Бензинскиот мотор Turbo PureTech од Групацијата PSA : Мотор на годината 2018

На дваесеттото издание од церемонијата Engine of the Year Awards четврта година последователно за мотор на годината е избран бензинскиот мотор со три цилиндри Turbo Pure Tech 110 S&S и 130 S&S и тоа во категорија 1L до 1.4L.
Фамилијата на бензински мотори со 3 цилиндри е потпишана од Групацијата PSA. Новата генерација на мотор PureTech со подобрени перформанси и зголемена ефикасност а намалена потрошувачка.
Овие мотори гарантираат :
• Намалување на потрошувачка во просек за 4% во споредба со претходната генерација на мотори;
• Намалување од 75% на емисија на честички благодарение на GPF и почитување на стандардите RDE предвидени да стапат на сила од 2020 значи три години порано;
• Се адаптира на новата платформа CMP за урбани возила, лимузини и компактни SUV.
Овие бензински мотори од нова генерација за прв пат се вградени во 2017 и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 држави. Овие мотори ги почитуваат европските регулативи Euro 6.d-temp
Во моментов трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел и во кинеската Ксианд Јанг. Поради зголемување на капацитетот на на француските фабрики во Тиши, Полска и Шентгодар во Унгарија од 2019-2020 овие мотори PureTech ќе се произведуваат и во овие фабрики.
По овој повод, Алан Рапозо, Директор на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата PSA, изјави : ” Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање.Денес, овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор PureTech, е светски позната и призната.