тим од две возила како Citroën Total World Rally Team).
* флексибилен сервис

ЗАБЕЛЕШКИ

WRC-Glossary-2_308x176

Ова е код кој се користи од страна на екипите со цел да се опише профилот на временските фази во тркатите на викенд програмата. За време на ,,снимањето”, возачот го пренесува неговиот увид на патот на неговиот совозач, користејќи термини и јазик што се својствени за нив. Совозачот ги бележи сите упатства во тетратка. За времетраење на трката, совозачот му ги чита овие белешки на возачот, за да го води и да му дозволи да вози што е можно побрзо.

 

ЕКИПИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

WRC-Glossary-3_308x176

На четирите асфалтни собири закажани во WRC календарот (Монте Карло, Корзика, Германија и Каталонија), екипите со предност се поддржани од екипа за безбедност, воглавно составена од поранешни возачи и совозачи. Опремени со копија од забелешките на екипата за која работат, ги завршуваат етапите однапред и известуваат за какви било промени во површината на патот и условите што се случиле по ,,снимањето”. Тие го прават истото меѓу првата и втората патека низ етапите за време на трката.

 

ПРОСТОР ПРЕДВИДЕН ЗА СЕРВИСИРАЊЕ

WRC-Glossary-4_308x176

Ова е местото на кое екипите кои се натпреваруваат ги поставуваат своите технички и услужни структури. Возилата овде се враќаат во редовни временски интервали помеѓу етапите за менување пневматици, следење на поставките на возилото и за механички поправки. Иако екипажите можат да интервенираат во секое време со опрема и делови со кои располагаат, не е дозволена надворешна помош надвор од просторот предвиден за оваа намена. Вообичаено, возилата имаат предвиденo петнаесет минутна услуга во утринските часови пред започнување на етапите, четириесет минутна интервенција во средина на денот, додека за вечерните часови четириесетипет минутна услуга. Дозволено е да интервенираат само механичари кои на својата рака носат лента (четири по автомобил).

POWER STAGE

WRC-Glossary-5_308x176

Со овој термин се опишува една етапа од самото рели, обично завршната, која се емитува во живо на телевизија, во која се доделуваат бонус поени на водечките екипи. Најбрзиот возач во оваа пригода освојува пет поени, вториот четири, и така натаму, сè до петтиот најбрз возач, кој освојува еден поен.

 

RALLY 2

WRC-Glossary-6_308x176
Екипата што во текот на денот се откажала од трката, може да ја продолжи истата следниот ден, но со тоа ќе добие и по седум казнени минути за секоја пропуштена етапа (додека 10 минути, ако напуштањето се случи во финалниот круг на етапата ).

 

 

СНИМАЊЕ (RECCE)

WRC-Glossary-7_308x176

Вторник и среда се денови пред секое рели кога екипажите продолжуваат со ,,снимање”, познато како ,,recce”. Во текот на двата дена, со надоградени возила (арматура за зајакнување, потпирање, сопирачки …) по два пати ја поминуваат предодредената патека со ограничена брзина (најмногу со 80 km/h ), сè со цел внимателно бележење на сите карактеристики на патот, агол по агол.

SHAKEDOWN

WRC-Glossary-8_308x176

Со овој термин се опишува тест-сесијата која се организира во четвртокот пред почеток на рели трката. Етапата се одржува на патишта кои треба да бидат слични на оние што се користат за време на настанот. Сите екипи задолжително треба да ја поминат патеката трипати.

 

STAGE*

WRC-Glossary-9_308x176

Се однесува на делови од патот затворени за сообраќај, каде што екипите во период од две или три минути натпреварувајќи се една со друга, се трудат да остварат што е можно подобро време. Со цел навремено пристигнување до различните етапи, екипите ги користат локалните патишта. Поради тоа, екипажите мораат да се придржуваат кон одредени сообраќајни правила. Исто така, во одредена временска рамка тие се приморани да го завршат овој дел од патеката. Доколку дојде до предвремено или задоцнето завршување на овој дел (истите се казнуваат временски). Па затоа, релито претставува серија од временски и просторни делови, во кој конечниот пласман се одредува со збир на времето од секоја фаза, како и казненото време. *Етапа

SUPER SPECIAL STAGE

WRC-Glossary-10_308x176
Се работи за организација на блиц етапи, најчесто во централното градско подрачје, со цел поблизок контакт на самите учесници со фановите на рели тркитe.

 

 

WRC

WRC-Glossary-11_308x176

Термин кој е ознака за ,,World Rally Championship” и за возилата кои учествуваат на ,,World Rally Cars”. Возилата кои учествуваат во WRC се најсофистицирани, со 1.6 турбо мотор кој развива околу 400 коњски сили, а тежи 1190 kg. Тие се опремени со полуавтоматски, секвенцијален менувач опремен со значителни аеродинамични карактеристики.