САЕМ ВО ЖЕНЕВА 2015 : DS ВЛЕГУВА ВО НОВА ЕРА

Марката DS со специјален настан на Саемот во Женева ќе го претстави Новиот DS 5 како светска премиера. Со овој автомобил, Марката DS започнува нова ера ! Нов изглед на лицето напред - DS Wings – ефикасни мотори, технологии ‘high-tech’ знаење кое е својствено за луксузните производители, новиот DS 5 е спој на ‘потрага по генијалност’ и ‘храброст’. Оваа интернационална средба е повод за DS, новата марка премиум да ја реафирмира својата амбиција: да му овозможи на францускиот автомобил да се нурне во светот на високата гама. Настанот ќе се одржи во шестата хала во Палекспо од 5 до 15 март 2015.
Премиерно марката DS ќе биде претставена одделно на 85то издание на Меѓународниот саем на автомобили во Женева. На ексклузивен и луксузен штанд, марката ќе ги прикаже своите најнови креации и својата понуда од софистицирани услуги.
Покрај новиот DS 5 и concept-car DIVINE DS, посетителите ќе бидат сведоци на две изненадувања кои се специјално резервирани за фановите на автомобилите.
НОВИОТ DS 5 : ИНКАРНАЦИЈА НА МАРКАТА DS
Претставен премиерно на Саемот во Женева 2015, Новиот DS 5 – адмиралскиот брод DS –новиот изглед на лицето напред го креира новиот идентитет на Марката DS !
Авангарден стил, динамично однесување, ексклузивност и избор на технологии ‘high-tech’, новиот DS 5 ги поседува сите атрибути на модерни автомобили DS.
Неодминлив елемент за секој премиум автомобил: изгледот на лицето напред. Овој елемент кај Новиот DS 5 нуди поголем статус и карактерност. Се одликува со вертикално поставена маска со централно поставено лого на DS – овој вид на маска е наречен DS Wings, – и светлата Ксенон Full LED.
Во внатрешноста, клиентот има на располагање екран на допир од најнова генерација како и избор од пет мотори со високи перформанси и поголема моќност (вртежен момент кој може да достигне до 400 Nm во зависност од моторите) и енергетска ефикасност (со емисија од 100 g/km односно 90 g/km во зависност од моторот).
DIVINE DS : ИДНИНАТА НА МАРКАТА DS
Претставен на Мундијалот во Париз 2014, concept-car DIVINE DS е вистински концентрат на генетикита на марката и нејзината иднина. Дизајниран и креиран во Париз, стилски израз на ексклузивност и технологија. Се карактеризира со компактен изглед, со четири врати, моќен стил со изразен графички потпис. Оригинален и уникатен ентериер со храбра морфологија. Високо-технолошки предмет, DIVINE DS поседува фарови Laser, спојлери кои се подигнуваат до ниво на задното стакло со цел оптимизирање аеродинамичност, надгледување кон назад со помош на камера, ‘cockpit’ кој е целосно дигитален …
DIVINE DS го воведува и концептот на ‘Hypertypage’ кој се преведува со меѓусебно менување на ентериер, кои истовремено се ултра модерни и уникатни : Париска мода (‘Parisienne Chic’), Мажјак (‘Mâle’) и ‘Фатален панк ( Fatale Punk’).
НОВИ СОФИСТИЦИРАНИ УСЛУГИ
Автомобилите DS се виско-технолошки предмети со уреди за поврзување лесни за употреба целосно посветени на клиентот со:
- Нов екран осетлив на допир за сите автомобили DS во првото полугодие од годината. Екранот кој ќе биде монтиран кај новиот DS 5 е компатибилен со услугата New Mirror Screen, со што клиентот има директен пристап до компатибилните апликации од својот смартфон.
- DS Connect Box, нуди иновативни услуги создадени да одговорат на очекувањата на клиентите на марката во смисла на сигурност, заштеда на време, буџет и комфор. Сите овие услуги функционираат со помош на модулот GPS и вградена картичка SIM во возилото.
На располагање се четири услуги:
Пакет SOS & Assistance : автоматско повикување помош или стапување во контакт со платформата за помош со едноставно притиснување на копчето « SOS ».
Пакет Monitoring : виртуелна сервисна книшка како и совети за користење на автомобилот.
Пакет Mapping : локализирање на возилото со приказ на маршрути и информации за користење доколку возилото е изнајмено.
Пакет Tracking : геолокализација 24h седум дена во неделата во случај на кражба.
- И најновата мобилна апликација – наречена MyDS – компатиблина со iOS/Androïd. MyDS ги групира сите функционалности за: слободно паркинг место, наредно редовно одржување на возилото, пристап до сервисната книшка и прирачникот за употреба, …. Цел ? Да го придружи клиентот во неговите патувања и да му понуди интуитивни и иновативни услуги. Со MyDS, клиентот располага со сите информации кои му се потребни за неговото возило како и услугите што ги нуди автомобилот DS.