June 6, 2016

Втора последователна година, бензинскиот мотор со три цилиндри турбо PureTech ја доби наградата " мотор на годината 2016 " во својата категорија

Втора последователна година, бензинскиот мотор со три  цилиндри турбо PureTech ја доби наградата " мотор на  годината 2016 " во својата категорија

На први јуни 2016 по повод 18-то издание на меѓународната манифестација Engine of the Year Awards во Штутгард, жирито составено од новинари од целиот свет му ја додели наградата за Мотор на годината 2016 на бензинскиот мотор со три цилиндри turbo PureTech 1.2L дизајниран од Групацијата PSA во категорија мотори со зафатнина од 1L до 1.4L. Оваа награда втора година по ред се доделува на мотор кој е произведен во француските фабрики за механика во Дуврен ( Па- де- Кале).

Збогатување со нова генерација на бензински мотори од групацијата PSA

Комерцијалниот успех на оваа фамилија бензински мторои со три цилиндри и гарантира на Групацијата PSA зголемување на своите производствени капацитети за енергетски пренос. Од 2014 се произведени о колу 370 000 мотори turbo PureTech во фабриката во Дуврен. До 2018, годишниот потенцијал на производство ќе достигне 670 000 мотори благодарение и на дополнителните капацитети на производствените погони во Тремери ( Мозел).

Намалување на потрошувачка на гориво и на емисија на CO 2 , а оптимизирање на перформансите на возилото

Бензинскиот мотор со три цилиндри turbo PureTech гарантира намалување на потрошувачка и емисија на CO 2 за 18% во споредба со верзиите на бензински мотори со 4 цилиндри. Овој мотор е вистински рекордер во делот на економичноста на потрошувачката: првиот рекорд дојде од Европа каде во 2014 беше на прво место по економичноста на потрошувачката кај возилата со механички менувач, и вториот рекорд кој дојде од Кина оваа година кога модел со автоматски менувач измина 1878 km со едно полнење на резервоар остварувајќи рекорно ниска потрошувачка од 2,93L/100 km. Овој мотиор гарантира одличен компромис во сооднос на вртежен момент при ниски режими / моќност (130 КС со вртежен момент од 230 Nm). Моторите 1.2 PureTech 110 КС и 1.2 PureTech 130 КС се дел од возилата од сегментот B и C. Лансиран во март 2014 кај Citroën C4 Picasso, моторот PureTech е вграден во повеќе од 60 модели низ целиот свет.

По повод доделување на наградата, Кристијан Шапел, директорот на секторите за мотори и шасии во групацијата PSA, изјави: " Оваа награда која втора последователна година се доделува на Групацијата PSA е доказ за технолошките перформанси на групацијата за оптимизирање на моторите и намалување на влијанието врз животната средина гарантирајќи истовремено исклучителни перформанси "