FIA WRC

World Rally Championship - WRC (Светскиот рели шампионат) е основан 1973 од интернационалната автомобилска федерација (Automobile Federation - FIA). Титулата на светскиот шампион за конструктори се доделува уште од 1973. И двата шампионата, за возачи и совозачи се основани во 1979.

КАЛЕНДАР ЗА WRC 2019

Large-photo-0-FIA_555x318
14 КРУЖНИ ТРКИ ВО СВЕТОТ

Сезоната на FIA WRC 2019 започна на 24 јануари во Монте Карло. Ќе заврши на 19 ноември 19 во Австралија.
Годинава, во шампионатот е вметнат нов настан: релито во Чиле.
Следете ги сите Citroën WRC вести на нашата интернет страница или нашите социјални мрежи.

СИТЕ ВИДОВИ ТЕРЕН

ОД ПАТЕКИ НИЗ СНЕЖНИ ШУМИ ДО КАРПЕСТИ ПЛАНИНСКИ ПРЕВОИ

 

Large-photo1-FIA_555x318Трка 1: Rally Monte-Carlo (24 – 27 јануари)
Од  регионот на Алпите до ридовите над Ница, најстарата рели трка на светот се одвива на прекрасните патишта на југот од Франција. Главната тешкотија се временските услови, кои може да бидат непредвидливи во ова време на годината.
Прочитајте ги вестите

Small-photo2-FIA_308x176Трка 2: Rally Sweden (14 – 17 февруари)
Иако се одвива на ледена површина, Rally Sweden е една од најбрзите на сезоната благодарение на прилепувањето кое се постигнува со специјалните гуми за мраз. Додека возачите може да се „потпрат“ на ѕидовите од стврднат снег, исто така може лесно и да се заглават во нив…
Прочитајте ги вестите

Small-photo3-FIA_308x176Трка 3: Rally Mexico (7 – 10 март)
Со бројни планински патеки и фантастична атмосфера, Rally Mexico низ годините стана WRC класика.
Прочитајте ги вестите

 

 

Small-photo4-FIA_308x176Трка 4: Tour de Corse (28 – 31 март)
На календарот за настани на FIA WRC од 2015, Tour de Corse е трка која се одвива најмногу на асфалт. Рели трката ни овозможува да ги откриеме убавите пејсажи на „Островот на убавината“.
Прочитајте ги вестите

 

 

Small-photo5-FIA_308x176

Трка 5 : Rally Argentina (25 – 28 април)
Ценета заради прекрасните пејсажи и амбиентот кој се создава од страна на вљубениците во мотоспортот “aficionados”, Rally Argentina е петтата етапа од FIA World Championship.

 

 

Small-photo6-FIA_308x176

Трка 6: Chile Rally (9 – 12 мај)
Со главните патеки на земја, овој нов настан на WRC има многу изненадувања за нас.

 

 

Small-photo-7-FIA_308x176

Трка 7 : Rally Portugal (30 May – 2 јуни)
Со многу чакал и силна доза на спектакл, Rally de Portugal е без двоумење еден од најпопуларните настани во сезоната.

 

 

Small-photo8-FIA_308x176

Трка 8 : Rally Italia Sardegna (13 – 16 јуни)
Брзите и тесни патишта, опколени со грмушки, дрвја и камења, не оставаат апсолутно никаков простор за грешка од странаа на возачите кои се натпреваруваат во Sardinia.

Прочитајте ги вестите

 

 

Small-photo9-FIA_308x176

 

Трка 9 : Rally Finland (1 – 4 август)
Брза и на високо техничко ниво, симболичната Rally Finland е една од најтешките во годината, каде не се толерираат грешките на совозачите.

 

 

Small-photo10-FIA_308x176

Трка 10 : Rally Deutschland (22 – 25 август)
Rally Deutschland е окарактеризирана како најтешка трка на асфалт на крајот од сезоната, а дополнително тука се и непредвидливите временски услови, што создава тешка задача – да се избере вистинскиот тип пневматици.

 

 

Small-photo11-FIA_308x176

Трка 11 : Rally Turkey (12 – 15 септември)
На работ од Средозамното море и планинските патишта , натпреварувачите на WRC ќе се соочат со „грубата„ подлога на релито главно со чакал”

 

 

Small-photo12-FIA_308x176

Трка 12 : Wales Rally GB (3 – 6 октомври)
Wales Rally GB генерално е студен, влажен и магловит настан, што континуирано допринесува за фасцинирачки спектакл.

 

Small-photo13-FIA_308x176

Трка 13 : Rally RACC – Rally de Espana (24 – 27 октомври)
Со два дена на асфалт и еден ден од етапите на чакал, Rally de España е единствен настан кој им наметнува карактеристичен возен стил на тимовите.

 

Small-photo14-FIA_308x176

Трка 14 : Rally Australia (14 – 17 ноември)
Rally Australia е јасно „најегзотината“ во сезоната, создавајќи многу изненадувања за возачите. Тоа е последната трка на сезоната 2019.

КАКО ФУНКЦИОНИРА WRC RALLY?

Large-photo-15-FIA_555x318

Главната раазлика помеѓу трките на Светскиот рели шампионат е типот на теренот. Во зависност од државата, настаните се организираат на чакал, асфалт или снег.
Настрана од оваа разлика, секое рели се организира во ист манир, како што следи:
. Вторник и среда: првите два дена се посветени на „снимање“ и им се овозможува време на екипите да ги запишат своите забелешки и да ја проценат маршрутата.
. Четврток: “shakedown”, сесија на тестови во реални услови пред почетокот на трката.
. Петок, сабота и недела: трката, со последователни 15 до 25 етапи каде возачите се натпреваруваат еден против друг.
„Етапа” се однесува на сегметнт од патеката (затворена за сообраќај) која возачите ја совладуваат една по една со најбрзо можно време. Времето на возачите се мери до десетинка од секунда.
За да му помогне на возачот, совозачот му ги чита забелешките, кои се впишани за време на снимањето, особено информирајќи го возачот за условите на патеката.
Помеѓу етапите и кога се упатуваат кон просторот предвиден за помош, возилата кои се натпреваруваат користат патишта отворени за сообраќај и поради тоа мора да ги почитуваат правилата на автопатот.
Приодот кон просторот предвиден за помош е строго регулиран (времиња, време за асистенција на механичарите итн.). Ако поправките и прилагодувањата на возилата треба да се направат надвор од предвиденото место за помош, само возачите и совозачите се авторизирани да ги изнесат, а можат да користат само опрема која се наоѓа складирана во возилото.

Погледнете го Лексиконот

 

ТИМОТ НА CITROËN WRC НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

# C3WRCLIVE СЕ ЕМИТУВА ЕДНАШ ДНЕВНО,  ОД ВТОРНИК ДО НЕДЕЛА ЗА ВРЕМЕ НА СЕКОЕ РЕЛИ

 

Small-photo16-FIA_308x176Следете нѐ на Facebook

Следете нѐ на Instagram

Следете нѐ на WhatsApp

Следете нѐ на YouTube

Следете нѐ на Twiter