September 17, 2018

C3 WRC ЈА ЗАПОЗНАВА ТУРЦИЈА

7-то Рели на Турција, од 13-ти до 16-ти септември

Во втората половина од сезоната, C3 WRC ја запозна Турција, земја каде се прослави неговиот постар брат, Xsara WRC, и ја запиша својат прва победа на марката во WRC, и каде седми пат по ред се вози еден дел од светското рели. За да ја одбрани честа, Citroën Total Abu Dhabi WRT довербата им ја даде на Craig Breen – Scott Martin, Mads Ostberg – Torstein Eriksen и Khalid Al Qassimi – Chris Patterson.

МАРМАРИС – ПОЈДОВНА ТОЧКА

Ерупцијата на исландскиот вулкан Eyjafjöll во 2010, и последиците врз воздушниот сообраќај, направи сѐ за да го задржи караванот на WRC во Турција, но оттогаш ја немаше посетено оваа земја. За неговото враќање оваа година, светскиот шампионат во рели одлучи да ја започне авантурата во Мармарис, СПА центар на реката, трета појдовна точка по Кемер (2003, 2004, 2005, 2006 и 2008) и Истанбул (2010). И покрај карактеристиките на патот и проблемите, оваа патека е рангирана помеѓу Патеката во Сардинија и Акрополскиот огин и е многу поразлична од порано. Учесниците ја оценуваат патеката на прв поглед и од техничка гледна точка , како преполна со измазнети камења, кои негативно влијаат врз пневматиците, а температурите екстремно и невообичаено високи. Во етапата за запознавање, екипата на Citroën Total Abu Dhabi WRT немаше време за одмор и мораше да прибира белешки кои ќе им помогнат за адаптација и импровизација. Покрај ова, марката има рекордни број на победи во оваа земја, со четири победи во шест илјадатинки во рамки на WRC.

ГОЛЕМ УЛОВ НА СТАРТОТ

Екипата посебно се подготви за оваа работа и изведе три тест возења на пистата Од (Aude), позната како најтешка помеѓу тест патеките. Mads Ostberg и Craig Breen се обидоа да извлечат максимум од нивната позиција на оддалечен старт за првиот ден ( 8-ми и 9 ти на патот), со надеж на четврто качување на подиумот за оваа сезона, Khalid Al Qassimi го имаше своето трето појавување сезонава, со цврста намера д стигне до помоќен мотор за неговиот C3 WRC. По една супер-специјала во град четвртокот навечер, вo петокот воведната специјала Çetibeli и нејзините 38 километри, односно најдголата патека за викендот, требаше да ја воведат екипата во една трка преполна со изненадувања …