CITROËN RACING WRC 2018

CITROËN RACING WRC 2018

Премиерно претставен на средината од 2016, новиот Citroën C3 веднаш се наметна со својот карактер од изразени бои, кои истовремено се одраз на модернизам, издржливост но и на енергичност.

Истиот изразен и афирмиран карактер е преточен и во Citroën C3 WRC, кој по десетмесечни ригорозни и интезивни тестови премиерно беше лансиран на почетокот од 2017, и достоинствено ги носи боите на Citroën на трките во Светскиот рели шампионат. Иноваторски настроен, истовремено најавуван како вистинска атракција за сезоната 2017 и новитет во WRC натпреварите. Со своите високо изразени перформанси и доверливост, а благодарение на послободната регулатива, овој автомобил целосно ги задоволува очекувањата и правилата на натпреварите. Со својот авантуристички дизајн, кој е резултат на исцрпна и посветена изработка на аеродинамичноста, оптимална сигурност особено при странични удари, како и присуство на најнови технологии, сосема природно ги заслужува епитетите и вредностите својствени за марката: Optimistic, Human и Smart. Овие атрибути карактеристични за Citroën, се искористени и применети при прецизната изработка и дизајнирање и на новиот Citroën C3 R5. Неговата комерцијализација е предвидена за 2018, а ќе претставува нов производ наменет за трки за клиентите на Citroën Racing чии тестови започнаа кон крајот на летото 2017. Citroën C3 R5 беше анагажиран на отворањето на Рели во Вар кон крајот на минатата година, каде успешно ги помина тестовите на една вистинска трка, на специјалите на планинските патеки на Мор, кои важат за најпребирливи трки на француска територија. Како и неговиот роднина C3 WRC, C3 R5, исто така е опремен со турбо моторот 1600 со директно вбризгување како и идентичните перформанси од сезоната 2017 на Citroën Total Abu Dhabi World Rally Team. Негова цел е да постане репер во една категорија каде особено е изразена конкуренцијата.  Првичните резултати од тестовите се доказ дека се наметнува достоен наследник на своите двајца постари роднини.

 

Преземете ја брошурата со детали за сезоната 2018