CACTUS M

Légende ci-dessous
CACTUS M

За време на интернационалниот Саем на автомобили во Франкфурт, CITROËN премиерно ќе го претстави концепт автомобилот инспириран од Méhari: CITROËN CACTUS M. Со овој нови концепт автомобил, CITROËN предлага реинтерпретација на «outdoor» C4 Cactus преку една варијација на свежина и оптимизам. Инаку, дизајнот е вистинска уметност на живеењето која ја искажува CITROËN поставувајќи ја разонодата во центарот на доживувањето за време на возењето. Удобно на секаков терен и во секаква ситуација, концептот CACTUS M ги искажува слободата, бегството од стегите и доброто чувство.

 

  • Crossover на отворено. Како што веќе навикнавме на карактерот на CITROËN C4 Cactus, стилот на концепт автомобилот CACTUS M е уште поотворен кон авантури и ја потврдува блискоста со концептот CITROËN Aircross кој беше претставен во Шангај во месец апри. Неговите крила се извајани околу тркалата со што го прави  понабиен и помускулест. Исправената шофершајбна, зголемената висина од тлото и зголемениот дијаметар на тркалата ја засилува неговата персоналност насочена кон разонода. На страничните делови, вратите од пластика ја намалуваат тежината, ја зголемуваат заштитата и го обележуваат автомобилот. Ваквата концепција потсетува многу на славниот Mehari, кој ја имаше истата филозофија на возило за секаде. Конечно, внатрешноста е комплетно отворена и овозможува лесен пристап до двете седишта на задната клупа со пречекорување на страничниот дел и со потпирање на вметокот на задната полица; нема повеќе препреки помеѓу патниците и светот кој ги опкружува.
  • Строг и насочен кон разонода. По својата концепција, CITROËN CACTUS M ја поставува разонодата во ср’жта на доживувањето при возење и всушност, вистинската уметност на живеење. Дизајнот на ентериерот совршено ја отсликува употребата на технички материјали отпорни на активности на отворено. За употрееба на отворено без компромис, целата внатрешност може да се мие со вода, благодарение на одводите, вградени во празнината под нозете. Инспирирани од светот на сурферите, седиштата се осмислени како комбинезони и се покриени со ткаенина од неопрен во боја, што нуди удобност и водоотпорност. CITROËN CACTUS M исто така, се разликува по модуларноста, која особено се гледа преку обрачот на кровот кој им овозможува на патниците да го понесат сиот свој багаж (wakeboard, даска за едрење, за сурфање …). Сè за да се обезбеди удобност и смиреност на духот.
  • Удобност на секаков терен. CITROËN CACTUS M е создаден за со него да се избега, да се истражува, да се откриваат нови територии. За каква и да е активност да станува збор, под какви и да се надворешните услови и условите на патот, сè е осмислено за да се обезбеди спокојството на патниците. На секаков терен, Grip Control, овозможува да се добие оптимално прилепување и мирно да се вози по „борбените патеки“. CACTUS M, ја претставува и слободата, затоа што, благодарение на модуларноста на неговата внатрешност која може да се трансформира и во кревет, и на покривката на кровот, истиот се претвора во шатор. Покривката, исто така, благодарение на иновативниот систем на пумпање, нуди подеднаква заштита во случај да заврне. CITROËN CACTUS M, ја поседува сета потребна технологија и ја обединува со опремата која се користи на C4 Cactus (таблет на допир, командна табла easypush…).

Концептот CACTUS M e современа реинтерпретација на вредностите кои доведоа до создавање на Méhari. Удобност, добросостојба, разонода, кои отсекогаш се одлика на CITROËN.