ИСТОРИСКА ПОБЕДА !

ИСТОРИСКА ПОБЕДА !

79- та победа во нивната богата кариера во рели трките и на финишот на една луда трка, Sébastien Loeb и Daniel Elena ѝ обезбедија на екипата Citroën Total Abu Dhabi WRT успешен повраток на сцена, со потврда на вредностите на екипата која всушност и никогаш не згасна.

Во својата досегашна кариера Sébastien Loeb само еднаш има направено вешто салто наназад и тоа откако се качи на победничкиот подиум на рели трката Tour de Corse 2004 кога ја прослави својата прва светска победа. Овој некогашен гимнастичар, вчера повторно го направи истото салто, за да ја потврди историската победа, откако се врати со скратено работно време на рели трките, шест години по последната комплетна сезона во дисциплината. Дотогаш имаше осум последователни победи (од 2005 до 2012) a на овие патеки се враќа дури од 2012. По освоени три најдобри времиња во Мексико, потоа уште три исти такви на Корзика, многу лесно можеше да се предвиди овој настан.

Неговиот верен асистент Daniel Elena, целосно му се посвети на деветкратниот светски шампион на спeцијалите за да се надмине себеси: уште еднаш ја докажа својата прилагодливост, со прогресивно подесување на неговиот C3 WRC со екипата, поставувајќи се на четвртата позиција, со само 0’’5 од третиот и 3’’4 од вториот, уште на првата етапа на земјена подлога. Во одлучувачката специјала La Fatarella – Vilalba (38,85 km) успеа на освои трето време (+2’’0), а потоа и второ време (+2’’9).

Во меѓувреме, Craig Breen, со солидно петто време на само седум десетинки од шампион-колега од неговата екипа, поради непријатна ситуација се постави на осмата позиција. Сепак, саботата беше најтешка за Loeb, поради неопходното пронаоѓање на старите репери, овојпат на екстра влажен асфалт, услови со кои не се соочил во последните пет години. Веднаш успеа да се наметне над сите: по првиот круг посветен на опсервација, еден scratch во ES 12 (21,26 km), една од најсилните битки за трофејот, успеа да се истопори на третата позиција, со само 3’’3 зад вториот и 8’’0 зад првиот. За жал Craig Breen мораше да се спушти до деветтата позиција, поради две нови непријатни ситуации.

Последната етапа беше одлучувачка за освојување на финалниот подиум, а Citroën Total Abu Dhabi WRT уште од рано наутро се подготвуваше за победничките ѕвона! Екипата очекуваше осушување на каталонските патеки, Sébastien Loeb беше единствениот со четири slicks со тврда гума во првиот круг. Два scratch-а подоцна, ги превзема командите во втортата половина од денот со 7’’1 предност пред вториот! Покрај малиот крик на моторот на кружниот тек ES 17, мештанинот на Алзас одлично се држеше до крајот и си загарантира предност од 2’’9, 79-та победа во својата кариера во WRC, пет години по последната трка (Аргентина 2013). Неверојатен перформанс на Црвените и првата победа во сезоната, 99-та победа во долгогодишната епопеја на светски шампионат на рели трки. Craig Breen ја заврши трката на деветтата позиција, а Khalid Al Qassimi го одбележа последното учество на дваесет и првата година, со успеси на земјена подлога и стекнато искуство на асфалт.